Голема руската воена инвазија врз Украина во која се вклучени околу 130.000 војници со цел: „Одземање на делови на Украина за вградување во руската држава“. Ова сценарио, објавено пред повеќе од 18 месеци, беше дел од воена вежба спроведена од страна на американската тинк-тенк организација Rand Corporation.
Иако не е сеопфатна анализа, анализата е слика на воените капацитети на Русија во близина на источна Украина. И додека во овој извештај Ранд и некои понови воени анализи ги истражуваат руските оперативни тактики, далеку помалку има поглед на другата страна на проблемот: Колку долго можат вооружените сили на Украина да се одржат против поголемите и помоќни руски воени сили?
Републиканскиот сенатор Риш- Русија се обидува да создаде изговор за војна
„Русија ќе наиде на стабилна армија што и да реши да направи Путин“, вели Глен Грант, пензиониран артилериски офицер на британската армија кој служел како советник на украинската војска.
„Заканата се случува веќе осум години. Ние не ја отфрламе уште од 2014 година. Ова е војна, ова е Русија. Русија треба да се очекува да ја искористи секоја ситуација во секој момент“, вели генерал Олександар Павлијук, командант на Здружените оперативни сили во борбата против сепаратистите, за РСЕ.
Војната во источниот регион во Украина Донбас избувна во април 2014 година, само неколку месеци откако уличните протести во Киев прераснаа во насилни судири. Тоа доведе до соборување на про-рускиот претседател на земјата, кој побегна во Русија.
Во следните месеци, „анти-терористичките“ сили на Киев, мешавина од владини војници и волонтери, имаа првични успеси против сепаратистичките сили, поддржани од Русија. До крајот на летото, сепак, Русија го зголеми военото распоредување што резултира со неколку големи порази за украинските сили.
Шефот на НАТО Столтенберг ја повтори поддршката за Украина
Тие загуби ја истакнаа слабата состојба на воените сили на Украина, кои беа погодени од недоволно финансирање и корупцијата. Проблемите вклучуваа и застарена опрема, службеници принудени да ги надополнуваат своите скромни плати со надворешни деловни договори и возила и хеликоптери без гориво и резервни делови.
„Нашата армија е систематски уништена и разоружана“, изјави заменик-министерот за одбрана, Петро Мехед во април 2014 година. Од тоа време, украинската војска е подобрена, но експертите се сомневаат дека тоа е доволно кога земјата сѐ уште е технички во војна.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Со старо советско оружје и застарена опрема, Украина побара да го надополни своето вооружување и САД станаа најголем поединечен снабдувач на оружје во текот на изминатите седум години.
Помошта, во вкупна вредност од повеќе од 2,5 милијарди долари, вклучува контра-артилерија, радари, беспилотни летала, панцири, очила за ноќно гледање и воени патролни чамци.
Во помошта имаше и софистицирани противтенковски проектили, што потенцијално ќе им даде на украински војници мала предност на бојното поле против руските тенкови.
Видете и ова: Дали Бајден ја жртвува Украина или избегна војна?Во ноември, САД испорачаа околу 88 тони муниција, вклучувајќи и речиси и 180 проектили. Новиот буџет за одбрана кој Конгресот го донесе во минатата недела вклучува 300 милиони долари за безбедноста на Украина.
Заедно со други офицери на НАТО, САД, исто така, се обидуваат да ја подобрат обуката за украинските сили; повеќе од 150 војници од 53-та пешадиска бригада на Националната гарда на Флорида се моментално во земјата.
„Големиот предизвик, како што гледам, не е воен, туку политички. Постои мала доверба во земјата, дека претседателот, како командант на шефот на вооружените сили и неговата администрација, се подготвени, и стабилни како војската и населението во целина. Многу ќе зависи од она на каков вид на напад ќе се реши Путин“, вели Грант.
Се проценува дека сега Украина има вкупно околу 145.000-150.000 војници. За операцијата на здружените сили во Доњецк и Луганск се проценува дека ќе бидат неопходни 30.000 и 35.000 војници. Тие со застарено оружје и со малата флота на стари хеликоптери и борбени авиони чија ефикасност е доведена во прашање најверојатно брзо ќе биде збришани во случај на голем нов рускиот упад, велат експертите.
„Русите научија многу. Русите научија многу од нивните операции во Сирија и тие продолжија да ја реформираат својата армија“, вели Александар Виндман, поранешен офицер на армијата на САД, кој служеше како директор на европски и руски прашања на Советот за национална безбедност на Белата куќа, додавајќи: „И Украинците научија многу, но предноста сѐ уште е во полза на Русија“.
Видете и ова: Зошто односите меѓу Москва и НАТО се тензични?Украина купи турски беспилотни летала Бајрактар, кои одиграа одлучувачка улога во минатогодишниот конфликт во Нагорно-Карабах меѓу Азербејџан и Ерменија. Тоа го привлече вниманието на руските сили, иако е малку веројатно дека тие ќе имаат одлучувачка улога. Киев досега има 12 такви летала.
„Сѐ зависи од тоа што се подразбира под „издржи“, вели Тор Буквол, норвешки експерт запрашан за тоа колку долго украинските сили би можеле да се одржат против руската инвазија.
„Ако тоа значи одбивање на напад, тогаш веројатно многу малку или воопшто не. Ако мислите да продолжат да се борат како организирана сила, тогаш веројатно неколку денови или недели, но и во тоа се сомневам“, вели тој, додавајќи: „Слабите страни се чини дека се организацијата, губењето на клучниот персонал, како и значителни слабости во одредени видови на оружје, како што се на пример за воздушна одбрана, електронско војување и борбени авиони“.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Иако извештајот на Ранд покажува дека руското напредување до источниот брег на реката Дњепар ќе биде прашање на денови, други извештаи сугерираат дека инвазијата ќе биде толку голема што руските сили ќе бидат во главниот град Киев за неколку часови ако Русија си го постави тоа како цел.
„Ако се погледне од украинска гледна точка, тоа зависи од тоа колку војници Русија акумулира и кои области се нејзина цел“, вели Конрад Музика полски аналитичар, додавајќи: „Дали Украина имаат воени способности за да спречи целосна инвазија? Јас не мислам така. Има само неколку земји во светот кои би можеле да спречат напад на руската армија. Во случај на инвазија, Украина ќе треба да мобилизира што е можно повеќе резервисти, за да не биде тоа лесна прошетка за Русија. Во тој случај, тоа ќе биде долг и крвав конфликт“.
Видете и ова: Лидерите на ЕУ ја предупредија Русија на „огромни последици“ во случај на агресија врз УкраинаРусија, исто така, може да не се реши на целосна инвазија, туку да има за цел ограничени добивки, велат експертите: на пример, да се обиде да го реши проблемот со водата во Крим, чие снабдување беше отсечено од Украина со месеци откако беше анектиран од Русија во март 2014 година. Иако Русија изгради мост од 3,7 милијарди долари кој го поврзува полуостровот на руското копно, водоснабдувањето е главен проблем.
Погранична офанзива, исто така, може да биде насочена кон принудување на Киев за спроведување на мировниот план од 2015 година за Донбас под руски услови.
И додека речиси никој не очекува војската на Украина да издржи целосен руски напад, украински официјални лица сугерираат дека извесен партизански отпор може да се обликува во зависност од тоа каде и каков ќе биде нападот. „Тогаш целата работа веројатно ќе се развива во развлечена герилска војна која ќе биде многу болна за двете страни“, заклучува Тор Буквол.