Премиерот Димитар Ковачевски на дечињата од најстарата градинка во државата „Орце Николов“ во скопската општина Карпош, им предаде „клуч“ за нов објект.
Тие добија макета од клуч во големина на едно предшколско дете, а тие му возвратија со макета од автомобил и цртеж. Потоа премиерот, под будното око на камерите, седна со децата околу малата маса и им читаше сликовница.
Слично беше и пред една недела, кога отвараше градинка во Пробиштип, мал град во источниот дел од земјата.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Во август, според објавите на премиерот на социјалните мрежи, тој освен што отвораше градинки, проверуваше до каде е изградбата на мостот „Љубљанска“ кој се гради на реката Вардар во Скопје, беше во посета и на компании кои користат државна помош за да го подобрат своето работење, потсетуваше дека се удрени темелите за изградбата на коридорите 8 и 10 Д. Но ако се оди според план, автопатите нема да бидат готови до 2027.
„Како ниту една друга Влада вложуваме во секој дел од државата, бидејќи влогот во патната инфраструктура е влог во иднината на сите наши граѓани!“, порачува премиерот.
Премиерот во август на трибини им ја приближуваше Европската унија на граѓаните, се среќаваше со државници, беше во работна посета на соседството, пушташе во употреба социјални станови, а на почетокот на август заедно со премиерот на Албанија, Еди Рама, на граничниот премин Ќафасан-Ќафтане, го пуштија во употреба „One-stop-shop“, заедничко управување на граничните и царински контроли со едно застанување.
Премиерот за секој настан на социјалните мрежи споделува фотографии, професионално измонтирани видеа, аудио клипови за тоа каде бил, со кого се сретнал, што посетил.
Во својата промоција не заостанува ниту лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. Тој редовно прави увид на проектите што ги направиле градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Иако се опозиција на централно ниво, тие на локалните избори во 2021 ВМРО-ДПМНЕ ја освоија локалната власт во најмногу општини.
„Тоа го изместува фокусот од најважните јавни работи врз некои формални и протоколарни активности кои се од помал јавен интерес. Тие даваат привид на транспарентност и често се користат за дефокусирање од можеби некои поважни работи и активности, кои или не се одвиваат или се одвиваат зад сцена“, вели тој за Радио Слободна Европа.
Но во секојдневните активности на премиерот, кои редовно ги споделува на социјалните мрежи, не само во август, туку и во целиот негов мандат, не може да се забележат пуштање во употреба на некој капитален проект како хидроцентрала, автопат, голема фабрика, железничка пруга.
Видете и ова: Патот од Тетово до Призрен децениско ветување како пругата до БугаријаВо земјава има неколку „вечни“ проекти, како пругата кон Бугарија, автопатот од Кичево за Охрид, проектот за хидроцентралата Чебрен и Галиште, кои се уште чекаат некои подобри времиња за да им се пресече лента и да се пуштат во употреба. На оваа група им се приклучи и најавата за пат од Тетово до Призрен во соседно Косово, пред Шар Планина.
„Тоа се проекти кои никогаш нема да бидат завршени, бидејќи нема ни вистинска политичка волја, а нема ниту капацитет. Не е лесно да се направат толку километри пруга или патишта, само имотно правните работи да си завршите има да се блокираат цели одделенија заради незавршени домашни работи“, вели Александар Цветкоски од Асоцијација за граѓанска толеранција и соработка (АГТИС.
Тој додава дека општата оценка на јавноста е дека оваа влада многу слабо ги заврши домашните задачи и тоа не може да се покрие со некои мали проектчиња.