Многу кривични, малку постапки

Судиите од Битолскиот суд велат дека не секогаш, кривичните пријави кои се поднесуваат завршуваат во судска постапка.
Не ретко едно покажува кривичната пријава поднесена од полиција против одредени лица и судската завршница. Се случува за обвинети со пообемни кривични пријави да следуваат долги судски процеси, а понекогаш на крај и ослободителни пресуди или полесни казни. Судиите од битолското апелациско подрачје деновиве одговараа каде е проблемот и дали се работи за разводнување на постапката.
Се случува од полиција да стигнат информации за поднесени кривични пријави и да се објават. Меѓутоа треба многу големо внимание во таквите предмети. Не секогаш кривичните пријави така како што се кажани завршуваат во судската постапка.


Според Даница Ристева, претседател на Апелациониот суд во Битола потребна е анализа.

„Се случува од полиција да стигнат информации за поднесени кривични пријави и да се објават. Меѓутоа треба многу големо внимание во таквите предмети. Не секогаш кривичните пријави така како што се кажани завршуваат во судската постапка. Сега треба да седнеме и да правиме анализа дали преткривичната постапка е како што треба, дали во обвинителството при преземањето, во истрагата, малку правиме анализи. Тие анализи ќе ни покажат каде постапката е маанлива.“

Апелациски суд во Битола

Јордан Врбовски, претседател на Освновниот суд во Битола вели дека треба да се внимава на пресумцијата на невиност кога се информира за ваквите предмети.

„До судот воопшто не стигнува кривичната пријава, а кривичната пријава обично се коментира од јавноста во која се опишува еден кривично-правен настан. Вреди да се коментира само одлука на суд кога е
До судот воопшто не стигнува кривичната пријава, а кривичната пријава обично се коментира од јавноста во која се опишува еден кривично-правен настан. Вреди да се коментира само одлука на суд кога е правосилна.
правосилна при тоа запазувајќи го и правилото на пресумција на невиност.“

Јане Тренчевски, претседател на Основен суд Прилеп, објаснува дека материјалот од кривичната пријава оди на филтрирање.

„Кривичната пријава не е кривично-правен настан. Тоа е само настан кој не мора да има ни правна квалификација на кривично дело, значи настан кој се случил. Кривичната пријава како настан се моделира понатаму во јавносто обвинителство. Кога таа ќе се проследи од она што претходно го имаме случнато за да се дојде до било какво обвинение тоа оди на филтрирање. Јавниот обвинител проценува дали од тој настан има елементи на кривично дело или не. Затоа во финале може да се случи од она што сте го слушнале до она што произлегло и е процесуриано да има огромна разлика“, вели Тренчевски.