Буџаку - ЦУК е во полоша состојба од пред 15 години

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Буџаку - Државата треба да биде поригорозна за пожарите

Пожарите и подготвеноста на државата во справувањето со природните катастрофи се дел од темите на кои ќе разговараме со директорот на Центарот за управување со кризи Агрон Буџаку. Тој вели дека за примената на законоите во земјава е потребна демократска и институционална култура.

Г-не Буџаку Вие бевте прв директор на Центарот за управување со кризи при неговото формирање во 2005 година, а сега повторно сте на чело на оваа институција. Подобрена ли есостојбата во ЦУК во овие 15 години?

„Накратко би рекол дека не е подобрена, туку дека е полоша откако ја оставив како нова институција и преминав во Собрание како пратеник, а тука бев само девет месеци. Имавме многу амбиции, нов закон, нова клима, но за жал поради субјективни и објективни причини ситуацијата е многу полоша отколку што јас очекував.“

Со колкави ресурси раполага Центарот за управување со кризи и какви се реалните потреби за едно нормално функционирање на институцијата?

„Можам да ви кажам дека нашиот мал буџет, кој ште е уште полошо ќе се скрати идната година според проекциите на министерот за финансии, околу 92 отсто од него оди само за плати. Ние само за плати и за минимално функционирање со режиски трошоци, да не се меѓународните институции кои не помагаат, како УСАИД, јапонската „ЏАЈКА“ и германската институција за помош „ГИС“ и ЕУ, тешко би ја сработиле нашата работа.“

Побаравте ли повеќе пари со последниот ребаланс на Буџетот?

„Со ребалансот не, бидејќи побарав лани и не дадоа. Тоа е само трошење на време и ресурси, така што оваа година планираме и побаравме поголем буџет, затоа што оптимистички од декември следната година ние имплементираме и ќе биде во функција единствениот број за повици за граѓаните 112. Тоа значи наместо да се врти во полиција, прва помош, противпожарни единици или било каков да имаат граѓаните, ќе повикуваат само еден број и тој број е финансиран од Европската унија. Сега парадоксално е дека ова е едно од барањата или критериумите за членство во ЕУ, која и финансира, а тие 15 отсто кои беа определени во прекција за идната година, сега најновата проекција која ја добивам за буџетот или како што велат рамките на тоа колку можеме да бараме, тие 15 отсто што државата ни ги одобри, сега идната година се скратени, така да не знам што кажам. Тое е тотално неглижирање на еден многу важен аспект и плус барање на ЕУ. Тие финасираат, ние имаме само 15 отсто да учествуваме во проектот и тие 15% со проекцијата или планирањето на буџетот за идните две години се скратрени. Тоа е апсурдно.

Поголеми пожари во земјава имаше уште од март оваа година, па сега повторно секојдневно гледаме запалени шуми на стотици локации. Зошто со години државата не може да ги превенира пожарите?

„Превенцијата е една од функциите на Центарот, значи превенција, рано предупредување и координација. Јас во оваа прилика би нагласил дека ние во делот на превенцијата практично не можеме ништо да правиме, бидејќи не добиваме никакви средства за организирање. Тоа не е баш многу добра политика, затоа што еден денар вложен во превенција заштедува седум денари во санирање во поседиците од несреќата. Значи ние сега наместо да го инвестираме тој еден денар во превенција, ние после плаќаме скапо во санирање на последиците. Тоа е многу важно прашање, ние од наша страна правиме координација, но ние немаме ресурси директно за на терен. Второто прашање е во улогата на ЦУК, ние имаме улога во прогласена кризна состојба, законски ние преземаме координација на сите институции кои треба да се ангажираат во справување со несреќа, било да се од природна или од друга природа. Само во кризна состојба тоа веќе го менаџираеме со мигрантската криза, но од друга страна во време на нормална состојба институциите треба да знаат дека ако има пожар прво на терен ќе интервенираат луѓето од Македонски шуми, а потоа локалната самоуправа бидејќи територијалните единици се под локалната власт и потоа ние ги информираме и ургираме кон сите други да има интервенција на Дирекцијата за заштита и спасување и во случај тие да не може да се справат со пожар во овој случај, тогаш се свикува нашето тело кое редовно се состанува, тоа е главен штаб, но исто така имаме и група за процена во која по екс-официо ја водам јас како директор. Заедно со претставници на институциите на системот, ние проценуваме дали треба да се прогласи кризна состојба за да Армијата интервенира во справувањето во овој случај со пожарите. Значи има одредена процедура.

Целото интервју со се директорот на Центарот за управување со кризи Агрон Буџаку​ може да го погледнете на видео снимката на почетокот на овој текст.