Инклузивен бенд „Звучен бран“: Музиката се гледа со срцето
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Членовите на бендот „Звучен бран“ имаат оштетен вид, но исклучително добар слух и талент за музика, вели наставникот по музичко Кристијан Тасевски. Инклузивниот бенд составен од ученици од Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ во Скопје е формиран пред еден месец, па сега го полнат репертоарот. Уште на почетокот сфатиле дека кога свират и пеат заедно се посебно среќни и се надеваат дека оваа приказна ќе трае и ќе им донесе многу концерти.