Моментот кога руска граната падна покрај екипата на РСЕ во Украина
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Руска граната падна толку блиску што можеше директно да ја погоди екипата на РСЕ на линијата на фронтот во украинскиот регион Доњецк. Дописникот Роман Пахулич и снимателот Павло Холодов биле со украински војници кои управувале со беспилотни летала на 10 октомври кога паднала граната. Тие и повредениот персонал на украинската армија беа евакуирани на место за медицински прегледи и лекување, а подоцна беа отпуштени.