Достапни линкови

Климатски промени - житните култури се намалуваат до 50 отсто


Периодот на големи количини дожд, а сега и екстемно високи температури прават големи штети врз земјоделието во Северна Македонија. Кај некои житни култури посевите се намалени од 30 до 50 отсто, велат земјоделци за РСЕ. Овие непогоди ќе зачестат, а на тоа треба да се подготват и градовите.

Земјоделците во земјава и регионот се соочуваат со тешка ситуација за време на жетвите на житните култури, отткако минатава пролет беше погодена од големи количини дожд, а летово од екстремно високи температури и невремиња.

Стеванче Јордановски е земјоделец од Прилеп кој вели дека екстремните временски услови предизвикани од климатските промени веќе години наназад предизвикуваат загуби во земјоделските приноси, но оваа година особено се погодени житните култури поради големите количини пролетни дождови.

„Пролета беше доста врнежлива и кај житните култури се јавија многу болести, поради што во многу случаи приносите се доста намалени, објаснува тој, додавајќи дека во зависност од регион до регион, почва и обработлива површина, загубите годинава достигнуваат од 30 до 50 проценти.

„Ако зборуваме за жито, пченица, јачмен и други житни култури проблемот настана со врнежите. Така беше поради големата количина на вода и долгиот временски во кој траеја дождовите. Беше мрачно и облачно и без сонце, а вегетацијата не можеше да се одвива правилно. Додека во однос на сегашните пролетни култури, проблемот кај нив ќе настане сега со жештината“, вели Јордановски за Радио Слободна Европа.

Пролетниот период на многу дождови не беше проблем само за земјоделието. Во некои градови во земјава имаше силни невремиња со град кои предизвикаа штети. Сега со почетокот на летото има високи температури, некои денови достигнуваа над 40 степени.

Локален жител се обидуваат да ги отстранат паднатите дрвја од патот по ненадејното невреме во Загреб, на 19 јули 2023 година.
Локален жител се обидуваат да ги отстранат паднатите дрвја од патот по ненадејното невреме во Загреб, на 19 јули 2023 година.

Во делови од Балканот ситуацијата беше полоша. Невремињата ширум регионот Словенија, Хрватска, Србија, Бих земаа и човечки жртви. Невремињата предизвикаа големи штети врз земјоделските култури, а во грдовите беа направени штети врз имотите и критичната инфраструктура.

И не сама Балканот, голем број европските градови беа под удар на силни невремиња и поплави, но и на топлотните бранови и високите температури кои годинава уриваат рекорди.

Страв, тага и очај, младите и климатските промени
please wait

No media source currently available

0:00 0:07:59 0:00

Метеоролозите предупредуваат дека за ваквите екстремни временски настани придонесуваат климатските промени и дека тие само ќе зачестат во иднина.

Регионот и Северна Македонија се исклучително ранливи на климатските промени и во моментов ги трпат последиците од нив, укажуваат активистите од граѓанската организација „Еко-евст“.

Од „Еко-свест“ посочуваат дека државата во моментов не издвојува доволно финансиски средства за справување со штетите и загубите.

„Наскоро ќе се соочиме со потопла и посушна клима. Се очекуваат и екстремни бури кои ќе предизвикаат поплави. Затоа, треба да се амбициозни за климатска акција и институции да ги применуваат овие политики “, велат од „Еко-свест.“

Екстремни временски настани – бури, високи температури, поројни поплави и во моментов доминираат низ целиот свет.

Тоа влијае и врз отпорноста на општествата и градовите. И развиените и помалку развиените земји се изложени на штетните влијанија, вклучително врз населението, бизнисите, критичната инфраструктура, природата и животната средина.

Климатските промени мора да се земат предвид при планирањето на градовите, вели архитектот Мишко Ралев – претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Според него, климатските промени во моментов се меѓу најголемите предизвици за архитектурата и урбанизмот.

„Допрва предизвикот пред архитектурата и урбанизмот е како да се одговори на тие климатски промени. Прашањата се поставуваат, се дискутираше и на Светскиот конгрес на архитекти, но навистина е голем е проблем. Индустријата и градежната индустрија, како производство на конструкции и материјали коишто се отпорни, потоа проектирањето и планирањето на градови и населени места, па и на објекти, треба да ги прати климатските промени. Сметам дека тоа е всушност иднината на развојот на архитектурата и урбанизмот“, вели Ралев.

Брегот на Преспанското Езеро во селото Сливница, во близина на Ресен, во Северна Македонија, на 17 март 2023 година.
Брегот на Преспанското Езеро во селото Сливница, во близина на Ресен, во Северна Македонија, на 17 март 2023 година.


За тоа што ќе се случува во Северна Македонија и регионот изработени се повеќе сценарија за наредните 30 до 50 години во домашни и меѓународни документи.

Предвидувањата се дека во регионот ќе има повисоки температури и долги суши што ќе бидат прекинувани од поројни дождови, кои ќе траат подолго од сега и ќе создаваат штети врз плодните почви.

Почести ќе бидат невремињата со електрични празнења и со град, а сето тоа ќе влијае земјата да станува непогодна за земјоделско производство и тешка за живеење, се вели во научните трудиви.

Меѓу домашните документи се Долгорочната стратегија за климатска акција со акциски план, двогодишните извештаи за климатски промени, Националните придонеси за климатските промени. Земјата беше потписник и на Парискиот договор за климатските промени во 2015 година.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG