Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп и неговата демократска противкандидатка, заменик-претседателката Камала Харис ќе го започнат денот со анкетите кои треба да го покажат исходот од нивната прва - а, можеби и единствена дебата, што има потенцијал да катапултира еден од нив во јасно водство на само 56 дена пред изборите.
Ако дебата го направи тоа, со едно големо „ако“, со главно зацврстени мислења за двајцата кандидати - речиси сигурно во водство ќе биде Харис.
Поранешниот претседател започна доволно добро, критикувајќи ја Харис за управувањето на администрацијата со економијата и имиграцијата, две од најважните прашања за гласачите. За време на претседателот Џо Бајден и Харис, инфлацијата во САД скокна, повредувајќи ги Американците од средната и пониската класа, додека илегалната имиграција се зголеми, вршејќи притисок врз градските буџети.
Харис, која изгледаше нервозна на почетокот, брзо ја најде својата предност кога темата се сврте кон абортусот, нејзината силна страна, обвинувајќи го Трамп дека ги одзема слободите на жените.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Трамп ја поддржа одлуката на Врховниот суд од 2022 година да го поништи федералниот закон стар речиси 50 години кој дозволува абортуси, велејќи дека државите треба да одлучат дали ќе го дозволат тоа и под кои услови.
Оттаму, Харис успеа во она што се чинеше дека е една од нејзините главни задачи: да го поттикне својот противкандидат да се впушти во неиспитани озборувања за себе и за минатото, дозволувајќи му да го обвини дека не е фокусиран на американскиот гласач.
Харис имаше неколку незаборавни „удари“ додека се обидуваше да ги претвори наводните силни страни на Трамп во слабости.
Таа го обвини Трамп дека направил ужасен договор со Талибанците пред повлекувањето на САД од Авганистан, рече дека рускиот претседател Владимир Путин „ќе го изеде за ручек“ и дека странските лидери „се смеат“ на него.
Трамп возврати со тоа што ја нарече Харис „марксист“, поврзувајќи ја со претседателот Бајден и остро праша зошто не ги исполнила своите планови по три години на власт.
Харис имаше уште една цел за време на дебатата. Имено да се дефинира себеси пред гласачите, кажувајќи им каде стои по клучните прашања. Неодамнешната анкета покажа дека повеќе од четвртина од гласачите не го познаваат добро 59-годишниот потпретседател.
Харис се појави како веројатен демократски кандидат пред само седум недели и оттогаш главно ги избегнува медиумите, даде само едно големо интервју. Тоа го направи нејзиниот дебатен настап уште покритичен за нејзината кампања.
Видете и ова: Балоните паднаа, Конвенцијата заврши, сега почнува тешкиот дел за ХарисХарис допре и до некои предлози во политиката, како што е поддршката за поголемо даночно олеснување за децата, но таа не навлезе во детали, како на пример, како ќе се плаќаат нејзините политики, оставајќи ги отворени прашањата дали тоа ќе биде доволно за да ги задоволи гласачите.
Седумдесет и осумгодишниот Трамп од своја страна требаше да покаже воздржаност и да ги фокусира своите напади на ранливите места на Харис, како што се имиграцијата и економијата. Иако можеби успеа за второто, за првото на моменти луташе, губејќи го својот фокус.
Модераторите на дебатата неколку пати го проверуваа поранешниот претседател, вклучително и неговото тврдење дека имигрантите јадат домашни миленици во еден град во Охајо, нешто за што рекоа дека не нашле докази.
Видете и ова: Харис го покани Трамп на втора дебата во октомвриСепак имаше и критики од поддржувачите на Трамп дека модераторите не ја испитувале Харис, кој изнесе погрешно тврдење дека невработеноста под Трамп била најлоша од времето на Големата депресија.
Изборите, кои ќе се одржат на 5 ноември, речиси сигурно ќе ги определат релативно малиот број неопределени гласачи во седум сојузни држави.
Трамп и Харис требаше да ги убедат дека тие се подобриот кандидат.
Кампањата на Харис јасно почувствува дека нивниот кандидат ја имал предноста во дебата, повикувајќи веднаш на втора дебата - повик што Трамп го окарактеризира како Харис „изгубила вечерва многу лошо“.
Прашањето сега е дали дебатата ќе направи разлика на единственото место што се брои - гласачките ливчиња.