Неказнивоста најголема болка во борбата против корупцијата

Графика - поткаст Зошто

„Tоа што го гледаме во здравството, образованието, правосудството, на улиците – тоа се се последици на корупцијата. Тоа се последици од недомаќинско работење со јавните пари, нивната секојдневна злоупотреба а слоганот дека нема правда нема мир значи дека корупцијата ни се повторува и зема замав затоа што нема правда“, вели Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации за поткастот Зошто.

Kорупција, криминал на високо ниво. Проблеми во правосудство. Ова е оценка на Европската Комисија, на САД и домашни релевантни институции. Во здравството недостигаат лекови, во образованието учебници и пред се, што бидна со она „нема правда – нема мир“ слоганот со кој шарената револуција го урна режимот на Никола Груевски. Во ова издание на Зошто разговараме со Герман Филков новинар, истражувач и сега на чело на Центарoт за граѓански комуникации.

„Оваа најава ја опфаќа целата состојба, причините и последиците и алудира на решенија. Значи прво тоа што го гледаме секојдневно во здравството, образованието, правосудството, на улиците – тоа се се последици на корупцијата. Тоа се последици од недомаќинско работење со јавните пари, нивната секојдневна злоупотреба а слоганот дека нема правда нема мир значи дека корупцијата ни се повторува и зема замав затоа што нема правда“, вели Филков.

Фотографија од поткаст „Зошто“ со Зоран Ќука и Герман Филков

Центарот за граѓански комуникации меѓу другото, мониторира јавни набавки, тендери, процедури, има проекти чија цел е да се зголемат ангажманот и соработката на граѓаните, граѓанското општество, медиумите и приватниот сектор во борбата против корупцијата, што треба да доведе до подобрување на владината реакција и ефективност во справувањето со корупцијата во сите сектори на национално и локално ниво.

Корупцијата стана исплатлива дејност

Ретко слушаме дека некој е казнет, вели Филков, и се повикува на познатата формула „Корупцијата е голема кога ризикот е мал“

„Тука ризикот да украдете нешто и ризикот да одговарате и да одите во затвор се сведува практично на нула. Затоа корупцијата е кај нас високо и широко распространета исплатлива дејност и последиците се таму од каде што се земени парите“, вели Герман Филков за поткастот Зошто.

Со него разговараме и за ефектите од работата на Центарот за граѓански комуникации, за црните листи на САД и извештаите на ЕУ.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Корупцијата е голема кога ризикот е мал

Филков, наведува дека сепак граѓанската свест е подигната и оти медиуми играат се по активна улога во откривањето и справувањето со корупцијата. Тој вели дека има надеж, за промовирање на добро владеење и одговорност.

Слушајте не, следете го поткастот Зошто на Слободна Европа и на Спотифај, Јутјуб, Ејпл и Гугл поткаст. Кликнете на Зошто и давајте ни идеи и теми кои сакате да ги слушате, а ние ќе прашуваме преку нашите социјалните мрежи.