„Одете во соседните земји“
Прогонувани од бегалската криза во Сирија, предизвикана од војната во 2015 година, европските лидери се очајни да избегнат нов прилив на бегалци и мигранти од Авганистан, наведува Асошиетед прес, додавајќи дека покрај тоа што им помагаа на западните сили за време на дведецениската војна во таа земја, пораката на Европа до бегалците гласи: „Ако мора да одите, одете во соседните земји, но не доаѓајте тука“.
Пендаровски и Мишел разговарале за интеграцијата во ЕУ и Авганистан
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел ги призна предизвиците со кои се соочува Европа кога на 21 -ви август го посети авганистанскиот центар за бегалци во Мадрид. „Партнерствата со трети земји ќе бидат во центарот на нашата дебата“, рече тој, додавајќи дека е неопходно да се најде „таа рамнотежа помеѓу достоинството на Европската унија и способноста да се бранат нејзините интереси“.
Австрија предложи формирање „центри за депортација“ во соседството на Авганистан, со цел земјите од ЕУ да можат да депортираат Авганистанци кои бараат азил. „Нашата цел мора да биде да го задржиме мнозинството луѓе во тој регион“, рече австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер, повторувајќи го она што го велат многу европски лидери, посочува АП.
Видете и ова: Лекциите од бегалската криза да се стават во функција на евенталниот нов бранГрција, чии живописни острови свртени кон турскиот брег пред шест години беа европска влезна порта за стотици илјади Сиријци, Ирачани, Авганистанци и други, јасно стави до знаење дека не сака да ја преживее повторно истата криза. Атина вели дека Грција нема да прифати да биде „порта за нерегуларни текови во ЕУ“ и дека ја смета Турција за безбедно место за Авганистанците.
Од друга страна, додава Асошиетед прес, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, чија земја веќе прими 3,6 милиони Сиријци и стотици илјади Авганистанци, се закани дека ќе ги испрати во Европа. „Турција нема должност, одговорност или обврска да биде европско складиште за бегалци“, предупреди Ердоган.
Иако набљудувачите велат дека нема индикации за масовно движење преку турско-иранската граница, клучната миграциска рута од Централна Азија до Европа, Ердоган нагласува дека неговата влада ја зајакнала источната граница - со војници, жандармерија, полиција и нов ѕид.
Ердоган и Мицотакис нема да прифатат авганистански мигрантски бран
Турските власти тврдат дека пресретнале 35.000 Авганистанци кои илегално влегле во земјата оваа година, во споредба со повеќе од 50.000 во 2020 година и повеќе од 200.000 во 2019 година.
Според статистичката агенција на ЕУ, околу 630.000 Авганистанци поднеле барање за азил во земјите на ЕУ во изминатата деценија, а најголем број во Германија, Унгарија, Грција и Шведска. УНХЦР проценува дека 90 проценти од 2,6 милиони авганистански бегалци живеат во соседните Иран и Пакистан.
Сеништето на бегалската криза
Уште откако Талибанците го зазедоа Кабул, во Европа кружи призрак - дали ќе се повтори бегалската криза што го зафати регионот во 2015 година, пишува Фајненшел тајмс, посочувајќи дека европските лидери од сите бои стравуваат дека континентот би можел се соочи со огромен прилив на баратели на азил од Авганистан, што ги зајакнува десните популисти пред изборите во Германија и Франција.
Повеќето членки на ЕУ се согласија да прифатат мал број Авганистанци, особено оние кои работеле за нивната војска, странски амбасади или меѓународни хуманитарни организации, но сите не сакаат да размислуваат за поголем прилив, особено Германија, чија одлука да прими повеќе од милион баратели на азил во 2015-16 го потресе политичкиот систем на земјата до темели.
„Немаме избор“: илјадници Авганистанци бегаат пред талибанците
Стравувањата на Германија од нова бегалска криза се засилија кога министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер рече дека враќањето на Талибанците може да принуди меѓу 300.000 и пет милиони Авганистанци да избегаат. И покрај шокот од победата на Талибанците и хаотичните сцени на аеродромот во Кабул, експертите велат дека споредбите со 2015 година не се на место, пишува британскиот весник.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Европските лидери се надеваат дека повеќето Авганистанци ќе останат во нивната земја, додека оние што бегаат од Талибанците ќе останат во регионот наместо да се упатат кон Европа.
Сепак, стравот од нов прилив на мигранти ги натера политичарите од Стокхолм до Атина да инсистираат на тоа „2015 година да не се повтори“ и дека, како што рече францускиот претседател Емануел Макрон, на кого му претстојат избори следната година, европските земји се согласија да дадат „робустен, координиран и унифициран“ одговор за да им помогнат на транзитните земји и земјите што примаат мигранти.
И покрај ваквите пораки, посочува Фајненшл тајмс, десничарските партии се обидуваат да ги искористат настаните во Авганистан за да ги пренасочат мислите на гласачите кон имиграцијата затоа што тоа ќе ги зголеми нивните изборни шанси.
Недостаток на сочувство
Сликите на илјадници Авганистанци кои се обидуваат да ја напуштат земјата ги испаничија европските политичари кои се плашат од ново масовно движење на муслиманските баратели на азил, но исто така стравуваат дека новите мигранти ќе ја запалат страста на екстремно десничарските и популистичките движења кои ја преобликуваа политиката по бранот на баратели на азил од Сирија и Ирак во 2015 година, пишува Њујорк тајмс.
Меркел: Фокусот треба да биде на спасувачката мисија во Авганистан
Со претстојните избори во Германија и Франција, европските политичари се решени да избегнат популистичка реакција што следеше по бегалската криза пред шест години, кога етнонационализмот се вкорени и антиимигрантските партии се заканија дека ќе ја распаднат Унијата. Сепак, експертите велат дека споредбата е погрешна, бидејќи оттогаш поддршката за антиимигрантските партии опадна, заедно со бројот на мигранти.
Видете и ова: Рама по критиките за сместување Авганистанци: Тоа им го должиме на нашите пријателиМеѓутоа, Авганистанците се соочуваат со недостаток на сочувство во Европа што би можело да биде несовладливо, иако весникот посочува дека Авганистан може да претставува посебна морална обврска и одговорност за Европа, бидејќи многу европски земји се приклучија кон американската инвазија по нападите врз САД на 11 септември 2001 година.
Таму каде што има консензус во повеќето европски земји, идејата е дека Европејците сакаат да ги задржат бегалците во регионот во близина на Авганистан, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на изјави на многу европски официјални претставници во последните денови, вклучувајќи го и францускиот претседател Макрон, кој рече дека „Европа не може да ги преземе последиците од Авганистан“.
Сепак, додава весникот, некои европски лидери биле поотворени во нагласувањето на европската одговорност. Италијанскиот премиер Марио Драги вели дека се добредојдени оние што ѝ помогнаа на Италија во Авганистан, како и „сите оние кои се разоткрија во одбрана на основните слободи, граѓански права и човекови права“.
Огради и sидови
Можноста авганистански мигранти да се упатат кон европските брегови го принудува Брисел да се соочи со Ахиловата пета: и покрај реформите ветени во 2015 година, пишува Политико.
Грција подигна дополнителен ѕид на границата со Турција
Наместо единствен план за бегалци, европските претставници и дипломати изнесуваат различни идеи за тоа како да се справат со очекуваното зголемување на авганистанските баратели на азил, нудејќи различни предлози, од финансирање на преместување на бегалци во земји кои не се членки на ЕУ, како што се Турција и Пакистан, до понуди за привремена заштита, но и изградба на огради на границите на одредени земји.
Видете и ова: Путин бара да се спречи доаѓањето на борците маскирани како бегалци од АвганистанКога Унгарија изгради ограда долж границата со Србија и Хрватска во 2015 година, посочува бриселскиот портал, тогашниот претседател на Европската комисија Жан-Клод Јункер го критикуваше унгарскиот потег, велејќи дека „sидовите и оградите немаат место во земја-членка на ЕУ“.
Сепак, нагласува Политико, се чини дека оваа неподготвеност полека исчезна со текот на времето. Европската комисија не ја критикуваше Литванија кога неодамна најави дека ќе подигне гранична ограда за да спречи соседна Белорусија намерно да испраќа мигранти преку границата.
Грција сега ги насочи своите напори кон изградба на бариера за авганистанските мигранти и, како што пишува Политико, постави 40 километарска ограда и надзор долж својата граница, при што официјалните лица ветија дека ќе ја одржат границата „безбедна и непробојна“.
Набљудувачите укажуваат на клучниот момент што се случи минатиот март, кога новоназначената претседателка на ЕК, Урсула фон дер Лејен, за време на посетата на Грција, ѝ се заблагодари на земјата „што беше европски штит во овие времиња“.