Смрт, хаос при обидот за воен удар во Турција
Околу 19:30 на 15 јули членови на турската армија ги блокираа приодите до мостот на Босфор во Истанбул.
Турски војници опколени од цивили на плоштадот Таксим во Истанбул. Во меѓувреме, во Анкара доаѓа до престрелки.
Војници на турската армија на Плоштадот Таксим додека цивили го веат турското знаме.
Околу 22 часот тенкови го опколија турскиот парламент во Анкара. Се слушале и експлозии. Оваа слика е постирана на Твитер од политичарот Омер Челик.
Луѓе на улиците на Анкара на протест против обидот за пуч.
Луѓе трчаат да се скријат. Се слушаат експлозии и звук на воени авиони над Анкара.
Повреден човек лежи на земја за време на протестите.
Во Истанбул тензиите растат откако цивили ги тргаат војниците од Плоштадот Таксим.
Повредена жена покриена со турско знаме во близина на вониот штаб во Анкара.
Луѓе чекаат пред автомат за пари.
Човек лежи пред турски тенк на аеродромот Ататурк во Истанбул. Летовите од овој аеродром беа откажани. Туркиш ерлајнс го осудија обидот за пуч.
Луѓе трчаат да се скријат откако авиони ловци летаат над плоштадот Таксим во Истанбул.
Во утринските часови се обрати и турскиот претседател Ердоган кој го прекина одморот. Тој рече дека пучистите скаоп ќе платат за ова.
Луѓе се обидуваат да преземат еден тенк во Анкара. Претседатлот Ердоган го повика народот да излез на улиците.
Турската полиција апси војници во Истанбул.
Турски војници го предаваат оружјето во Истанбул.
Убиен цивил на мостот на Босфор во Истанбул.
Турски војник најверојатно убиен од толпа луѓе на мостот на Босфор.