Госпоѓо Хартман, што ќе следува откако Северна Македонија ќе пристапи во Алијансата ?
Штом Северна Македонија ќе стане полноправна членка, Северна Македонија ќе учествува во сите одлуки кои се носат во Алијансата, за сите прашања со кои се справуваме, сите безбедносни предизвици, сите безбедносни грижи. Северна Македонија веќе учествува на состаноците на НАТО и активности, вклучувајќи и министерските состаноци. Ни беше задоволство што тогашниот премиер Зоран Заев присуствуваше на лидерскиот состанок во Лондон, и Северна Македонија ќе продолжи, се разбира да партиципира и да биде дел од сите одлуки кои Алијансата ги носи.
Што се очекува од новата земја членка, во кои сегменти членките на НАТО очекуваат поголем прогрес за успешна интеграција во блиска иднина?
Видете и ова: Одбранбените реформи не завршуваат со пристапувањето во НАТО
Ова е многу важна тема, темата за реформите и за продолжување на реформите. Зборуваме многу за тоа како Алијансата еволуира со текот на времето поради безбедносните предизвици. Така што е важно сите сојузници, вклучувајќи ги и сегашните членки и сојузници да продолжат да се развиваат и да ги имплементираат потребните реформи за да се справиме со новите безбедносни предизвици. Истото се однесува и на Северна Македонија дури и сега за време на пристапниот процес, но и за после откако ќе стане полноправна членка. Ќе биде многу важно да продолжи да ги имплементира реформите вклучувајќи ги тие во одбранбениот и безбедносниот систем за да може Северна Македонија да им пружи помош на другите сојузници при учеството во мисии и операции на НАТО, и да учествува во сите активности како и обврски и одговорности кои произлегуваат од членството.
Што е тоа што недостасува, а на кое државата треба да поработи во реформскиот процес?
Ние зборуваме за продолжување на реформите и да се продолжи со справување со безбедносни предизвици. Ние се соочуваме со предизвици во многу различни сектори, вклучувајќи закани од хибридни напади, сајбер напади, земји кои се соседи на НАТО, нестабилност надвор од границите. Зборуваме за реформи кои се неопходни за да може да се справиме со тие предизвици. Да се развие способност која што е потребна за да се одговори на таквите предизвици.
Со каков вид на закани се соочуваат земјите на НАТО и со кои и Северна Македонија ќе се соочи како идна земја членка на Алијансата?
Дел од предизвиците кои гледаме дека треба да се соочи се сајбер нападите со дезинформациите, и кампањи кои ги поткопуваат нашите општества и институциите. Така што ќе продолжиме да работиме заедно, а ова е исто така точно и за сегашните земји членки на Алијансата, а исто така и за Северна Македонија откако ќе го заврши пристапниот процес, е во тоа што ќе продолжиме да градиме капацитети за да одговориме на сајбер нападите, да ја одбраниме нашата критична инфраструктура, да ги одбраниме нашите институции и нашето општество од дезинформации. Ова се многу важни области, на кои работиме заедно со Северна Македонија.