Една година руска инвазија врз Украина - светот веќе не е ист

Илустрација - карикатура

Њузлетер 24.02.2023. Една година од почетокот на Руската инвазија врз Украина, крајот на војната не е на повидок. Во Македонија, мистериозни хакерски напади врз институции, непотизам во судството, младите анксиозни.

Инвазија, пустош, жртви

На 24-ти февруари, лани, Русија ја нападна Украина. Започна инвазијата врз суверена држава, инвазија, која Кремљ ја нарекуваше „специјална операција“ – термин кој беше задолжителен во Русија, во спротивно, се одеше во затвор. Една година подоцна, Украина сеуште е изложена на напади, гранатирања, ракетирања и жестоки борби. Многу украински градови се разурнати, има и голем број жртви од двете страни.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Мариупол - уништен град

Иако Москва тврди дека не напаѓа цивилни цели, руски ракети уништуваат и станбени згради и куќи при што гинат цивили. Украинците, со голема помош од Западот, ја бранат татковината, но, на војната не и се гледа крајот.

Толкувањето на Путин и одговорот на Бајден

Рускиот претседател Владимир Путин, во обраќање до јавноста во Москва пред неколку дена, го обвини Западот за војната во Украина, со оценка дека војната може да стане глобална. Путин не кажа колкави загуби претрпела Русија ниту навести брзо окончување на воените дејствија.

Видете и ова: Бајден од Полска: Украина никогаш нема да биде победа за Русија

Истиот ден, во Варшава, американскиот претседател Џо Бајден, кој претходно беше и во ненадејна посета на Киев, порача дека нема да запре поддршката за Украина, а НАТО, и покрај сомнежите на рускиот претседател Владимир Путин, ќе остане обединето и посилно од било кога. Бајден ги обвини руските сили за „невидена бруталност“ во Украина, вклучително и „злосторства против човештвото“.

Нападнат, па „ослободен“ Фондот за здравствено осигурување

Хакерскиот напад врз системот на ФЗО ги остави без плати медицинските работници, проблеми имаа оние што се на боледување, пациентите на кои им требаа интервенции или лекови од аптеките...

Видете и ова: Откупот за сајбер нападот врз ФЗО не бил милионски

Како системот почна да функционира, останува нејасно. Кои се хакерите, уценувале ли, колку пари барале, платено ли им е? Заштитен ли е сега системот? Одговори на овие прашања, нема, исто како што немаше и за хакерските напади врз системите на други институции, па и министерства во изминатиов период.

Судовите ќе се полнат со „наши деца“

„Нападнати“ се и судовите и обвинителствата од деца и роднини на политичари, судии, обвинители...
Сите политичари јавно се залагаат за „ветинг“ во правосудниот систем, но во пракса роднини на функционери од ДУИ, СДСМ и ВМРО- ДПМНЕ се дел од новоизбраните обвинители и судии кои ќе ја бранат правдата.

Видете и ова: Ново семејно стебло во судовите и обвинителството

Антикорупциска предупредува, законот не дозволува роднини да работат во иста институција.
Поранешниот обвинител Валентин Зафиров вели дека овој список со роднини на функционери е само еден камен во планината од проблеми во правосудниот систем. Тој се согласува дека клучниот проблем е како семејните кадри влегле во правосудниот систем.

Инфографика - Дали обвинители и судии се наследна функција?


Кој не е послушен, или е од „другите“, има проблем

Секоја промена на власта и на централно и на локално ниво, носи и промена на раководните кадри, а оние заменетите, се изложени на притисоци од секаков вид.
Дури 84,2 % од анкетираните вработени биле жртви на политички мобинг покажува истражувањето на невладината организација Лаг Агро лидер.

Видете и ова: Политичкиот мобинг е реалност, ама жртвите се плашат да го пријават

Но деградацијата, заканите, казните само заради различна политичка припадност ретко се пријавуваат заради стравот од губење на работното место и недовербата во институциите. Дали жртвите ќе може да се заштитат со внесување на политичкиот мобинг во постоечкиот Закон за вознемирување на работното место?

Зошто може да има евтина струја и преку ден?

„Нападот“ врз производството на струја со соларни централи, кои никнуваат како печурки, може да доведе до ситуација, во исто време, да се произведе многу повеќе струја од потребното, па нејзината цена во одредени периоди да биде речиси нула.

Видете и ова: Зошто може да се врати евтината струја преку ден?

Извозот исто така ќе биде многу тежок, затоа што Македонија не е единствената земја која во енергетската криза многу инвестираше во соларни централи. Тоа е една од причините што се отвори дебатата за враќањето на денската евтина струја за граѓаните, која беше укината на почетокот на 2022 година, поради енергетската криза. Одлуката треба да биде донесена до 1 јули.

Инфографика - Од што се произведува струја во Македонија?


Што ги мачи младите?

Има повеќе симптоми кои може да укажуваат на депресија кај младиот човек, а некои се и атипични. Ако се појават минимум пет и траат подолго од две седмици, треба да се вклучи алармот, посочуваат експерите. Според истражувањето на „Мозаик Меик“ речиси 50 % од средношколците биле анксиозни.

Видете и ова: Депресивни средношколци - Од изолација до „среќна маска“

Страв од закани со бомби, домашни и училишни проблеми, шиканирање меѓу соучениците, ги мачат и основците.
Пензионираната професорка Мимоза Костоска е една од оние кои волонтерски дежураат на телефонот „Ало Бушавко“ за да ги слушаат 24/7 младите и децата и се обидуваат да им помогнат. Бараат помош, но најчесто сакаат некој да ги сослуша затоа што се тажни, фрустрирани или исплашени.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Бошковска: Алармантни се бројките за анксиозни и депресивни млади


Новата Васка Илиева

Средношколката Јована Богданоска пее од мала. За разлика од многу нејзини врсници, неа не ја влече поп музиката, туку македонската традиционална песна. Поради стилот на пеење и бидејќи препеа песна од пејачката Васка Илиева, некои ја нарекуваат нејзина наследничка. Вели дека иако ѝ годи споредбата со една од нејзините идоли, сепак сака да остави нешто свое на сцената.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

„Ми годи што ме нарекуваат новата Васка Илиева“