Каков беше одѕивот на огласот за продажба на конфискуваните станови на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков?
Мислам дека имало понудувачи, имало заинтересирани луѓе и купил тој што давал повеќе. Затоа што тука е многу интересно, во ниту еден момент не може да се намали цената од тоа што го одредило Бирото за судско вештачење, туку цело време сумата може само да се зголемува. Тука е добро што кој дава повеќе, тој може да купи. Јас сум благодарен што аукцијата е електронска и што никој не може ништо да злоупотреби во наддавањето.
Колку и зошто останаа непродадени делови од имотот на Мијалков?
Мене ми е чудно што остана непродаден дел од имотот на господинот Сашо Мијалков. Откако јас сум дојден тука презедовме сериозни чекори да ги разгледуваме сите предмети и сите можности каде ќе може да ги ставиме на јавна аукција имотите од предметите за кои веќе има правосилна пресуда од Судот. Ниту една третина нема продадено од имотот на господинот Сашо Мијалков, затоа што тука располагам со дваесет и нешто недвижни имоти коишто планираме во многу краток период да ги објавиме.
Во однос на акциите во банките, каков беше интересот?
Акциите одат преку берзанска аукција, за нив се води малку поинаква продажба, не е како недвижниот имот. Јас бев изненаден зошто немаше никаков интерес од страна на граѓаните за да ги купат тие акции. Немаше ниту еден понудувач што сака да ги купи тие акции. Јас серозно останав без коментар зошто нема заинтересирани купувачи. Но ние нема да застанеме тука, во рок од шест месеци пак ќе ги објавиме.
Видете и ова: „Големото уво“ остана неказнетоРековте дека една третина од недвижниот имот на Мијалков е продадена. Впечатокот на јавноста е дека целата процедура некако оди бавно.
Можеби порано одело бавно. Но откако ние ја презедовме функцијата, имам сериозно добра екипа и сериозно работиме на предметите цело време и нема да оди бавно, верувам дека до Нова година ќе има уште многу имот ставен на јавна аукција, а дали ќе се продаде тоа граѓаните нека одлучат.
Директоре, кога конфискуваните станови на поранешниот премиер Никола Груевски на „Бихаќка“ и трите апартмани во „Панорама резиденс“ ќе бидат ставени на продажба?
Ние како Агенција за управување со одземен имот и лично јас како директор ги ставив на дневен ред пред Управниот одбор. Управниот одбор едногласно се согласи да ги ставиме на јавна аукција сите тие недвижни имоти што јас ги предложив. Сега само е проследено до Влада на Република Македонија. Од таму очекуваме согласност во најкраток можен период за ние после тоа имаме право да ги прикачиме во електронскиот систем за јавна аукција.
Во однос на вредноста на недвижниот имот на господинот Груевски, што покажува проценката на имотот? Дали останува уште онаа бројка за која зборуваше обвинителката Лиле Стефанова во предметот „Плацеви на Водно“, за вредност од три милиони евра?
Според тоа што јас поседувам документација за проценките од Бирото за судски вештачења, досега целиот имот не е се уште комплетиран со проценка, имаме уште два недвижни имота, КО „Нерава“ и КО „Центар“ што уште не е пристигната кај нас проценката од Биро за судски вештачења, но заради сето друго што е веќе направена проценката, за сите станови, и за тие на „Бихаќка“ и за тие во „Панорама резиденс“, е некаде околу 2 милиона евра, еден милион и 950 илјади евра.
Видете и ова: Заврши истрагата за „Империја“, кој имот поврзан со Мијалков и Камчев е замрзнатНаправена е проценката од Бирото за судски вештачења, дека ако ги ставиме на продажба, ако аукцијата заврши успешно, таа сума може да се врати за многу брзо време во буџетот на државата.
А што ќе се случува со конфискуваните плацеви на Водно? Дали тие ќе бидат ставени на продажба, или државата можеби ќе има интерес да ги остави во своја сопственост како шума, а не како градежна парцела, како што досега беа стекнати?
Моментално, ние како Агенција за управување со одземен имот секоја правосилна пресуда од прекршочна или кривична постапка, мора да ја спроведуваме, нѐ задолжува законот да ја дадеме до Управниот одбор, кој одлучува дали таа парцела да се продава,а после тоа ние бараме согласност од Владата.
Значи, вас ве обврзува законот откако ќе заврши проценката за вредноста на имотот, вие да го ставите на продажба?
Мене ме обврзува законот откако ќе заврши проценката, да дадеме предлог за продажба до Управниот одбор. Ако Управниот одбор се согласува, дека нема никакви неправилности, после се проследува во Владата. Ако Владата не ни даде согласност, ние не можеме ништо да објавиме на јавна аукција.
Значи, во ваква ситуација, Владата е таа што ќе каже дали ќе бидат градежни парцели или шума?
Мислам дека да.
Видете и ова: Финансиски и политички последици од американските санкции за Груевски и Мијалков
Случајот „Рекет“ и конфискацијата што ја спроведе тогаш обвинителството за овој предмет го привлече вниманието ја јавноста. Што се случи со конфискуваната облека на сега веќе осудениот Бојан Јовановски познат во јавноста како Боки 13 и троседот на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева?
За Боки 13 и за некои специфични предмети уште првата втората недела пуштив сите тие предмети да се работат, а зошто не се работеле со години наназад тоа треба некој друг да прашувате. Така што, облеката на Бојан Јовановски – Боки 13, е веќе во нашите магацини, складови, и мислам дека вчера ни е пристигната процена од страна на проценители колку кошта сето тоа зошто нема само облека.
Видете и ова: Агенција што конфискува имот нема имотен лист
Тој има разен вид на текстил, наочари, ташни, чевли од разни видови брендови во светот, тоа значи дека се скапи брендови, и мислам дека сумата беше до 650 000 евра приближно, не ме фаќајте за збор – неколку евра помалку или повеќе. Сега ќе ги ставиме на дневен ред во Управен одбор и тој ќе ги проследи до Владата и ќе чекаме согласност од Владата.
Мислам дека за многу краток период, неколку дена се во прашање додека ја ставиме разната стока на Бојан Јовановски или т.н. Боки -13 на продажба.
А троседот на Катица Јанева?
Лично јас сум го посетил и троседот на Катица Јанева, тоа стои во магацин, ќе можете и вие да го снимате, нема процена за него. Други работи од Катица Јанева, мислам дека се во интерес на граѓаните да ги дознаат, дека има и недвижности, но сите тие се во идеален дел. Тоа значи дека идеалниот дел ние немаме законска можност, со сегашниот закон, како ние може да го продаваме тој идеален простор на недвижностите на Катица Јанева. Но, со новиот закон мислам дека ова прашање веќе ќе биде регулирано и ќе можеме и тој идеален дел да го ставиме на наддавање.
Видете и ова: Боки 13 најави операција „Бумеранг“, над милион „бомби“ ќе завршат во ОбвинителствоШто од недвижен имот е во сопственост на државата, а беше претходно на сега веќе осудената Катица Јанева?
Има сопственост на државата, имаме неколку идеални простории по станови, недвижен имот, земјиште мислам дека е. Тој недвижен имот веќе е во сопственост на државата, но се уште чекаме проценка да направиме и да знаеме колку изнесува сумата на просториите на обвинителката Катица Јанева.
Видете и ова: Бројчаникот на Триумфалната капија не вртиВо пракса тоа значи дека не може да се продаде додека...
Сè додека не се промени законот за идеални простории, ние не можеме да ги продаваме.
Интервјуто со директорот на Агенцијата за конфискација на имот Дритон Небиу може да го погледнете во видеото погоре.