Во организација на Секретаријатот за европски прашања и Француската амбасада во Македонија започнува кампања за запознавање со искуствата и значењето на ИПА фондовите.
Заедничка цел на владите на Македонија и на Франција е зајакнување на капацитетите на македонската администрација за земјава, кога ќе стане членка на ЕУ, да има модерна, ефикасна и професионална администрација. Oва го изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања Васко Наумовски на отварањето на конференцијата на тема „ЕУ фондови – комуникациска стратегија и инструменти“, која ја организираше Секретаријатот за европски прашања и Француската амбасада во Македонија.
„Основната цел е, пред се, да се зајакнат професионалните капацитети на нашите државни службеници во процесот на европската интеграција на Македонија. Покрај тоа, целта е зголемување на ефикасноста и ефективноста на секторите во државната администрација кои се директно поврзани со работата за ИПА фондовите и тоа во насока на зајакнување на стратегиите за нивна комуникација со јавноста“, вели Наумовски.
Францускиот амбасадор Жан Клод Шлумберже вели дека сите треба добро да бидат запознаени како функционираат ИПА фондовите.
„Оваа конференција го означува почетокот на новата кампања. Многу е важно сите луѓе да бидат запознаени со овие фондови, било да станува збор за медиумите, за локалните единици, владините институции, претпријатијата, но и граѓаните. Членките на ЕУ веќе повеќе години имаат отпочнато проактивни акции во рамки на овие структурни фондови, каде што никогаш не е лесно да се информираат политичките и економските актери со содржината и додадената вредност на овие фондови.“
На новинарско прашање кои се очекувањата од претстојната посета на Македонија на еврокомесарот за проширување Штефан Филе и претседателот на ЕК Жозе Мануел Баросо, Наумовски вели дека таа ќе биде со цел тие да се запознаат со активностите во евроинтегративните процеси.
„Ние ќе им ги претставиме сите активности што ги спроведуваме. Како што знаете, ние и во 2009 и во 2010 година добивме позитивни извештаи кои што препорачаа отпочнување на преговорите кои, како што знаете, не започнаа поради своевидното вето што ни го наметна Република Грција, меѓутоа реформите продолжуваат и понатаму. Не постои вето што може да ја спречи модернизацијата на нашата држава.“
Во рамките на проектот ќе биде одржана и работилница преку која на државните службеници кои ќе учествуваат ќе им се пренесат искуства и значењето на ИПА фондовите за развојот на државата. На конференцијата учествуваше и евроамбасадорот Петер Соренсен.
Основната цел е, пред се, да се зајакнат професионалните капацитети на нашите државни службеници во процесот на европската интеграција на Македонија.
„Основната цел е, пред се, да се зајакнат професионалните капацитети на нашите државни службеници во процесот на европската интеграција на Македонија. Покрај тоа, целта е зголемување на ефикасноста и ефективноста на секторите во државната администрација кои се директно поврзани со работата за ИПА фондовите и тоа во насока на зајакнување на стратегиите за нивна комуникација со јавноста“, вели Наумовски.
Францускиот амбасадор Жан Клод Шлумберже вели дека сите треба добро да бидат запознаени како функционираат ИПА фондовите.
„Оваа конференција го означува почетокот на новата кампања. Многу е важно сите луѓе да бидат запознаени со овие фондови, било да станува збор за медиумите, за локалните единици, владините институции, претпријатијата, но и граѓаните. Членките на ЕУ веќе повеќе години имаат отпочнато проактивни акции во рамки на овие структурни фондови, каде што никогаш не е лесно да се информираат политичките и економските актери со содржината и додадената вредност на овие фондови.“
Многу е важно сите луѓе да бидат запознаени со овие фондови, било да станува збор за медиумите, за локалните единици, владините институции, претпријатијата, но и граѓаните.