Поранешниот нарко зависник Драган: „Изгубив волја за живот, но најдов излез“
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Дваесетитригодишниот Драган Денковски како средношколец почнал да зема улични дроги и тоа го правел пет години. Пред камерата на РСЕ раскажа како наркотиците му го уништувале животот, но и како успеал да излезе од кругот на зависноста. Сега сака да им ги отвори очите на младите и да им помогне на оние кои тргнале по лошиот пат, бидејќи, како што вели, секогаш има надеж и спас. Сведочи дека дрогата е многу лесно достапна и на институциите им порачува да зададат ефективен удар за ова да запре.