Извештајот на СЗО и она што се случува на теренот во земјава е тема на ова издание на Зошто а наш гостин е Др. Лидија Јовчевска Ивановска- специјалист гинеколог во Младински центар "Сакам да знам"- Шуто Оризари и мобилна гинеколошка амбуланта на ХЕРА.
Извештајот за Европа открива дека употребата на кондоми кај сексуално активните адолесценти, значително се намалила oд 2014 година, а стапката на незаштитен секс е високо загрозувачко. Ова е информација пренесена Институтот за јавно здравје на Светскиот ден на контрацепцијата на 26 септември. Звучи поразително и за Европа и за земјава? Што е според вас причината младите да биле посвесни за здравјето пред десет години отколку сега?
„Меѓу другото, пандемијата одзеде 4 години, односно во овој период ги попречи активностите за едуцирање на младите“
Станува збор за дел од студија за здравственото однесување кај децата на училишна возраст. Биле анкетирани над 242.000 адолесценти, на 15-годишна возраст во 42 земји и региони во периодот од 2014-2022 година, меѓу кои и адолесценти од Северна Македонија. Ова ги става младите во значителен ризик од сексуално преносливи инфекции и непланирана бременост. Вие доктор Ивановска работите на терен. Кои се вашите сознанија?
„Сите млади треба да уживаат во сексуалноста. Нормално е да се интересираат како и кога, но пандемијата беше сопирачка. Треба нови напори за да се работи со младите за тоа како да бидат безбедни, како да се заштитат од небезбеден сексуален односи и каква контрацепција треба да користат“. вели доктор Ивановска.
Младите доаѓаат во мобилната гинеколошка амбуланта на ХЕРА, појаснува доктор Лидија Јовчевска Ивановска. Со неа разговаравме и за начинот на кој функционира Младински центар "Сакам да знам"- Шуто Оризари и мобилна гинеколошка амбуланта на ХЕРА.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Клучните наоди од извештајот покажуваат дека има намалување на употреба на кондоми – процентот на сексуално активни адолесценти, кои користеле кондом при последен однос паднал од 70 проценти на 61 отсто кај момчињата и од 63 проценти на 57 отсто кај девојчињата во период помеѓу 2014 и 2022 година.
Адолесцентите од Северна Македонија се наоѓаат на високото четврто место. Социо-економски разлики – адолесцентите од семејства со ниски примања имале поголема веројатност да изјават дека не користеле кондом или контрацептивни таблети на нивниот последен сексуален однос, отколку нивните врсници од добро ситуирани семејства – 33 проценти во споредба со 25 отсто, се додава во соопштението на Институтот за Јавно Здравство.
Кога станува збор за употреба на контрацептивни таблети, извештајот покажува дека употребата на контрацептивни таблети за време на последниот сексуален однос, останала релативно стабилна помеѓу 2014 и 2022 година, при што 26 проценти од 15-годишните адолесценти пријавиле дека тие или пак нивните партнери, користеле контрацептивни таблети при сексуален однос.
Често се вели па и тука дека е потребно сеопфтно образование за сексуално здравје и ресурси за тинејџерите да имаат пристап до точни информации за сексуалното образование и да носат правилни одлуки за своето здравје. Станува збор за ранлив период. Дали во државата се превземаат мерки за да им се помогне на младите да носат правилни одлуки за сексот?
Мора да се има стратегија, план како да се едуцираат младите и во Училиштата. Државата мора да преземе повеќе активности, вели доктор Лидија, одговарајќи директно со НЕ на прашањето дали е задоволна од мерките кои се превземаат на национално ниво.
Со неа разговараме и за дијалогот со младите, за потребатра од отворени и искрени разговори за сексуалното здравје во семејствата, во училиштата и заедниците, со цел да се намали стигмата и да се зголеми свеста и ресурсите кои треба да бидат достапни и во училишни и вон училишни услови.
Слушајте не, следете те го Поткастот Зошто на Слободна Европа и на Спотифај, Јутјуб, Ејпл и Гугл поткаст. Кликнете на Зошто и давајте ни идеи и теми кои сакате да ги слушате, а ние ќе прашуваме преку нашите социјалните мрежи. Поздрав од Дејан Балаловски и Зоран Ќука.