Испитувањата во доцната фаза на експерименталната вакцина, развиена со истражувачи од Универзитетот во Оксфорд, беа суспендирани во мината недела по заболување кај еден од учесниците во испитувањето во Британија.
„На 6 септември, стандардниот процес на преглед предизвика доброволна пауза за вакцинација низ сите глобални испитувања за да се овозможи преглед на безбедносните податоци од независни комитети и меѓународни регулатори“, соопшти AstraZeneca на 12 септември.
Притоа се наведува и дека контролорите на безбедноста му препорачале на британскиот орган за регулирање на лековите дека е безбедно да продолжат британските испитувања.
AstraZeneca го паузира водечкото испитување за вакцина против ковид-19
Пациентот вклучен во испитувањето, наводно, страдал од невролошки симптоми поврзани со ретко спинално воспалително нарушување, наречено попречен миелитис.
AstraZeneca, со седиште во Кембриџ, соопшти дека не може да открие дополнителни медицински информации.
„Компанијата ќе продолжи да работи со здравствените власти ширум светот кога може да продолжат другите клинички испитувања за да се обезбеди вакцина за широко, правично и без профитно справување со оваа пандемија“, напиша компанијата.
Најавени се продолжувања и на другите испитувања ширум светот. Институтот за серум во Индија соопшти дека ќе ги започне своите испитувања откако ќе има дозвола од Индискиот контролор за лекови.
Бразилскиот здравствен регулатор АНВИСА во саботата соопшти дека одобрил продолжување на испитувањата по прегледот на податоците испратени од Британија.
Вакцината против коронавирус тема во американската претседателска дебата
Федералниот универзитет во Сао Паоло, кој ги спроведува испитувањата, во соопштението вели дека 4.600 од планираните 5.000 волонтери биле регрутирани и вакцинирани без никој од нив да пријави сериозни здравствени проблеми.
Владите ширум светот се очајни за вакцина која ќе помогне да се стави крај на пандемијата, што предизвика повеќе од 900.000 смртни случаи и глобални економски превирања.
Светската здравствена организација (СЗО) ја обележа AstraZeneca како најперспективна.
Вакцината е во доцен стадиум на клинички испитувања во САД, Британија, Бразил и Јужна Африка, а се планираат дополнителни испитувања во Јапонија и Русија.
ПОВИК ЗА БУДЕЊЕ
Паузата на испитувањата уследи по извештаите дека Соединетите држави имаат за цел брзо одобрување или одобрување на вакцина пред претседателските избори во ноември.
Водечките развивачи на вакцини во САД и Европа ветија дека ќе ги почитуваат научните стандарди за безбедност и ефикасност за нивните експериментални вакцини и дека нема да се поклонат на политичките притисоци за брзање на процесот.
AstraZeneca веќе се согласи да испорача близу три милијарди дози на владите низ целиот свет - повеќе од кој било друг проект за вакцинирање.
Руските научници велат дека вакцината против ковид-19 создава антитела
Главниот научник на СЗО рече дека паузата во испитувањата треба да послужи како повик за „будење“ дека ќе има подеми и падови во развојот на вакцината.
„Неизбежно со толку големо испитување ќе има моменти кога ќе се појават безбедносни проблеми“, рече Питер Опеншау, професор по експериментална медицина на Империјал колеџ во Лондон.
„Сите мора да се надеваме дека нема да има други прекини на испитувањата и оти вакцината ќе се покаже за безбедна и ефикасна“, вели тој.
Инаку, Светската здравствена организација (СЗО) забележа нов рекорден еднодневен пораст на бројот на нови инфекции со коронавирус, со 307.930 нови случаи на глобално ниво во текот на 24 часа.
Тоа е за околу 1.000 случаи повеќе од претходната највисока дневна бројка една недела порано.
СЗО на 13 септември соопшти дека се регистрирани околу 5.500 нови смртни случаи за 24 часа, со што вкупниот број достигна 917.417.