И покрај критиките, Азербејџан подготвен за Самитот за климатски промени

Додека Азербејџан се подготвува да биде домаќин на глобалниот самит за климата овој месец, државата е во центарот на вниманието. Но, како што често се случува кога оваа авторитарна држава богата со нафта е домаќин на меѓународен настан од висок профил, голем дел од публицитетот за неа е лош.

Баку сигурно очекуваше дека ќе добие критики од меѓународните организации како Амнести интернешнал и Хјуман рајтс воч (ХРВ) кога ја доби својата кандидатура минатата година да биде домаќин на 29-та Конференција на ОН за климатски промени (КОП29) кој ќе се одржи од 11-22 ноември. Меѓутоа, критики на негова адреса пристигнаа и од бизнис круговите.

Фајненшл тајмс и Економист го обвинија дека го користи кредибилитетот на КОП за ги покрие сопствените „критички недоволни“ климатски планови, да ја „испере“ репутацијата на авторитарниот претседател Илхам Алиев и генерално да го „зазелене“ режимот, и да се одвлече вниманието од лошата оценка за човековите права и други грешки.

„Не можам, а да не ја споменам кампањата за клеветење на некои медиуми, чија цел е да се оцрни имиџот на Азербејџан под лажен изговор“, јавно ја искажа лутината Алиев на состанокот пред КОП на 10 октомври.

„Таквите залудни обиди не можат да нè попречат од остварувањето на нашата благородна мисија да се справиме со негативните влијанија на климатските промени,“ изјави Алиев.

Тоа е вежба низ која Азербејџан помина и претходно.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Деца на игралишта загадени со нафта во Азербејџан, кој се подготвува за климатски самит

Долго време се сметаше дека одржувањето на настани од големи размери е пат кон добивање меѓународен престиж. Баку беше домаќин на натпреварот за песна на Евровизија во 2012 година.

Постојано, иако неуспешно, се кандидираше да биде домаќин на Летните олимписки игри и беше домаќин на два настани слични на Олимпијадата: Европските игри во 2015 година и Игрите на исламската солидарност во 2017 година.

Од 2017 година е домаќин на Големата награда на Азербејџан на патеката во Формула 1 која поминува низ центарот на Баку.

Азербејџанската влада е привлечена од такви можности со „цел создавање бренд“, вели Најмин Камилсој, аналитичар и докторант по јавна политика на Универзитетот Карло во Прага.

Видете и ова: Европскиот парламент ја осуди „репресијата“ на Азербејџан врз активисти, новинари и опозициски лидери


„Во исто време, Владата е многу чувствителна на негативното внимание на меѓународните медиуми пред настанот“, рече тој за РСЕ.

„Тие сакаат што е можно повеќе западни чинители да присуствуваат на КОП29 и сакаат нивната организација на настанот да се смета за успешна“, додаде Камилсој.

Азербејџан има лош имиџ за големи настани во минатото. Но, проблемот може да се зголеми со КОП29, со оглед на неговите планетарни влогови.

„Мислам дека владата не беше целосно свесна дека КОП не е Формула 1 или Евровизија, дека има глобални импликации“, рече Арзу Гејбула, азербејџански новинар и коавтор на новиот извештај на британската тинк-тенк организација.

Организаторите од Азербејџан на КОП29 и плаќаат на ПР компанијата Тенео 4,7 милиони долари за да го менаџира публицитетот околу настанот.

Договорот склучен со оваа странска компанија во услови на строг закон за регистрација на странски агенти на САД, само ги покажува многуте обиди да се допре до печатот, со јасен акцент на главните медиуми на англиски јазик.

Видете и ова: Иран и Азербејџан одржуваат заеднички воени вежби

Еден од клучните наративи на организаторите за конференцијата е дека таа ќе биде посветена на „мирот“.

Тие ја промовираа идејата за „КОП примирје“, повикувајќи ги завојуваните страни ширум светот да ги прекинат борбите за време на траењето на настанот.

Британската тинк-тенк организација Чатам Хаус ја нарече идејата „несоодветна“ и „неверодостојна“ со оглед на неодамнешната воена офанзива на Азербејџан за повторно преземање на Нагорно-Карабах и нејзиниот континуиран притисок врз соседна Ерменија.

COP29 го фокусира aзербејџанското загадување на Каспиското Море

Исто така, се тврди дека мировната агенда ризикува да го одвлече вниманието од клучните климатски предизвици на КОП29 и со тоа да ја направи неуспешна.

„Слабиот исход на КОП29 може да предизвика обвинувања за, во најдобар случај, злоупотреба на зеленилото. Во најлош случај, тоа може да донесе обвинувања за прекршување на должностите“, напишаа аналитичарите од британската тинк тенк организација Чатам Хаус.

„Обвинувањата кон Азербејџан веројатно ќе му наштетат на неговиот меѓународен углед и ќе ја поткопаат добрата волја кон неговата влада, наспроти зајакнувањето или ресетирањето на меѓународните односи на земјата, бидејќи раководството може да се надева во случај КОП29 да се смета за успешен“, се вели во нивната анализа.

Во својата реакција против „лошиот печат“, азербејџанските официјални лица и провладините медиуми се потпираа на добро воспоставен протокол, обвинувајќи го главно, глобалното ерменско лоби.

Тие, исто така, тврдат дека е нелогично Азербејџан да се обиде да „зазелени“ со привлекување внимание.

Видете и ова: Пакистан ќе му продаде борбени авиони JF-17 на Азербејџан


„Тоа е целосно контраинтуитивно бидејќи она што се случува сега е дека има многу поголем акцент и внимание на Азербејџан“, изјави Елин Сулејманов, амбасадор на Азербејџан во Обединетото Кралство, за Тајмс радио.

„Кој би го направил ова? Кој би се обидел да избегне контрола со тоа што ќе го покани во центарот на вниманието?“, праша тој.

Азербејџанскиот министер за екологија и природни ресурси, Мухтар Бабаев, долгогодишен извршен директор на државната нафта, кој е и претседател на КОП29, ги обвини неименуваните лоши- добронамерници.

„Азербејџан постигна значителен успех: враќање на територијалниот интегритет, економски достигнувања, силни позиции на меѓународната сцена. Некои земји не го сфаќаат тоа. Тешко им е да го оценат праведно. Сепак, очекувавме таква кампања, “, рече тој.

Но, тој ги пофали претставниците за односи со јавноста на земјата за возвраќање на ударот.

„Благодарение на работата на овој стручен тим, немаше недела оваа година кога не дававме информации и не дававме изјави за меѓународните медиуми“, рече Бабаев.

„Сега, странските новинари, сите ја разбираат и ја гледаат силата на нашата земја“, изјави Бабаев.

Сепак, на крајот, публиката на ваквите мега-настани се се помалку меѓународни невладини организации и печат, отколку меѓународните креатори на политики, смета Камилсој.

„За азербејџанската елита, Самитот за климатски промени е меѓувладина платформа и нејзината граѓанска димензија е занемарлива“, рече тој.

Како резултат на тоа, владата на Азербејџан може да биде сè понезагрижена од критиките.

„Се чувствува охрабрено и целосно отфрлено на фронтот на одговорност, и внатрешно и надворешно“, заклучува Гејбула.