Колку Русија е посветена на дипломатијата?

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков (лево) и заменик-државниот секретар на САД Венди Шерман разговараа седум часа на 10 јануари во Женева

Соединетите Држави и Русија излегоа од разговорите во Женева со навидум непомирливи разлики околу огромните барања на Кремљ, што покрена прашања за тоа дали Москва воопшто е посветена на преговорите. Тод Принс

Кога заменик-државниот секретар на САД Венди Шерман излезе од над седум часовните разговори со рускиот дипломат Сергеј Рјабков во еден од најтензичните моменти од Студената војна, таа не беше сигурна дали Москва е воопшто посветена на разговори.

„Русија разбира дека најдобриот начин за намалување на тензиите е да продолжи со дипломатијата. Ќе видиме колку се сериозни“, рече таа, мислејќи на трупањето војници што ги зголеми стравувањата од нова воена офанзива насочена кон Украина.

Блинкен не очекува напредок во раговорите на САД со Русија

Разговорите беа иницирани откако Русија распореди околу 100.000 војници во близина на нејзината граница со Украина и на Крим кој е под руска контрола, пред да им го претстави на САД и НАТО списокот со безбедносни барања.

Барањата вклучуваат крај на проширувањето на НАТО кон исток и на соработката со поранешните советски републики кои не се членки на западната воена алијанса - особено Украина. Русија, исто така, повикува на ограничувања во Европа за ракетно распоредување и воени вежби.

Видете и ова: САД-Русија ги завршија „тешките“ осумчасовни разговори во Женева за Украина

По разговорите со рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, Шерман рече дека таа јасно ставила до знаење дека првите две барања - кои ќе ја задржат Украина засекогаш надвор од НАТО и ќе ја забранат воената соработка со Киев - не се за преговарање.

„Нема да дозволиме никого да ја критикува политиката на отворени врати на НАТО, која отсекогаш била централна за алијансата. Нема да се откажеме од билатералната соработка со суверените држави кои сакаат да соработуваат со САД“, им рече Шерман на новинарите по состанокот. Таа рече дека Соединетите Држави понудиле повторно да се сретнат „наскоро“ со Русија за да разговараат за билатералните прашања подетално, вклучително и распоредување на проектили и воени вежби.

Рјабков, пак, изјави дека Москва се залага за „продолжување на дијалогот“ и ги опиша разговорите со Шерман, како „многу професионални“. „Добивме впечаток дека американската страна ги сфати руските предлози многу сериозно“, рече Рјабков, кој неколку дена претходно предупреди дека Москва би можело брзо да замине ако смета дека тоа нема да биде слушнато.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Украински “викенд војници“ против можна руска агресија

Но, тој рече дека нема „никаков напредок“ во однос на барањето на Русија за обврзувачка гаранција дека Украина, Грузија и другите поранешни советски републики никогаш нема да влезат во НАТО.

И пред денешните разговори со НАТО и следните, во рамките на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), тој ја остави отворена вратата Москва во секој момент да излезе од дипломатијата.

ЕУ- Нема решение за руско-украинската тензија без Европа

„Ова е еден од главните проблеми пред нас“, вели Рјабков за ќор-сокакот околу барањата за проширување на НАТО и воена соработка, додавајќи: „И би рекол дека останатото зависи во голема мера од тоа што ќе се случи понатаму токму за ова прашање.“

Посветеност на дипломатијата?

Забелешките на Рјабков ги надополнија постоечките прашања за посветеноста на Русија на дипломатијата, велат аналитичарите. „Американската страна би сакала да излезе од сегашните дискусии со разбирање дали Русите се сериозни во преговорите и мислам дека не го добивме одговорот на тоа“, изјави за РСЕ Ангела Стент, поранешен американски разузнавач за Русија, а сега професор на Универзитетот Џорџтаун.

Русија разочарана од сигналите на САД пред разговорите во Женева

Вилијам Кортни, поранешен дипломат од кариера кој учествуваше во американско-советските одбранбени разговори, рече дека американските предлози за распоредување проектили и вежби се во суштина враќање договорите за контрола на оружјето и мерките за градење доверба што постоеја меѓу двете земји, но дека САД ја обвинија Русија за прекршување, што доведе до нивен крај.

Кортни смета дека преговарачката позиција на САД го става Кремљ во тешка положба: ако ја нападне Украина, ќе предизвика големи економски санкции, а ако прифати договори кои биле постигнати во минатото, мора да „смисли како да се справи со ова како достигнување“ во однос на домашната пропаганда. Ако се смета дека Русија отстапува од нејзините барања, некои во Русија би го сфатиле тоа како „голем срам или понижување“.

Сепак, други аналитичари веруваат дека Кремљ би бил подготвен да прифати каков било компромис што ги унапредува неговите цели и дека степенот на државна контрола врз медиумите, елитите и безбедносниот апарат во Русија ќе му овозможи на Путин да ги направи компромисите со Вашингтон и НАТО како победи.

Видете и ова: Столтенберг ја предупредува Русија дека скапо ќе плати ако ја нападне Украина

Шерман ја предводи делегацијата на САД на состанокот на Советот НАТО-Русија на 12 јануари во Брисел, каде што безбедносните барања на Кремљ и загриженоста на Западот за постапките на Москва повторно ќе бидат во центарот на вниманието.

На состанокот учествуваат делегации од сите 30 земји на НАТО и Русија. На 13 јануари делегации од Соединетите Американски Држави и Русија треба да учествуваат на состанокот на ОБСЕ во Виена со што ќе бидат завршени речиси еднонеделните разговори. Шерман најави дека САД и Русија по овие два состанока повторно ќе се сретнат на крајот на неделата за „да разговараат за патот напред“.

Ангела Стент смета дека САД најверојатно нема да имаат одговор во наредните денови за тоа дали Русија е сериозна или не за да продолжи со дипломатијата. „Мислам дека ќе потрае уште неколку недели“, изјави таа, додавајќи дека ако Русија има намера да продолжи со дипломатијата, треба да започне полека да ги повлекува војниците од областите во близина на украинската граница за да избегне „да си го изгуби образот“.

Шерман пак вели: „Ако Русија избере агресија, сосема е очигледно дека тие никогаш не биле сериозни во врска со дипломатијата“.