На сесијата на која учесниците разговараа за политичките пристапи што администрацијата на идниот американски претседател Џо Бајден може да ги примени на Западен Балкан, поранешната американска државна секретарка Медлин Олбрајт рече дека Вашингтон треба да се фокусира врз воспоставување посилна соработка со ЕУ и зајакнување на борбата против корупцијата на Балканот, која го поткопува владеењето на правото.
„Идната администрација на САД треба да го поддржи демократскиот развој на Западен Балкан. Се надевам дека тие ќе имаат партнер во администрацијата на Бајден. Тој беше ангажиран на Балканот за да се стави крај на конфликтот. Тимот што го предложи е многу професионален и може да им помогне на земјите да го зачуваат мирот“, рече Олбрајт.
Видете и ова: Рикер со охрабрување до Скопје и ЕУ да се бара решение за билатералните прашања надвор од интеграцијата во ЕУТаа се осврна и врз блокадата на Бугарија врз Северна Македонија за почеток на преговори со ЕУ.
На прашање од конгресменот Грегори Микс како новата администрација треба да работи со Брисел за земјите аспиранти во ЕУ да не останат во чекалницата поради своите соседи, со оглед на блокадата што Бугарија ја постави за Северна Македонија поради прашања за националноста и јазикот, Олбрајт рече:
„Мислам дека е целосна трагедија тоа што по долгото време потрошено на решавање на прашањето за името со Грците, Бугарите, за ќарување поени на домашната политичка сцена, истакнаа такви барања за Северна Македонија“.
Берлин разочаран, а за Скопје бугарското вето за ЕУ е геостратегиска грешка
Олбрајт додаде дека сега треба да се постави прашањето како Бугарија ги исполнува своите обврски кон ЕУ. Таа изјави и дека американската стратегија треба да овозможи помош на државите во реформските процеси, но и да изврши притисок врз оние кои не спроведуваат реформи.
Русија и Кина носат нестабилност на Балканот
Олбрајт оцени дека Балканот денес е помирен отколку пред 25 години, дека „земјите не се распаднале“, дека сакаат членство во ЕУ и се залагаат за зајакнување на односите со САД, но и дека корумпираните лидери користат национални теми за да останат на власт, додека Русија и Кина „носат нестабилност“.
Таа посочи дека Србија развива соработка со Русија и Кина и дека е потребно потемелно да се разгледа српското купување руско оружје. Таа додаде дека Русите во Србија „го тестираат она што го прават во другите делови на Источна Европа - поткопување на демократијата и оддалечување на земјите од Западот“.
Олбрајт рече дека Кина преку иницијативата „Појас и пат“ инвестира во транспорт и рударство и затоа е важно да се развие економска соработка меѓу САД и Србија.
Србија не може да седи на две столици
Претседателот на Комитетот за надворешни работи, Елиот Енгел, говорејќи за Косово рече дека тоа е независно, дека никогаш нема да се врати во Србија и дека е време Белград да „продолжи понатаму“.
„Блокирањето на признавањето на независноста на Косово низ целиот свет и членството на Косово во Обединетите нации ја кочи Србија“, рече тој, наведувајќи дека дека проблем за Србија е нејзиниот цврст однос со Русија.
Видете и ова: Кротење на српските „русофили“ или уште еден маневар на Вучиќ?„Како што рече американскиот амбасадор Хојт Ји, Србија не може да седи на две столици истовремено. Во извештајот на нашето Министерство за одбрана се наведува дека пристапот на Москва кон Белград главно се случил откако српскиот претседател Александар Вучиќ стапи на должност“, додаде Енгел.
Американска посветеност на Балканот
Даниел Сервер, професор на Универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон и експерт за Балканот, рече дека обновувањето на американската посветеност на тој регион, во соработка со европските сојузници, е клучен предуслов за решавање на преостанатите проблеми.
„Дијалогот предводен од ЕУ меѓу Приштина и Белград може да биде корисен, но потребен е поголем ангажман на САД. Треба да се следи дијалогот, вклучително и спроведувањето на претходно постигнатите договори“, рече Сервер.
Дали Белата куќа ќе го спроведе договорот за Србија и Косово ако Трамп победи?
Тој изјави дека мандатот на судот за злосторства на поранешната Ослободителна војска на Косово треба да се прошири и да ги опфати злосторствата извршени во Србија.
Сервер исто така посочи дека германската канцеларка Ангела Меркел и новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден треба да го постават тоа како јасна цел и да извршат притисок врз европските земји кои не го признале Косово да го сторат тоа најдоцна кога Србија ќе го стори истото.
Тој исто така рече дека Соединетите држави треба да ги „притиснат Европејците да ги санкционираат“ оние што се залагаат за независност на Република Српска.
„Европејците, со видлива поддршка од Соединетите држави, треба да ги зајакнат и рекомпонираат своите трупи во североисточниот град Брчко за да го блокираат евентуалното отцепување. Соединетите држави треба да се обидат да го блокираат руското вооружување на полицијата на ентитетите, како и хрватското и српското политичко мешање“, рече Сервер.
Амбасадорот на САД во БиХ: нови санкции ако се поткопува Дејтон
Тој оцени дека Дејтонскиот договор повеќе не е ефикасен и дека тој им служи на, како што рече, „интересите на етничките барони за грабежи“.
Бугарија и Унгарија цел на руски обиди за дестабилизација?
Претставникот на невладината фондација Џејмстаун, Јануш Бугајски, учествувајќи во расправата изјави дека дијалогот меѓу Србија и Косово треба да доведе до заемно признавање на независноста.
„Ова ќе им овозможи напредок во евро-атлантските интеграции. За тоа е потребна помош од американската администрација, отелотворена во поблиска соработка со ЕУ“, рече Бугајски.
Според него, Дејтонскиот договор во Босна и Херцеговина не може да формира интегрирана држава со ефективна централна влада.
„Наместо тоа, етно-политиката го блокираше напредокот на државата“, рече тој, посочувајќи дека двајца странски актери, Русија и Кина, директно придонесуваат за нестабилноста во регионот.
Како што рече, Русија и Кина сметаат дека регионот е слаба точка на Европа, каде што можат да ја зголемат конкуренцијата со САД и НАТО, да манипулираат со конфликтите и да ги искористат економските можности.
НАТО изрази загриженост за руското „воено засилување“
Бугајски изјави дека Москва „ги проширува своите геостратешки интереси“ во таа област.
„Обидувајќи се да балансира, Србија се одвраќа од своите западни партнери и ја ослабува безбедноста на Балканскиот полуостров. Русија развива врски со медиумите, деловните луѓе и индивидуалните политичари. Руските олигарси треба да бидат санкционирани и на медиумите треба да им се помогне во борбата против дезинформациите ширени од Русија и Кина“, рече Бугајски.
Видете и ова: НАТО: во Студената војна закана беше само Русија, сега е и КинаТој оцени дека членките на НАТО во Европа треба внимателно да се следат, односно нивниот придонес во буџетот на Алијансата, но и поради руското влијание, особено во земји како Бугарија и Унгарија, кои, како што наведе, може да бидат отворени за руски обиди за дестабилизација.
„Социо-политичките последици од пандемијата и економската криза може да бидат зајакнување на национализмот, популизам и влијанието на лошите странски актери. Русија е краткорочна закана, а Кина е долгорочна закана за американските интереси во регионот", рече Бугајски.
Тој додаде дека влијанието на Кина ќе зависи од нејзината внатрешна економска состојба, но и дека САД треба да бидат проактивни и да ги охрабруваат западните инвестиции преку развојни фондови и создавање на законски, бирократски и локални услови за привлекување странски инвестиции.