Руска историја на сомнителни авионски несреќи

Остатоци од полскиот претседателски авион што се урна во Смоленск, во западна Русија, на 10 април 2010 година.

Што знаеме за падот на авионот на Пригожин и за други руски воздухопловни катастрофи во минатото, кои исто така ве тераат да си ги кренете веѓите?

Патничкиот авион „Ембаер Легаси 600 се изгубил од екраните на радарите околу 18:11 часот по московско време на 23 август, не долго по полетувањето од московскиот аеродром Шереметјево на пат за Санкт Петербург. Спасувачите ги пронашле остатоците од авионот неколку часа подоцна во близина на градот Твер, северно од Москва.

Според руските власти, загинале десет лица кои биле во авионот. Наводно меѓу загинатите е и Евгениј Пригожин - човекот кој му го приреди најтешкиот предизвик на Владимир Путин, во неговото 23 годишно владеење во Русија.

Се претпоставува дека во несреќата загинал Пригожин, познат како „готвачот на Путин“, а потоа попознат по неговата немилосрдна платеничка компанија Вагнер. Руските власти сè уште не ги потврдија извештаите на неговите сојузници, поддржувачи и на некои руски медиуми дека тој загинал.

Видете и ова: Путин изрази сочувство до семејството на Пригожин


Меѓутоа, ако се потврди, тоа нема да биде прв пат во модерна Русија да се сруши авион, а тоа да биде обвиено со сомнеж, со широки политички импликации за Русија.

Еве што знаеме за падот на авионот на Пригожин и за други руски воздухопловни катастрофи во минатото кои исто така ве тераат да си ги кренете веѓите.

Евгениј Пригожин во Владивосток во мај.


Не недостасуваат причини

Авионот Ембаер, е еден од неколкуте за кое е познато дека му припаѓале на Пригожин, според записите за регистрација на авиони. Руските воздухопловни власти објавија патнички список во кој се наведени седум патници во авионот, плус тројца членови на екипажот.

Името на Пригожин беше на списокот, а на него се наоѓа и името на еден од неговите главни поручници, поранешен соработник на руската разузнавачка служба Дмитриј Уткин.

Првичните извештаи сугерираа дека авионот можеби бил соборен од руската противвоздушна одбрана. Непотврдено видео објавено на социјалните мрежи, во меѓувреме, покажува авион кој спирално паѓа од небото, проследен со чад.

Канал на „Телеграм“ поврзан со руските безбедносни агенции, на 24 август соопшти дека истражителите испитуваат дали во опремата за слетување била поставена експлозивна направа.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Пригожин - Од “готвачот на Путин“ до бунтовен платеник

Има многу причини зошто Кремљ, или некој во Министерството за одбрана или руската разузнавачка заедница, би можеле да посакаат Пригожин да е мртов. Пригожин отворено, а често и вулгарно, оспоруваше како руските команданти ја водат војната против Украина, често навредувајќи ги по име министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот, генералот Валери Герасимов.

Бунтот кој Пригожин го започна точно два месеци пред авионската несреќа, на 23 јуни, во меѓувреме, беше тектонски политички настан во Русија, опишан од директорот на ЦИА, како „најдиректен напад врз руската држава во 23 години власт на Владимир Путин“.

Но, откако ги означи бунтовниците како предавници, Путин не направи ништо за да гони или казни некој од нив, вклучително и Пригожин. Се чини дека до сега, највисоката казна е за генералот Сергеј Суровикин, кој накратко командуваше со инвазијата во Украина, кој се сметаше за сојузник на Пригожин и кој можеби однапред бил известен за бунтот. Суровикин, наводно, бил отстранет од командата на руските воздушни сили оваа недела.

Потенцијален предизвикувач на Путин

Со силна вилица, тежок глас и познат по смешни афоризми, Александар Лебед првпат привлече внимание како генерал на воздухопловните сили за време на обидот за пуч во 1991 година, кога одби да им нареди на своите сили да го потиснат отпорот предводен од Борис Елцин. Дополнителна слава стекна кога, како командант на 14-та руска армија, ја предводеше граѓанската војна во 1992 година во Молдавија, каде ривалските фракции беа подготвени за отворен конфликт.

Алкесандар Лебед


Лебед се кандидираше на контроверзните претседателски избори во 1996 година, и го освои третото место зад Елцин и лидерот на Комунистичката партија Генадиј Зјуганов. Потоа го поддржа Елцин, кој му возврати со назначувањето на Лебед за секретар на Националниот совет за безбедност, отворајќи го патот за реизбор на Елцин.

Лебед тогаш ги водеше преговорите со самопрогласениот претседател на Чеченија, Аслан Масхадов, за ставање крај на Првата чеченска војна во август 1996 година. Меѓутоа на тој договор, некои гледаа како на понижувачка капитулација, а конфликтот со советниците на Елцин доведе до тоа Лебед да биде отпуштен во октомври 1996.

Две години подоцна, тој победи на изборите за гувернер на сибирскиот регион Краснојарск, богат со ресурси, поради шпекулациите дека би можел да се кандидира за претседател во 2000 година. Меѓутоа на изборите во 2000 победи Путин.

Во април 2002 година, Лебед беше на пат да отвори нов ски-центар во планините во јужен Краснојарск, кога хеликоптерот Ми-8 со кој леташе, заедно со 16 други патници и членови на екипажот, се урна. Загинаа осум лица, меѓу кои и Лебед, кој почина на пат кон болница. Властите соопштија дека леталото паднало откако налетало на далноводи во услови на магла и го обвинија екипажот.

Меѓутоа, соработниците на Лебед, и барем еден член на рускиот парламент, тврдеа дека хеликоптерот бил саботиран. Една упорна теорија, која никогаш не беше потврдена, тврдеше дека на хеликоптерот бил поставен експлозив.

Смртта на Лебед ги запрепасти следбениците што тој ги стекна со годините, како и неговите поддржувачи во руските воени и разузнавачки агенции. Со оглед на тоа што Путин веќе тргна кон консолидирање на својата моќ, некои новинари и политички сојузници шпекулираа дека Лебед би му бил сериозен предизвикувач на Путин. Тој, исто така, стекна непријатели меѓу бизнис интересите кои се натпреваруваа за контрола на вредната индустрија за алуминиум и никел во Краснојарск.

Духовите на Катин

Масакрот на илјадници полски воени офицери и други високи претставници на полското општество во Катинската шума во близина на Смоленск со години беше гнојна рана меѓу Варшава и Москва.

Еден човек држи фотографија од Лех Качински за време на церемонијата за сеќавање на покојниот полски претседател во Варшава во февруари 2016 година.


Во текот на осумдесеттите и деведесеттите години на минатиот век, тензиите се намалија со помош на доказите откриени од страна на советските и руските историчари. Тие откриле дека советската тајна полиција, а не нацистичките чувари, ги извршиле убиствата. На 10 април 2010 година, авион на полските воздухопловни сили со 96 членови на полската влада и нивни роднини полета од Варшава до Смоленск за да ја одбележат 70-годишнината од убиствата - значаен настан во односите на двете земји.

Авионот Тупољев, меѓутоа се урна во услови на магла на приод кон аеродромот во Смоленск. Сите 96 луѓе во авионот загинаа, вклучително и полскиот претседател Лех Качински, началникот на полскиот Генералштаб и десетици воени службеници, пратеници, свештеници и други лица.

Настанот беше трауматичен за Полска, и потсети на убиствата на полската елита во 1940 година.

Руси кои умреле откако му се спротивставиле на Кремљ

И полските и руските истражители не открија технички проблеми со авионот. Вината падна во голема мера на пилотите, а можеби и на воените службеници во авионот, за кои се вели дека се спротивставиле да го пренасочат авионот на друг аеродром. Полските власти подоцна открија вина во полската воена единица одговорна за официјални летови.

Меѓутоа, со текот на времето, руските и полските заклучоци почнаа да се разликуваат, при што некои во Полска тврдеа дека несреќата била намерна, обвинувајќи ги руските контролори на воздушниот сообраќај и шпекулирајќи за присуство на траги од експлозив. Во меѓувреме, Русија одби да ги предаде снимачите за летот на авионот. Некои функционери во полската владејачка партија „Право и правда“ ја прифатија теоријата дека несреќата е атентат, па дури и го обвинија ривалскиот полски политичар, Доналд Туск, дека организирал прикривање.

Во април 2023 година, преживеаниот брат близнак на Лех Качински, Јарослав, кој стана еден од најмоќните полски политичари, сугерираше на руско соучесништво во несреќата, означувајќи го како атентат.

Видете и ова: Подемот на Пригожин: „Готвачот на Путин“

Строго доверливо

Во доцните 1980 години, за време на програмата на советскиот лидер Михаил Горбачов за гласност, или отвореност, независните новинари почнаа да си прават простор за објавување на скандали за познатите.
Артјом Боровик беше пионер во тој напор, правејќи ексклузивни извешаи од Авганистан за време на советската инвазија.

По распадот на Советскиот Сојуз, тој го создаде истражувачкиот весник „Совершено секретно“ во популарна мултимедијална империја, копајќи по корупцијата меѓу руската елита.

Боровик, исто така, го критикуваше водењето на Првата чеченска војна и беше многу скептичен за руското бомбардирање во 1999 година, што помогнаа да се отвори патот за Втората чеченска војна. Официјални лица ги обвинија чеченските терористи за експлозиите, во кои загинаа десетици луѓе.

Сепак, мала, упорна група новинари и независни истражители укажаа на доказите дека руските безбедносни служби можеби стојат зад експлозиите, заговор кој има за цел и да ја оправда новата инвазија на Чеченија, но и да го поттикне Путин на претседателската функција.

Во 2000 година, Боровик ја истражуваше гласината дека мајката на Путин не била Русинка во Санкт Петербург по Втората светска војна, туку всушност била жена која живеела во сиромаштија во рурално грузиско село.

Видете и ова: Русија во новата учебна година со часови по историја за политички цели

На 9 март, Боровик, заедно со чеченски бизнисмен, планирале да летаат за Киев како дел од таа истрага. Авионот, Јаковлев Јак-40 со девет патници, се урнал неколку секунди по полетувањето од аеродромот Шереметјево од височина од само 50 метри, според извештаите во печатот во тоа време.

Руските власти обвинија дека станува збор за грешка на пилотот и рекоа дека крилата на авионот не биле замрзнати пред полетувањето. Се шират шпекулации дека несреќата била намерна, можеби имала за цел да убие друг чеченски бизнисмен кој бил на летот за кој се знаело дека ги финансирал чеченските сепаратистички борци.

Колегите на Боровик во „Совершено Секретно“, сепак, истакнаа дека тој постојано добивал смртни закани и дека ја финализирал статијата за наводната мајка на Путин од Грузија.

Други новинари и историчари подоцна ја поврзаа смртта на Боровик конкретно со неговото истражување за Путин и со написот што тој планираше да го објави неколку дена пред претседателските избори на 26 март 2000 година, на кои Путин се кандидираше за прв пат.

Путин, потоа победи.