НАТО меѓу жестокиот поддржувач Бајден и честиот критичар Трамп

Членови на почесната гарда го подигнаа знамето на НАТО пред парламентот на Северна Македонија за да ја одбележат ратификацијата на пристапувањето во НАТО, во Скопје, 11 февруари 2020 година

Исходот од претседателските избори на 3 ноември може да има големо влијание врз пристапот на САД кон НАТО во следните четири години - како и последиците за самиот сојуз на подолг рок.

Пред една година, кога американскиот Сенат гласаше Северна Македонија да стане најновата членка на НАТО, кандидатот за претседател на Демократската партија Џо Бајден следниот ден се огласи на Твитер за да ја покаже својата поддршка за одлуката.

„Земјите од Западен Балкан заслужуваат да бидат дел од цела Европа, слободни и во мир и треба да ги поддржуваме евро-атлантските интеграции низ целиот регион“.

Северна Македонија официјално се приклучи во март, со што стана третата земја од Западен Балкан што влезе во Алијансата.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Северна Македонија на самитот на НАТО

Русија се спротивстави на нејзиното членство, а македонскиот влез беше нов удар врз напорите на Москва да го задржи влијанието во регионот.

Претседателот на САД Доналд Трамп го одобри долгоочекуваниот влез на Северна Македонија, но не се возбуди околу тоа.

Тој не даде коментар за тоа на Твитер, неговото главно средство за комуникација со светот. Ниту, пак, објави твит-честитка кога Црна Гора влезе во НАТО за време на неговата прва година на функцијата.

Испратен првиот македонски контингент во мисијата КФОР на Косово

Контрастот помеѓу реакцијата на Трамп и Бајден го потенцира нивниот многу различен став во јавноста кон воениот сојуз стар 71 година.

Тоа би можело да значи дека резултатот од изборите на 3 ноември може да има големо влијание врз пристапот на САД кон НАТО во следните четири години - како и последиците за самиот сојуз на подолг рок.

Видете и ова: Трамп: Честит 8 Септември, горди сме што сме сојузници

Трамп постојано го омаловажуваше НАТО како трошок за националниот буџет на САД од кој главно корист има Европа.

Тој ,исто така, ја доведе во прашање посветеноста на САД кон основниот принцип на колективна одбрана на НАТО, познат како член 5, прашувајќи во 2018 година зошто американските трупи треба да одат во војна за да заштитат мала земја како Црна Гора.

„Трамп смета дека заштитата на татковината е негова ексклузивна цел за национална безбедност и не дава голема важност за американското воено присуство во странство“, вели Мира Рап-Хупер, постар соработник на Советот за надворешни односи.

Бајден, од друга страна, вели дека НАТО ги унапредува американските безбедносни интереси и помогна да има просперитет не само во Европа, туку и дома.

Некои членови на Конгресот, поранешни членови на администрацијата на Трамп и официјални претставници во Европа изјавија дека се плашат оти Трамп би можел да се обиде да ги извлече Соединетите држави од НАТО доколку добие втор мандат, потег што ќе го осакати сојузот.

Бајден ги повтори ваквите предупредувања, велејќи: „Знаеме дека НАТО ќе се распадне ако Трамп биде избран за уште четири години“.

Видете и ова: Дали Белата куќа ќе го спроведе договорот за Србија и Косово ако Трамп победи?

Среде тие проблеми, Комитетот за надворешни работи на Сенатот во декември одобри резолуција со која е потребна согласност од Сенатот за повлекување на Соединетите држави од НАТО. Предлог-законот допрва треба да влезе на гласање.

НАТО е создадено во 1949 година, со 12 основачки членки, вклучително и Соединетите држави, за да се заштити суверенитетот и територијалниот интегритет на Западна Европа од потенцијална советска закана.

Во почетокот на осумдесеттите години од минатиот век имаше 16 членки и растеше во децениите по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 г., при што беа земени трите балтички држави и неколку поранешни членови на Варшавскиот пакт во Централна Европа, кои подолго време беа под контрола на Москва.

Бајден, сенатор од 1993 до 2009 година, го поддржуваше проширувањето на НАТО кон исток во 90-тите и 2000-тите, како член на Комитетот за надворешни односи на Сенатот.

За време на патувањето во Киев како потпретседател во 2009 година, тој рече дека Соединетите држави ќе ја поддржат Украина доколку се обиде да влезе во Алијансата, одбивајќи да ја признае земјата како дел од руската сфера на влијание.

Анексијата на украинскиот полуостров Крим од Русија во 2014 година и нејзината агресија против соседните земји, како што се сајбер напади и кампањи за дезинформација, го зголемија вниманието во Вашингтон за потенцијалните закани од Москва.

Претседателот на САД Доналд Трамп и генералниот секретар на НАТо Јенс Столтенберг

Сепак, Трамп ја презеде функцијата во 2017 година со ветување дека ќе ја стави „Америка на прво место“ кога станува збор за учеството на САД во сојузи, трговски договори и меѓународни организации, тврдејќи дека другите земји неправедно ги искористиле САД.

Тој во повеќе наврати ги критикуваше европските членки на НАТО дека не ги исполнуваат целите на годишните трошоци во одбраната, обвинувајќи ги дека се возат бесплатно на парите на Вашингтон.

Додека претседателите на САД со децении се обидуваа да ја поттикнат Европа да троши повеќе на одбраната, никој не го стори тоа на таков јавен начин како Трамп и никој не се обиде да ја поврзе одбраната на САД за Европа со трансатлантските трговски односи.

Јенс Столтенберг и Џо Бајден

Рикер: Штетното руско влијание предизвик за земјите-членки на НАТО

„Претседателите со години неуспешно се обидуваа да ги натераат Германија и другите богати членки на НАТО да плаќаат повеќе за нивната заштита од Русија. Тие плаќаат само дел од нивната цена. САД плаќаат десетици милијарди долари за да ја субвенционираат Европа“, напиша Трамп во 2018 година во еден од своите многу твитови на оваа тема.

Трамп фокусираше голем дел од својот гнев во врска со трошоците за одбрана на НАТО за Германија, втора по големина членка на алијансата според бројот на жители и БДП.

Тој на почетокот на оваа година објави дека ќе повлече скоро 12.000 американски војници од земјата поради несогласувањето за трошоците.

Видете и ова: Столтенберг: САД ќе се консултира со НАТО за намалувањето на силите од Германија

Трамп исто така се судри со Германија за нејзиниот голем трговски суфицит со САД, наведувајќи дека двете прашања се поврзани.

Фиона Хил, поранешен советник за Русија и Европа во Советот за национална безбедност, на 5 октомври изјави дека Трамп гледа на НАТО „скоро како на вид шема за заштита“ - рекет во мафијашки стил во кој помалите плаќаат помоќен покровител да ја осигуруваат нивната безбедност.

Трамп смета дека европските партнери на НАТО треба да им даваат на САД подобри трговски преференции затоа што ги штитат преку НАТО, рече Хил на конференција во Брукингс институт, тинк-тенк институт во Вашингтон.

Пристапот на Трамп кон НАТО ги затегна односите со многу други нејзини членки. Во ноември 2019 година, францускиот претседател Емануел Макрон рече дека Соединетите држави под водство на Трамп се чини дека „ни го свртија грбот и дека алијансата доживува „клиничка смрт“ поради, како што рече, недостаток на координација и лидерство од Вашингтон.

Но, понекогаш Трамп имаше и поинакво мислење за НАТО, а високи претставници во трамповата администрација често пати ги повлекуваа неговите забелешки или презентираа попозитивен став во јавните забелешки отколку претседателот.

Коронавирусот ја расипа забавата во НАТО

„Светот се смени многу и НАТО се менува во моментов. Станав поголем обожавател на НАТО затоа што тие станаа пофлексибилни“, рече Трамп во декември 2019 година, на самитот на НАТО во Лондон, прославувајќи ја 70-годишнината од постоењето на Алијансата.

Во ноември, државниот секретар Мајк Помпео се обиде да ја смири загриженоста меѓу сојузниците во врска со забелешките на Трамп за принципот на колективна одбрана, велејќи им на другите министри за надворешни работи на НАТО дека „членот 5 е челичен“.

„Застанавме со нашите сојузници во последните 70 години и ќе продолжиме да стоиме со нив против сите закани по нашата трансатлантска безбедност“, рече Помпео.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и германската канцеларка Ангела Меркел

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека до крајот на 2020 година Канада и европските членки на алијансата ќе ги зголемат трошоците за одбрана за 130 милијарди долари. „Ова е без преседан. Ова го прави НАТО посилен“, рече Столтенберг на прес-конференција со Трамп на самитот во Лондон.

Лук Кофи, аналитичар во тинк-тенк фондацијата „Херитиџ“ во Вашингтон, за РСЕ изјави дека и покрај реториката на претседателот и одлуката да ги повлече војниците од Германија, администрацијата на Трамп „направи некои добри работи“ за да го зајакне НАТО.

Видете и ова: Огромните разлики меѓу Трамп и Бајден

Тој рече дека администрацијата потрошила значително повеќе од Обама на Европската иницијатива за одвраќање (ЕДИ); спроведе повеќе вежби; ја поддржа иницијативата за три мориња; го зголеми бројот на војници во Полска; и испрати оружје во Украина.


Лукашенко бара спас во геополитиката, Западот ја научи лекцијата

ЕДИ беше основана во 2014 година по анексијата на Крим за да ги увери сојузниците на НАТО во посветеноста на САД кон нивната безбедност против агресијата на Русија и вклучува распоредување ротациони сили и инвестиции во инфраструктурата.

Иницијативата за три мориња има за цел да ја олесни меѓусебната поврзаност со енергетските и инфраструктурните проекти во Централна и Источна Европа и делумно да ја намали зависноста од Русија.


Кофи смета дека Трамп, исто така, покажал поголема подготвеност да ги вклучи членките на НАТО од Централна и Источна Европа и да не се потпира само врз традиционалните врски со западноевропските метрополи.

претседателот на САД Доналд Трамп и бугарскиот премиер Бојко Борисов во Вашингтон


Трамп покани многу лидери од Централна и Источна Европа во Белата куќа, вклучително и полскиот претседател Анджеј Дуда, унгарскиот премиер Виктор Орбан и бугарскиот премиер Бојко Борисов, сите обвинети за кршење на демократските принципи.


Трамп јавно не зборуваше за нивните оценки за човековите права или демократијата. Во изјавата во декември 2019 година, Бајден рече дека „зголемувањето на авторитаризмот, дури и кај некои членки на НАТО“, претставува закана за Алијансата.

Тој најави дека ќе обрне поголемо внимание на демократското заостанување ако биде избран. Бајден рече дека „ќе даде приоритет на зајакнување на националните демократски институции во земјите-членки кои не живеат според основните вредности на НАТО.

„Демократските и слободни институции се темел на нашиот сојуз и тие мора да се бранат за да се зајакне нашата колективна безбедност “, изјави Бајден.