Достапни линкови

Дали Бајден ја жртвува Украина или избегна војна?


Претседателот на Украина Володимир Зеленски и американскиот претседател Џо Бајден. Вашингтон, 1 септември 2021 година
Претседателот на Украина Володимир Зеленски и американскиот претседател Џо Бајден. Вашингтон, 1 септември 2021 година

Што точно му рекол Бајден на Зеленски во нивниот телефонски разговор? Дали тој го притисна Зеленски да направи политички тешки отстапки за да се избегне заканата од нова руска инвазија? Мајк Екел

Телефонскиот разговор што го имаше украинскиот претседател Володимир Зеленски во минатата недела со американскиот претседател Џо Бајден може да заврши како еден од најважните во неговото претседателствување.

Двајцата разговараа 90 минути на за виртуелната средба што Бајден ја имаше претходно со човекот кој распореди десетици илјади војници во близина на границите на Украина: рускиот претседател Владимир Путин.

Со што Бајден му се закани на Путин околу Украина?

Јавно имплицитната закана на Путин од војна се фокусира првенствено врз изгледите Украина еден ден да се приклучи на НАТО. Но, предупредувањата на Путин се однесуваат и на тековната седумгодишна војна во источна Украина, чие решение е попречено од фундаментално несогласување околу спроведувањето на единствениот предложен мировен договор, широко познат како Мински договор.

Значи, што точно му кажа Бајден на Зеленски? Дали тој бара отстапки од Киев, како што сугерираше барем еден извештај? И дали му ветил отстапки на Путин на сметка на Украина, како што сугерираше еден друг извештај?

„Тоа е големото прашање. Има смисла од преговарачка перспектива да се праша, да се испита какви легитимни отстапки се подготвени да направат Украинците? Тоа е прашање до Украинците. Каков вид на компромис можете да направите за да избегнете војна?“, вели Орисија Луцевич, раководител на Украинскиот форум во програмата Русија и Евроазија во лондонскиот Чатам Хаус.

Јавно Белата куќа сигурно не кажува: Бајден не побарал отстапки од Зеленски и вети дека Вашингтон и европските сојузници ќе ја погодат Русија со тешки економски санкции доколку таа започне нова офанзива.


„Знам дека има многу критики во печатот за тоа дали имало отстапки или не. Јасно е дека немало“, рече портпаролката Џен Псаки, додавајќи: „Мислам дека претседателот Бајден многу јасно кажа дека стои на нашите принципи“.

Бајден „јасно кажа дека една нација не може да присили друга нација да ја смени својата граница, една нација не може да и каже на друга да ја промени својата политика и нациите не можат да им кажат на другите со кого можат да соработуваат“, изјави за новинарите подоцна висок функционер на администрацијата.

Зеленски: Осуетен план за државен удар

Во Киев, претставниците на администрацијата на Зеленски се главно оптимисти, тврдејќи дека Бајден дал поддршка на евентуалното членство на Украина во НАТО, нешто на што Кремљ јавно се спротивстави.

„Претседателот Бајден многу јасно стави до знаење дека одлуката на Украина да се приклучи на НАТО е само одлука на украинскиот народ. Путин дури и не беше подготвен да разговара за ова прашање. Тоа зависи од Украина и членките на НАТО“, изјави Андриј Јермак, шеф на кабинетот на Зеленски.

Еволуцијата на Зеленски

Денес, единствениот постоечки пат за решавање на војната во Донбас е поставен во Минскиот договор - примирја потпишани во септември 2014 и февруари 2015 година, кои обезбедуваат рамка, иако спорна, за мировен договор.

Ѓаволот е во деталите: Како и кога да се повлечат двете страни; како и кому Киев ќе даде амнестија; како и кога Украина ќе одржи локални избори во регионите под контрола на сепаратистите и ќе им додели специјален статус; како и кога Киев ќе ја врати целосната контрола над границата со Русија во тие области.

Еден голем проблем е што ниту Киев ниту Москва не веруваат дека другиот преговара со добра волја. Постојаното негирање на Русија за вмешаност во борбите во источна Украина, и покрај огромните докази за спротивното, не помага многу.

Зеленски убедливо победи на изборите во 2019 година на платформа која вклучуваше ставање крај на војната. Тој имаше неколку мали првични победи кои ветуваа добро решение: Пет месеци по неговиот избор, Зеленски обезбеди размена на затвореници со Русија, при што 35 Украинци кои беа држени од Русија, некои со години, беа вратени дома.

Сепак, оттогаш, позицијата на Зеленски кон Русија се зацврсти, очигледно предизвикувајќи гнев во Кремљ. Неговата влада покрена истрага против моќен олигарх чиј медиумски холдинг често прикажува проруска пристрасност и кој долго време се сметаше за канал за руските власти.

Зеленски, кој има право да бара втор мандат во 2024 година, исто така почесто почна да повикува Украина да се приклучи на НАТО, поттикнувајќи го бесот на Москва.

Еден ден по неговата видео-конференција со Бајден, Путин повторно ја загрози позицијата на Русија за ова прашање - иако НАТО не сигналиира дека Украина ќе биде поканета да се приклучи со години.

Украински војници подготвени за можен руски напад
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:52 0:00

„Загрижени сме поради изгледите за можен пристап на Украина во НАТО, бидејќи тоа дефинитивно ќе резултира со распоредување на воени контингенти, бази и оружје што претставуваат закана за нас“, рече Путин.

Истакнувајќи дека американските системи за ракетна одбрана се распоредуваат во Полска и Романија, Путин рече дека Русија има „секакви причини да верува дека истото ќе се случи ако Украина се приклучи на НАТО, но на украинска територија. Како да не размислуваме за тоа? Беспомошно да гледаме што се случува би било криминален пропуст од наша страна“, рече Путин.

Доминацијата на Путин води кон дестабилизација

Не само Украинците се нервозни од телефонскиот разговор на Бајден со Путин. За време на повикот, според Белата куќа и Кремљ, двајцата лидери се согласиле да организираат идни разговори за прашања, вклучително и за руските поплаки за НАТО.

Бајден подоцна рече дека се надева оти Белата куќа наскоро ќе објави состаноци на високо ниво меѓу Русија и Соединетите држави, заедно со четирите главни сојузници во НАТО.

Тоа ги разбранува пердувите меѓу членките на НАТО во Источна и Централна Европа, кои се акутно чувствителни на заканувачките потези на Москва, што го поттикна Бајден да направи уште еден повик со групата позната како „Девет од Букурешт“, која ги вклучува балтичките земји и Полска.

Еден полски дипломат, кој сакаше да остане анонимен, рече дека Варшава се плаши оти пристапот на САД во однос на Украина се прави зад грбот на Украина и на другите земји од Централна и Источна Европа. И тоа дојде само неколку месеци по одлуката на Белата куќа да не воведе санкции за речиси завршениот руски гасовод Северен тек 2 -- што исто така вознемири некои членки на НАТО.

„Не за капитулација“

Во јуни, Бајден одлучи да не воведува санкции за Северен тек 2, гасоводот на Балтичкото Море што ѝ дозволува на Русија да испраќа повеќе гас во Европа додека ја заобиколува гасоводна мрежа на Украина. Зеленски беше јавно налутен, што резултираше со телефонски разговор со Бајден непосредно пред средбата на Бајден во Женева со Путин.

Во септември, Зеленски беше пречекан во Белата куќа, каде што Бајден и други американски претставници го уверија во силната поддршка од САД. Состанокот подоцна резултираше со ново „стратешко партнерство“ кое вклучуваше специфична соработка за одбранбените прашања.

Но, оттогаш, Москва ѝ се заканува на Украина, испраќајќи десетици илјади војници - веројатно повеќе од 100.000 - во регионите во близина на границите на Украина и на Крим, полуостровот на Црното Море што Русија го заплени во 2014 година.

За некои потврдокорни сегменти од украинското општество, дури и перцепцијата за отстапки е неприфатлива. Кон крајот на 2019 година, десетици илјади Украинци ги заглавија улиците на Киев во спротивставување на поддршката на Зеленски за дипломатскиот план познат како Штајнмаер формула. Некои носеа транспаренти на кои пишуваше „Не за капитулација“.

Москва: инфраструктурата на НАТО во Украина е преминување на „црвената линија“

Големо мнозинство, исто така, се противи на откажување од правото на Украина да бара членство во НАТО. Во извештајот објавен претходно оваа година - многу пред актуелното зголемување на руските војници - Центарот Разумков, независен тинк-тенк во Киев, откри дека 70 насто од Украинците би поддржале јавен референдум за членство во НАТО.

И друга анкета објавена минатата недела покажа дека 54 насто од испитаниците веруваат дека Минскиот договор треба да се ревидира или повторно да се преговара. Анкетата, исто така, покажа дека 56 насто од испитаниците се за директни преговори со Русија; против беа 41 отсто. Кремљ вели дека Киев мора да разговара со сепаратистите, а не со Москва.

Анкетата на киевската анкета група Рејтинг анкетираше 2.500 Украинци помеѓу 6 и 8 декември и има маргина на грешка од 2 процентни поена. „Ако го прашате украинското општество, ова е агресивна војна против Украина. Тие разбираат дека се работи за независност, не се работи за безбедност или неутралност“, вели Луцевич.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG