Што значи – вакцина достапна за сите?
Вакцина достапна за сите, - тој термин значи дека ќе може да се вакцинира секој што сака. Моментално во Соединетите Американски Држави нема одобрена вакцина против Ковид 19, а нема ни во ниедна друга земја, освен во Русија. Меѓутоа, руската вакцина не ја има поминато третата и последна фаза од тестирањата.
Видете и ова: Испитувањата за вакцина против ковид-19 продолжуваатЕкспертите проценуваат дека во САД би требало да бидат вакцинирани 70% од 330-те милиони американци, за да може да се смета дека е постигната општа имунизација, односно стануваат имуни доволен број луѓе за да се спречи ширењето на инфекцијата и врз оние кои не биле вакцинирани.
Колку време е потребно за да се постигне колективен имунитет?
Повеќето вакцини кои се развиваат, ќе се даваат во две дози, односно, вакцинација, па по извесен преиод, уште една доза. Фармацевтските компании Пфицер и Модерна би можеле да произведат 35 до 45 милиони дози од потенцијалната вакцина во САД до крајот на годинава, проценува американскиот Центар за контрола и превенција од болести.
Фармацевтските компании се пооптимистички и проценуваат дека би можеле да произведат околу 300 милиони дози до крајот на годинава. Како и да е, да се обезбедат доволно дози за да бидат вакцинирани сите, или повеќето американци, би можело да трае до втората половина од 2021-ва година, оцени Роберт Ридфилд.
Видете и ова: Недовeрбата во вакцината поле за дезинформацииКој прв ќе ја добие одобрената вакцина?
Во САД, приоритетно ќе бидат вакцинирани здравствените работници и другите вработени во клучни служби, како и ризичните пациенти. Не е јасно кога би можеле да бидат вакцинирани и децата, бидејќи тие досега не беа вклучени во тестирањата од последната фаза. Компаниите Пфицер и БионТех веќе побараа одобрение за да почнат да регрутираат доброволци, помлади од 16 години, за тестирање на вакцината.