Трамп одговараше на прашања еден час од Мајами, на Флорида, додека Бајден беше во Филаделфија, Пенсилванија.
Двата настана кои беа пренесувани на телевизија во исто време, иако на Бајден траеше 30 минути подолго од онаа на Трамп, го истакнаа начинот на кој коронавирусот ја смени претседателската кампања, како и огромните разлики меѓу двајцата кандидати.
Секој беше притиснат на реакцијата на САД на пандемијата на коронавирусот, при што Трамп додаде детали за сопственото искуство, признавајќи дека лекарите утврдиле дека белите дробови му биле „малку инфицирани“ кога бил хоспитализиран пред скоро две недели.
Но, тој избегна да одговори на прашањето кога последен пат бил негативен на тест за коронавирус по критиките дека има одржано митинзи каде што многу луѓе не носеле маски.
Трамп, кој ретко носи маска цитираше студија која вели дека луѓето што носат маски „цело време фаќаат ковид-19“, коментар што не одговара на советите на американските здравствени власти за носење маски.
Трамп исто така за прв пат рече дека ќе ги почитува резултатите од изборите, но повторно фрли сомнеж дали тие ќе бидат фер. „Одговорот е: Да, јас ќе прифатам мирен трансфер на власта, но сакам да бидат чесни избори“, рече тој.
Бајден го отвори настанот критикувајќи го постапувањето на Трамп со пандемијата на коронавирусот.
Тој рече дека е „одговорност на претседателот да води“ и дека Трамп не го сторил тоа.
Кандидатите за потпретседател на САД во дебатата, фокусирани главно врз пандемијата
Тој смета дека Трамп премногу се фокусирал врз реакцијата на берзата, а истовремено го минимизирал начинот на ширењето на вирусот.
Бајден исто така го критикуваше Трамп дека не е поактивно вклучен во Конгресот за да се донесе нов пакет за економско олеснување за Американците тешко погодени од пандемијата.
Бајден рече дека ако биде избран ќе го укине намалувањето на даноците за најбогатите Американци и ја нападна надворешната политика на Трамп, изјавувајќи дека „Америка на прво место “ ја направи „Америка сама“.
Трамп, кој често беше во дефанзива, беше запрашан во врска со извештајот во Њујорк Тајмс, кој се повикува на даночни пријави кои покажуваат дека има деловни долгови од над 400 милиони долари. Тој призна дека можеби должи толку многу, но не рече кому.
Трамп ги опиша своите долгови како мал процент од целокупното богатство и инсистираше на тоа дека не и должи пари на Русија.
Во друга спорна размена со модераторот, Трамп беше поттикнат да ја осуди теоријата на заговор што се шири на социјалните мрежи.
Наместо тоа, тој рече дека „ја осудувал надмоќта на белите со години“.
Но, Трамп одби да ја даде истата изјава за QAnon, која е позната по ширење теории на заговор.
Меѓу лагите е и дека демократите и владата се сатански педофили кои Трамп ќе ги уништи.
Трамп од Белата куќа: можеби сум имун на ковид-19
Трамп инсистираше на тоа дека не знае ништо за движењето, но претходно на Твитер изјави дека е задоволен што тоа го пофалило.
Двајцата кандидати треба да се соочат на дебата на 22 октомври во Нешвил, Тенеси.
Бајден најави дека планира да учествува, но додаде дека ќе побара од претседателот да направи тест за коронавирус пред тоа.
Дебатата што требаше да се одржи на 15 октомври беше откажана откако организаторите рекоа дека ќе се одржи „виртуелно“ за да се заштитат луѓето вклучени во неа од изложеност на коронавирусот.
Трамп рече дека нема да се согласи на таква дебата.