Грција соопшти дека владата на либискиот лидер Моамер Гадафи очигледно бара начин за излез од конфликтот со бунтовнците кои се борат против режимот во земјата. Во меѓувреме, Соединетите Држави, по барање на НАТО, се согласија за извесно време да ги продолжат воздушните напади врз Либија.
Абдул Ати ал Обеиди, кој порано беше премиер на Либија, а во текот на сегашната криза, вршител на должноста министер за надворешни работи синоќа разговарал со грчкиот премиер Јоргос Папандреу, соопшти грчкото Министерство за надворешни работи.
„Од она што ни го кажа либискиот пратеник, се чини дека либискиот режим бара решение. Неопходни се сериозни напори за постигнување мир и стабилност во регионот и Грција ќе продолжи да ги нуди своите услуги, односно да контактира со сите наши сојузници и партнери. Ќе ги запознаеме со денешниот состанок“, изјави шефот на грчката дипломатија Димитрис Друцас.
Тој сепак не изнесе никакви детали за содржината на разговорот, ниту пак за тоа каде бил одржан.
Кабинетот на Папандреу соопшти дека премиерот на Либија во саботата побарал Обеиди да биде примен во Атина.
Деновиве, според грчките медиуми, Папандреу за кризата во Либија разговарал со британскиот премиер Дејвид Камерон и со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.
Обеиди, минатата недела изјави дека владата на Гадафи се обидувала да договори разговори со Соединетите Држави, Велика Британија и Франција зада се најде излез од кризата.
Грција традиционално има добри односи со Либија и со Гадафи, а лани Папандреу ја посети таа земја. Инаку, неколкумина либиски официјални лица веќе избегаа од режимот на Гадафи. Меѓу нив и министерот за надворешни работи Муса Куса кој минатата среда пребега во Британија.
Британскиот премиер Дејвид Камерон оцени дека овие пребегнувања покажуваат оти успеваат дипломатските напори насочени кон слабеење на режимот на Гадафи.
„Фактот дека Муса Куса решил да замине и да се откаже од својата улога зборува за она што се случува во тој режим. Ние на луѓето околу Гадафи им порачавме: Ако не сакате да пропаѓате со овој режим кој прави страшни работи врз сопствениот народ, тогаш оставете го сега“, изјави Камерон.
Во меѓувреме, американското Министерство за одбрана соопшти дека американските воздушни напади врз Либија ќе продолжат.
Тоа било побарано од НАТО, кој сега ја спроведува таа акција, а поради лошите временски услови во регионот. Други детали не се соопштени. Американската армија планираше, почнувајќи од недела, да го почне повлекувањето на нејзините борбени авиони и на ракетите од типот Томахавк од воздушната кампања.
Воената интеревенција врз Либија беше одобрена од Советот за безбедност на Обединетите нации и почна на 19 март со цел заштита на цивилите кои се борат против силите на Гадафи.
„Од она што ни го кажа либискиот пратеник, се чини дека либискиот режим бара решение. Неопходни се сериозни напори за постигнување мир и стабилност во регионот и Грција ќе продолжи да ги нуди своите услуги, односно да контактира со сите наши сојузници и партнери. Ќе ги запознаеме со денешниот состанок“, изјави шефот на грчката дипломатија Димитрис Друцас.
Тој сепак не изнесе никакви детали за содржината на разговорот, ниту пак за тоа каде бил одржан.
Кабинетот на Папандреу соопшти дека премиерот на Либија во саботата побарал Обеиди да биде примен во Атина.
Деновиве, според грчките медиуми, Папандреу за кризата во Либија разговарал со британскиот премиер Дејвид Камерон и со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.
Обеиди, минатата недела изјави дека владата на Гадафи се обидувала да договори разговори со Соединетите Држави, Велика Британија и Франција за
Се чини дека либискиот режим бара решение. Неопходни се сериозни напори за постигнување мир и стабилност во регионот и Грција ќе продолжи да ги нуди своите услуги, односно да контактира со сите наши сојузници и партнери.