Случаите во Белгија и Холандија, следат по извештајот на истражувачите во Хонг Конг дека таму едно лице повторно било заразено со различен вид на вирусот четири и пол месеци откако оздравело. Ова беше првиот докажан случај дека е можна повторна инфекција.
Тоа ги зголеми стравувањата за ефективноста на потенцијалните вакцини против вирусот, од кој починаа стотици илјади луѓе, иако експертите велат дека треба да има многу повеќе случаи на повторна инфекција за страхувањата да бидат оправдани.
Белгискиот виролог Марк Ван Ранст изјави дека белгискиот случај е жена која за прв пат се заразила со ковид-19 во март, а потоа во јуни со различен вид на коронавирус.
Според него, веројатно е да се појават и други случаи на повторна инфекција. Ван Ранст за ТВ Ројтерс изјави дека жената во нејзините 50-ти години имала многу малку антитела по првата инфекција.
Последици врз здравјето и по прележан Ковид-19
Случаите со повторна инфекција се веројатно ограничени исклучоци, иако, како што рече, е многу веројатно оти ќе се појават и други во наредните недели.
Тој додаде дека новиот коронавирус кога се појавил бил постабилен од вирусот на грип, но оти тоа се менува.
„Вирусите мутираат и тоа значи дека потенцијалната вакцина нема да биде вакцина која ќе трае вечно, 10 години, веројатно дури и пет години. Исто како и за грипот, таа ќе мора да се редизајнира доста редовно“, рече тој, додавајќи:
„Би сакале вирусот да биде постабилен отколку што е, но не можете да ја силите природата“, рече тој.
ГЕНЕТСКО ТЕСТИРАЊЕ
Националниот институт за јавно здравје во Холандија соопшти дека и во таа земја имало забележано повторна инфекција.
СЗО очекува пандемијата на коронавирус да заврши за 2 години
Вирологот Марион Копманс беше цитирана од холандскиот радиодифузен сервис НОС, дека пациентот е постара личност со ослабен имунолошки систем.
Таа рече дека случаите кога луѓето биле долго време болни со вирусот и потоа повторно се разболеле биле подобро познати.
Но, вистинска повторна инфекција, како во случаите во Холандија, Белгија и Хонг Конг, бара генетско тестирање на вирусот и во првата и во втората инфекција за да се види дали двата случаи на вирусот се разликуваат.
Ван Ранст изјави дека ваквото тестирање покажало оти белгискиот пациент имал различни видови вирус.
СЗО: Да запре вакциналниот национализам
Портпаролката на СЗО, Маргарет Харис, на брифинг во Женева, во врска со случајот во Хонг Конг, изјави дека, откако се појавија извештаи за повторни инфекции, е важно да се има јасна документација.
Некои експерти велат дека е веројатно оти ваквите случаи почнуваат да се појавуваат заради поголемо тестирање низ целиот свет, отколку затоа што вирусот може да се шири поинаку.
Сепак, д-р Дејвид Стрејн, од Универзитетот „Ексетер“ и претседател на комитетот за медицински персонал на британската медицинска асоцијација вели дека случаите биле загрижувачки од неколку причини.
„Првата е дека претходната инфекција не е заштитна. Втората е дека се зголемува можноста вакцините да не ни ја даваат очекуваната надеж“, рече Стрејн.