Бугарија се врати на многу позната територија. Парламентарните избори на 27 октомври и дадоа најмногу гласови на партијата на десниот центар ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов, но не доволно за самостојно да формира влада.
Борисов сигурно ќе се обиде да го направи тоа. Но, и покрај тоа што победи на пет од седум парламентарни избори од 2021 година, партијата не успеа да формира коалиција.
Ќе може ли Борисов да формира влада?
За да формира владина коалиција, на Бојко Борисов, најзначајниот и најмоќниот бугарски политичар кој беше премиер трипати од 2009 година, му треба поддршка од најмалку половина од пратениците во Националното собрание, еднодомниот парламент на земјата, коe има 240 места.
Гледајќи го расчленувањето на гласовите во се пофрагментираниот парламент, ќе бидат потребни три или четири партии за да се формира мнозинство.
Досега, Борисов само ја отфрли можноста да работи со крајнодесничарската, проруска партија „Преродба“, која беше трета со 13 отсто од гласовите. Говорејќи во изборната ноќ, тој рече:
„Ќе владееме со секој кој ја поддржува нашата програма“.
Влез на Делјан Пеевски...
Голем дел од тоа се сведува на еден човек: Дејлан Пеевски, контроверзен медиумски тајкун, лидер на партијата ДПС -Нов почеток, која освои 10,36%, со неверојатно влијание врз јавното мислење. Тој е обвинет за корупција и трговија со влијание и санкциониран од САД и Велика Британија за корупција. И повеќето бугарски политичари веројатно би се согласиле дека Пеевски е најодговорната личност за тековната политичка криза во Бугарија.
Видете и ова: Борисов прогласи победа на изборите во Бугарија, за влада ќе мора да коалицираВо потег што најверојатно ќе стави крај на политичкиот ќор-сокак, Борисов рече дека ќе соработува со второпласираната прозападна реформистичка коалиција Продолжуваме со промените/Демократска Бугарија (ПП-ДБ), за која гласаа 14 отсто. Сепак, ПП-ДБ инсистираше дека ќе работи со ГЕРБ само доколку Пеевски нема влијание врз идната администрација.
Борисов постојано беше обвинет дека има блиски врски со Пеевски, кој за многу Бугари е симбол на корупцијата и организираниот криминал во земјата.
Исто така, малку е веројатно дека Борисов ќе може да собере доволно места од помалите партии во парламентот, од кои многумина исто така одбиваат да соработуваат со Пеевски.
Значи, во суштина се сведува на тоа дека Борисов треба да избира помеѓу ПП-ДБ или Пеевски. По последните избори во јуни, ГЕРБ и претходната партија на Пеевски можеа да формираат влада со поддршка на неколку независни пратеници, но Борисов одби да се договори.
Зошто Борисов не може да ја прекине врската со Пеевски?
Ова е прашање од милион долари во Бугарија, а одговорот навистина никој не го знае.
ПП-ДБ рече дека Пеевски де факто е сопственик на ГЕРБ преку заеднички бизнис концерни.
Плус, се смета дека Пеевски го контролира моќното бугарско државно обвинителство, кое ги надгледува и кривичните истраги и обвинителските одлуки. Во минатото, истрагите против Борисов беа затворени, а поранешниот премиер доби имунитет за кривично гонење.
Кои се последиците од овој континуиран ќор-сокак?
Бугарија стагнира. Парите од ЕУ речиси пресушија, а така ќе биде додека земјата не ги спроведе реформите и антикорупциските мерки кои ги наложи ЕУ. Да не зборуваме дека без функционална администрација, ЕУ навистина нема со кого да работи.
Напорите за поттикнување реформи и антикорупциски мерки, особено од ПП-ДБ, постојано „удираа во ѕид“.
Со таквата „лимбо“ состојба во која се наоѓа моментално Бугарија напредокот е закочен и околу усвојувањето на еврото и целосното приклучување на ЕУ во безграничната Шенген зона на ЕУ.
Ја губат ли Бугарите вербата во демократскиот процес?
Иако вербата на јавноста во изборниот процес секако не е висока, делумните резултати покажаа дека излезноста на овие избори може да биде малку поголема од 34 отсто од гласачите кои гласаа во јуни.
Видете и ова: Пред клучните избори, Бугарија ги укинува прифатилиштата за деца бегалциПред гласањето имаше стравувања дека широко распространето разочарување од мејнстрим партиите може да резултира со подем на помали екстремни партии како што е Преродба, сепак, последните избори не покажуваат никаков јасен доказ за тоа: иако споредните партии го зголемија својот удел во гласовите, исто така го зголемија и големите партии.
Дали овие избори би можеле да влијаат на меѓународниот правец во кој ќе се движи Бугарија?
Додека во парламентот има четири проруски партии, тие имаат помал број пратеници од прозападните партии.
Згора на тоа, фактот дека прозападните партии ГЕРБ и ПП-ДБ се на прво и на второ место е показател дека поддршката за членството на Бугарија во ЕУ и НАТО останува силна.
И додека поддршката и уделот на гласовите на ПП-ДБ не се огромни, постојаниот притисок на партијата за реформи е клучната карактеристика на бугарскиот политички пејзаж.