Војните на Израел во Појасот Газа и Либан ги влошија неговите односи со Европа, нејзиниот традиционален сојузник.
Европските земји го критикуваа Израел за неговата разорна воена кампања во палестинската енклава во текот на изминатата година и неговото деструктивно бомбардирање и копнена инвазија на Либан.
Се почести се повиците за воведување ембарго на оружје против Израел, санкции против екстремно десничарските членови на израелската влада и барањата за ревизија на трговскиот договор на Европската Унија со Израел, пишува редакцијата на Радио Слободна Европа на англиски јазик.
Пјер Камило Фаласка, виш соработник во Информативниот центар за Евро-Заливот во Рим, ги опиша актуелните односи меѓу Израел и Европа како „најлоша состојба во историјата“.
Зголемување на тензиите
Во мај, Шпанија, Ирска и Норвешка официјално ја признаа палестинската држава, што предизвика остар одговор од Израел. Тие се приклучија на осум други земји од 27-члениот блок што веќе ја признаваат Палестина.
Овој главно симболичен потег имаше за цел да го привлече вниманието на преговорите за ставање крај на конфликтот меѓу Израел и палестинската организација Хамас, прогласена за терористичка група од Сединетите Држави и Европската Унија.
Претходно овој месец, италијанската премиерка Џорџа Мелони откри дека земјата вовела ембарго за оружје на Израел од инвазијата на Газа во октомври 2023 година. Италија е трет најголем снабдувач на оружје на Израел.
Израел ја нападна Газа неколку недели откако Хамас изврши напад без преседан во кој загинаа околу 1200 Израелци.
Видете и ова: Внимателниот напад на Израел врз Иран нуди можен „излез“ од кризатаФранцускиот претседател Емануел Макрон претходно овој месец повика на замрзнување на испораките на оружје за Израел. Париз воведе ограничувања за извозот на некои видови оружје и муниција во Израел.
За прв пат, ЕУ санкционираше неколку израелски доселеници во јули за „сериозно и систематско кршење на човековите права“ против Палестинците на окупираниот Западен Брег и блокирање на хуманитарната помош за Газа.
Во меѓувреме, некои европски лидери ја повикаа ЕУ да го разгледа договорот за асоцијација со Израел, тврдејќи дека Израел ја прекршува клаузулата за човекови права во Газа.
Велика Британија, која не е членка на ЕУ, рече дека размислува да санкционира некои екстремно десничарски израелски министри.
Апсолутно ирационално
Фаласка вели дека огромниот број жртви во израелската војна во Газа - каде што, според палестинските власти, загинале повеќе од 42 000 луѓе, главно цивили - го промени јавното мислење во Европа.
Многумина на стариот континент, вели тој, ја сметаат израелската војна „непропорционална и апсолутно ирационална“.
Многу Европејци, додава тој, веруваат дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху можел да примени „похумана, порационална стратегија во борбата против Хамас без да ја уништи целата територија на Газа“, од која повеќето е во урнатини.
Видете и ова: Додека блискоисточната криза ескалира, надежите за дипломатско решение слабеатФаласка смета дека пресвртница за многу европски земји е израелскиот напад врз мировниците на ОН во јужен Либан, во кој некои беа повредени. Војниците од Франција, Италија, Ирска и Шпанија се дел од привремените сили на Обединетите Нации во Либан (УНИФИЛ).
На 19 октомври, 16 министри за одбрана на ЕУ повикаа на „максимален политички и дипломатски притисок врз Израел“ за да се спречат понатамошни напади.
Нимрод Горен, виш соработник за израелски прашања во Институтот за Блискиот Исток во Вашингтон, вели дека масовните протести во Европа и повиците за бојкот на Израел во академските и културните кругови создаваат впечаток дека „нешто се менува“.
Сепак, „на владино ниво, влијанието е помало отколку што гледате во неформалните простори“, вели Горен.
Коен рече дека членките на ЕУ се длабоко поделени околу тоа дали да го прекинат или ограничат договорот за слободна трговија со Израел. Тој рече дека моќните европски земји, како што е Германија, сè уште силно го поддржуваат Израел.
Фаласка заклучува дека конфликтите и зголемените тензии на Блискиот Исток имале директно влијание врз Европа, вклучително и нарушување на меѓународниот поморски сообраќај и зголемување на цената на нафтата.
„ЕУ и европските влади сфаќаат дека треба да бидат попроактивни на Блискиот Исток отколку што беа во минатото“, категоричен е Фаласка.