Според една неодамнешна анкета, околу 71 отсто од испитаниците планираат да гласаат, но тоа би било неверојатно добра бројка. На последните избори, во 2019 година, излезноста во повеќето од земјите на ЕУ беше 50,7 проценти.
И тоа се сметаше за добра излезност, бидејќи така беше за првпат по воведувањето на директни избори за европскиот парламент од 1979 година. Бројката всушност се зголеми, со што беше прекинат трендот на постојано опаѓање на процентот на учество во изборите.
Секако, одзивот значително варира од земја до земја. Во Белгија и Луксембург каде гласањето е задолжително, излезноста пред пет години беше скоро 90 отсто на гласачките места, додека во Чешка излезноста беше само 28 отсто и жални 22 проценти во Словачка.
Видете и ова: Заканата од дезинформации во „супер изборната година“ во ЕвропаЗа што всушност гласаат луѓето во ЕУ?
Граѓаните на ЕУ избираат 720 пратеници (членови на Европскиот Парламент) кои доаѓаат од сите земји-членки, приближно врз основа на големината на населението во земјата. Според тоа, Германија ќе испрати најмногу пратеници во Брисел/Стразбур - 96 европратеници, додкеа Кипар, Луксембург и Малта ќе иамат само по 6 пратеници.
Но, има неколку чудни работи со европската демократија. Една од нив е дека всушност не постои европски демос туку 27 демоси, што значи дека иако изборите се нарекуваат „европски“, на нив всушност се натпреваруваат национални политички партии, како на пример германските социјалдемократи (СПД) или шпанската конзервативна Партидо популарна (ПП). Но, штом европратениците ќе бидат избрани од националните листи, тие настојуваат да станат дел од трансевропски политички семејства или групи.
Во парламентот 2019-2024 имаше седум такви групи, кои мора да содржат минимум 23 европратеници од најмалку седум земји на ЕУ.
Очекувањата се повеќето или сите тие групи да останат, но не се исклучува формирање на нови групи. Напорите веќе ги започнаа европратениците од левиот и десниот идеолошки спектар, како и од центарот и тие само ќе се интензивираат.
Видете и ова: Фон дер Лајен го брани планот за соработка со десничарските пратенички групиШто се политичките групи?
Најголемата е широката централно-десничарска Европска народна партија - составена од германската ЦДУ и полската Граѓанска платформа (ПО). Тука се вклучени Социјалистите и Демократите (С&Д), со што групата ги здружува социјалдемократските партии од левиот центар.
Потоа, има мноштво на други групи почнувајќи од „Обнови“ каде се собирани центристичките либерални партии како што е Ренесансата на францускиот претседател Емануел Макрон. Тука се Зелените, кои ги здружуваат зелените/еколошките партии, но и Пиратските партии и каталонските сепаратисти.
Во ГУЕ/НГЛ се собирани екстремно левичарски и комунистички партии, а на другата страна од идеолошкиот спектар ги имате европските конзервативци и реформисти (ЕЦР), кои некои на нив гледаат како националисти, а други како суверенисти. Самите претпочитаат да се категоризираат како антифедералистички евроскептици од поблага варијанта. Тука се вклучени чешката ОДС, полската закон и правда (ПиС), шведските демократи, партијата на Финците и браќата од Италија на италијанската премиерка Џорџа Мелони.
Конечно, тука е Идентитет и демократија (ИД), која е тврдодесничарска група каде членуваат Националниот собир на Марин Ле Пен, Австриската партија на слободата (ФПО) и Лигата на Матео Салвини (Лега). Тука се вклучени и голем број неприврзани европратеници кои честопати припаѓале на една од групите, но биле исфрлани и сè уште не нашле нов дом. Фидес на Виктор Орбан беше исфрлен од ЕПП во 2021 година или Смер на Роберт Фицо,кој ја имаше истата судбина во S&D минатата година.
Видете и ова: Дали треба да се плашиме од порастот на десницата пред изборите за Европскиот парламент?Зошто политичките групи се релевантни?
Важноста на политичките групи во Брисел не треба да се отфрла. Во извесна смисла, тие се како соодветно семејство, кои се грижат за својот дел и ги промовираат своите членови секогаш кога им се укажува можност. Колку е поголемо семејството, имаат толку повеќе време за зборување во парламентот, а со тоа поголеми се шанси да обезбедат претседателство во влијателен комитет, претседателство или потпретседателства на целиот парламент или можност некој член да биде известувач за некоие од клучните политики досиеја. И колку е поголема групата, толку е поголема шансата нејзиниот извештај да биде поддржан, или да помине нејзин амандман на закон. Да се биде неприврзан значи никакво влијание врз постапката. Во Европскиот парламент владеат семејствата.
Кој ќе победи?
Навистина, никој. На крајот на краиштата, европската политика е само за градење коалиции. ЕПП речиси сигурно повторно ќе заврши на врвот како што тоа го правеа на сите европски парламентарни избори од 1999 година навму. Анкетите покажуваат дека најверојатно ќе добијат околу 170 европратеници во новиот дом, што е нешто помалку од пред пет години, но далеку од нивните претходни најславни денови кога тие редовно доаѓаат до над 200. С&Д најверојатно ќе заврши на второто место, како што направија на последните неколку избори, со околу 140 европратеници, што е приближно исто како и во 2019 година.
Но, станува интересно бидејќи другите пет групи се предвидени да добијат некаде помеѓу 30 и 80 седишта секоја. Трката за трето и четврто место навистина е во тек. Изгледа дека „Обнови“ и Зелените ќе ги намалат местата споредба од пред пет години, додека ECR ќе добие повеќе. Но, главната работа на која треба да се внимава е дека може да има над 100 европратеници кои досега не биле поврзани со ниту едно политичко семејство. Многу од нив ќе бидат популисти со различни нијанси, па најверојатно ќе бидат исчистени од ИД или ЕЦР или можеби ќе се формира друга десничарска група на отпадници. Овој простор е интересно да се набљудува.
Видете и ова: Претреси во Европарламентот поради руско мешање во европските избориЗначи, популистичката десница сигурно е големиот победник?
Да и не. Многу е веројатно дека парламентот ќе се навалува кон десно. Ако ги пресметате предвидените места за ИД, ЕЦР и неврзаните, кои главно ќе бидат десничари, и ја додадете централнодесничарската ЕПП, ќе добиете мноизнство од над 400 места.
Но, тука работата е што ЕПП е пред сè многу мејнстрим со прилично значајна федералистичка низа во Европскиот Парламент. И со години се зборува за некаква евроскептична супергрупа, но досега тоа никогаш не се случило, а веројатно нема да се случи и сега. Зошто? Бидејќи е тешко да се израмни кругот на националист на европско ниво. Затоа, многу таканаречени популисти се распоредени во две групи, ЕЦР и ИД, и евентуално би можеле да формираат трета. Тие може да се согласат дека Брисел треба да има помала моќ, но малку може да се согласат за други работи. Честопати, односите со Русија и Кина причина за големи поделби, бидејќи некои страни се супер-јастреби, а други се во многу пријателски односи со Москва и/или Пекинг.
Тоа го потврдува фактот дека Фидес сè уште е без семејство и по три години, но ништо не ги илустрира подобро десничарските поделби од веста од почетокот на мај, кога германската АфД беше исфрлена од групата ИД, откако еден од нивните лидери во интервју изјави дека не секој член на нацистичката СС за време на Третиот Рајх бил „автоматски криминалец“.
Потегот за нивно протерување беше предводен од Марин Ле Пен, која со години се обидува да го ублажи својот имиџ и со гласини дека во иднина можеби ќе сака да се приклучи на „повкусниот“ ECR. Исто така, постојат шпекулации дека Џорџа Мелони, чие доаѓање на власт пред две години поттикна страв кај некои дека Италија може да флертува со фашизмот, ќе се обиде дополнително да го ублажи својот имиџ со преземање на нејзината фракција „Браќата на Италија“ во ЕПП. Значи, „подемот на десничарите“ можеби е само медиумска хистерија. Најважното одземање најверојатно ќе биде следново: четирите добро ценети мејнстрим групи - ЕПП, С&Д, Обнови и Зелените - сепак веројатно ќе добијат над 400 места, што значи мнозинство. Тој е намалување во споредба со претходните години, но сепак повеќе од остварливо.
Видете и ова: ЕУ забрани уште четири руски медиуми поради ширење пропагандаНо, дали тоа ќе има влијание врз политиката на ЕУ?
Еве уште една европско чудо: Европскиот парламент не е како вообичаено демократски избраните национални парламенти во смисла дека европратениците самите не предлагаат закони. Во ЕУ, Европската комисија е таа што има право на иницијатива и го започнува првичното изготвување на потенцијален нов закон. Европскиот парламент тогаш е ко-законодавец заедно со Советот каде што се застапени земјите-членки, што значи дека тие го менуваат предложениот закон, често се ценкаат со Комисијата и Советот со месеци или дури со години во таканаречените тријалози пред нешто да биде всушност договорено и да стане правило во целиот блок. Европскиот парламент е најслабата од овие три институции, која ретко кога добива се, па дури и поголемиот дел од она што го сака. Оваа моќна динамика ќе остане без разлика на кој начин се навалува Европскиот парламент. Но, ако стане подесничарски во следните пет години, можеме да очекуваме дека ќе биде помалку амбициозен за климата, попријателски за земјоделците од ЕУ и помалку заинтересиран за миграцијата во клубот - што во суштина го одразува трендот кој е видлив во многу главни градови на ЕУ во последните години.
Треба ли да се грижам за европските избори?
Сега, ова е местото каде што станува навистина интересно! Европскиот парламент напорно се обидува да се направи порелевантен за просечниот европски гласач. И на некој начин успеа. Земете ја идејата за водечкиот кандидат - познат во Брисел под германското име „Spitzenkandidat“. Ова беше осмислено за европските парламентарни избори во 2014 година и функционира на следниов начин: Политичките групи номинираат личност и доколку политичката група заврши прва на европските избори, таа личност ќе биде номинирана за моќната функција како претседател на Европската комисија. Претходно, таа позиција, заедно со онаа на претседателот на Европскиот совет и шефот за надворешна политика на ЕУ, беше избирана од лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ во тајните заткулински договори во Брисел, земајќи ја предвид не само припадноста на политичките партии, туку и географијата и полот.
Во суштина, трите улоги треба да ги заземат и мажите и жените, како одраз на рамнотежата на клубот - север-југ, исток-запад со трите најголеми партии, обично ЕПП, С&Д и „Обнови“ заземајќи позиција секоја со ЕПП како најголема опција за претседателството на Комисијата.
Во 2014 година, лидерите на ЕУ обрнаа внимание на системот на водечки кандидат со избирање на поранешниот премиер на Луксембург и главен кандидат на ЕПП, Жан-Клод Јункер за претседател на Европската комисија. Но, тие се оддалечија од тоа во 2019 година, кога германскиот европратеник Манфред Вебер беше главен кандидат на ЕПП. Наместо тоа, тогашната германска министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен беше избрана од лидерите на ЕУ, извлечена од релативната нејасност како компромисен кандидат. Оваа година, Урсула Фон дер Лајен бара реизбор и е водечки кандидат на ЕПП - која, како што споменавме погоре, треба да заврши прва.
Видете и ова: Туск: Полска нема да штеди на зајакнување на источната границаДали Фон дер Лајен ќе продолжи како претседател на Комисијата?
Тоа го прашуваат сите. Лидерите на ЕУ ќе треба да го почитуваат резултатот од европските избори на еден или друг начин и ако ЕПП добие пристоен резултат, да речеме над 170 европратеници, ќе биде тешко Фон дер Лајен да се игнорира. Но, тие сепак би можеле да ја игнорираат. Таа генерално не е омилена. Макрон, наводно, сака да го промовира поранешниот италијански премиер и шеф на Европската централна банка Марио Драги, но тој всушност не припаѓа на политичка група. Може да се појави друго лице кое припаѓа на ЕПП бидејќи ќе инсистира на позицијата претседател на Комисијата. Дали романскиот претседател Клаус Јоханис или бугарската шефица на ММФ Кристалина Георгиева би можеле да се појават како „темни коњи“?
S&D, како второпласирани, најверојатно ќе тврдат дека таа претседателска позиција на Советот сега е окупирана од Белгиецот Шарл Мишел, кој мора да замине по еден мандат. Се чини дека фаворитите се поранешниот португалски премиер Антонио Коста или неговата данска колешка Мете Фредериксен. Ако „Обнови“ успеат да се пробијат на третото место на изборите, тие имаат право на претензии кон местото шеф за надворешна политика на ЕУ што сега го држи Жозеп Борел. Естонската премиерка Каја Калас е силен фаворит, но ако нејзиниот ЕЦР го заземе третото место на изборите, би можеле да видиме дури и некој како чешкиот премиер Петр Фиала да ја преземе улогата.
Но, не се само лидерите на ЕУ кои на крајот ќе одлучуваат за судбината на Фон дер Лајен (или за алтернативен кандидат за највисокото место на Комисијата). Новоизбраниот Европски парламент е тој што ќе гласа за предложениот кандидат со просто мнозинство. Во 2019 година, Фон дер Лајен помина со девет гласа. Овојпат, Европскиот парламент можеби ќе сака да ги свитка своите мускули и да отфрли кој и да го предложи Советот, што би било без преседан, но не и изненадувачки. S&D веќе ја предупреди Фон дер Лајен дека треба да престане да се зближува со Мелони и ЕЦР доколку ја сака нивната поддршка. „Трговијата со коњи“ ќе биде интензивна. Потребни се 361 глас. И запомнете дека тоа не завршува тука. Подоцна во текот на годината, секоја земја-членка на ЕУ ќе го предложи својот кандидат за Европската комисија, претседателот на Комисијата ќе им додели портфолио и потоа останува на Европскиот парламент да ги подготви кандидатите на Комисијата. И по традиција, Европскиот парламент ќе отфрли неколку. Минатата година беа отфрлени првичните кандидати од Франција, Унгарија и Романија. И тогаш кога сите потенцијални комесари ќе добијат пропусница, Парламентот ќе ја одобри целата Комисија како целина со едно големо гласање. Целата оваа работа всушност може да се одолговлекува до Божиќ!
Видете и ова: Лајен: Очекуваме Кина да изврши притисок врз Русија за прекин на војната со УкраинаКакво влијание може да има Европскиот парламент врз надворешната политика на ЕУ?
Ако сте граѓанин на ЕУ, треба да се грижите за Европскиот парламент. Можеби не е најмоќната институција во Брисел, но е влијателна, бидејќи е ко-законодавец во важни политички досиеја како енергија, транспорт, животна средина и заштита на потрошувачите. Неколку европратеници, исто така, ги усовршуваат своите вештини во парламентот за подоцна да станат високи министри во нивните земји, додека шарените поранешни лидери, исто така, имаат склоност да завршат во Европскиот парламент, така што дефинитивно е куќа што вреди да се гледа.
Но, ако не сте граѓанин на ЕУ и се прашувате за улогата што ја игра Парламентот во поширокиот свет, тогаш треба да бидете свесни за следново: Европскиот парламент не ја диктира надворешната политика на ЕУ. Надворешната политика и политиката за проширување на ЕУ е во ексклузивен домен на земјите-членки на ЕУ. Парламентот нема право на глас во политиката на санкции, која има тенденција да биде најостриот инструмент што Брисел го има на располагање. И иако има конечно гласање за прием на нова земја-членка на ЕУ, Парламентот нема апсолутно никаков збор во сите чекори што водат до тоа: доделување кандидатски статус, одлука за отворање преговори, отворање и затворање на 30-те + поглавја за пристапување. Освен тоа, Европскиот парламент има тенденција да биде многу про-проширувањето, така што гласањето е секогаш претходен заклучок.
Истото важи и за трговските договори - има конечно гласање, но всушност е ексклузивна надлежност на Европската комисија да преговара за нив и за работи како што е визната либерализација или олеснувањето. Земјите-членки на ЕУ кои треба да дадат зелено светло преку едногласност пред парламентот да гласа. Европскиот парламент за секакви прашања од надворешната политика може да донесува извештаи и резолуции со многу препораки.
Ова е точно, но сите овие активности се необврзувачки и причината зошто европратениците честопати можат да кажат повеќе од, да речеме, шефот за надворешна политика на ЕУ или еврокомесар, е бидејќи немаат влијание во играта и можат да си дозволат да се изјаснат по сите работи. Значи, добри звукови, но не многу друго. И да, некои од овие изјави, извештаи и резолуции понекогаш предизвикуваат возбуда во некои трети земји, бидејќи тие често бараат работи како што се санкции во ЕУ или членство во ЕУ, но вреди да се потсетиме повторно дека ова е ставот на Европскиот парламент, или понекогаш само неговиот Комитетот за надворешни работи, па дури и само мислењето на мал број или на еден европратеник(и), а не став на ЕУ како целина.