Што знае дете што е тон кокаин?

Илустрација: Кокаин

Полицијата заплени еден килограм кокаин во скопски Крушопек. Дел од медиумите „малку“ погрешија, па објавија дека биле запленети еден тон кокаин.

Во синоќешната акција во скопското село Крушопек полицијата заплени еден килограм кокаин. Дел од медиумите, гладни за сензација, синоќа објавија дека биле запленети еден тон дрога, па луѓето на социјалните мрежи се шегуваа дека четвртата сезона на популарната серија Наркос за колумбиските нарко-картели ќе се снима во Крушопек. Тон ли е килограм ли е? Еден виц вели што знае дете што е еден тон, зема и носи.

Дрогата во Македонија стигнала во пратка со банани, кои биле внесени во земјава со три камиони и истоварени во магацин во Крушопек. Камионите во земјава влегле во Албанија, а од таму во Црна Гора. Пратката била контролирана од италијанската полиција, а македонската полиција се вклучила на крај да го изврши апсењето по дојава на италијанските колеги. Дел од медиумите објавија дека тој килограм е дел од голема пратка од 1,3 тони која била запленета во Италија. Други, пак, објавија дека случаите не се поврзани.

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, кој е од ВМРО-ДПМНЕ, вчера на Фејсбук се пофали со акцијата. Тој не соопшти детали, но ја искористи објавата за политички да профитира.

Политичка димензија на случајот му даде и пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

На социјалните мрежи се појавија бројни коментари, по грешката во количина... за 1000 пати.

Во меѓувреме, бројни коментари на социјалните мрежи предизвика и изјавата на доскорешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, дека во Скопје живее како студент и јаде само виршли и паштета.