Реферирајќи за резолуцијата со која се одобрува употреба на сила, генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун изјави дека либиската влада не презела чекори за да ги исполни нејзините обврски.
„И покрај повторените изјави на либиските власти, не гледаме докази за прекин на огнот. Не гледаме никакви нивни потези за почитување на резолуциите 1970 и 1973.“
До седницата на Советот дојде по големите несогласувања во меѓународната заедница за западната кампања во таа земја.
Главната поделба се случи кога Германија во минатата недела во Советот за безбедност се воздржа да гласа за одобрување зона на забранети летови.
Тоа создаде јасна поделба меѓу Берлин и другите членки, како Британија и Франција, кои заедно со Соединетите Држави ги предводат воздушни напади врз упоришта на либискиот лидер.
Од друга страна, Русија и неколку други земји сметаат дека бомбардирањето било непропорционално.
Претседателот Дмитриј Медведев во телефонски разговор побарал од Барак Обама ограничување на кампањата. Русија, како што се наведува, е загрижена од можноста воздушната кампања наскоро да прерасне во копнена офанзива конкретно насочена кон отстранување на Гадафи од власт.
Несогласувања имаше и во НАТО во врска со улогата на Алијансата. Но, вчера членките успеаја да ги надминат и да се договорат да ја преземат контролата на зоната на забранети летови над Либија.
„Дејствуваме во рамките на меѓународните напори за заштита на цивилите. НАТО нема да ја преземе командата врз другите воени операции“, изјави генералниот секретар на Алијансата Андерс Фог Расмусен.
Сепак, тој не ја исклучи можноста наскоро НАТО да преземе поширока одговорност во согласност со резолуциите на Советот за безбедност.
Наведувајќи дека одлуката ја прифатија сите членки на НАТО американскиот државен секретар Хилари Клинтон рече:
„НАТО е добро оспособен да го координира овој меѓународен напор и да обезбеди земјите учеснички ефикасно да работат во остварување на нашите заеднички цели.“
Тоа го потврди и францускиот претседател Никола Саркози кој во Брисел изјави дека било договорено меѓународната коалиција да ги донесува сите политички одлуки за воената интервенција.
„НАТО ќе ги преземе механизмите и ќе координира преку контролниот центар во Неапол. Но политичката координација не може да биде единствена одговорност на НАТО, бидејќи во коалицијата имаме земји кои не се членки на Алијансата.“
Саркози прецизира дека станува збор за Обединетите Арапски Емирати и Катар кои за акцијата во Либија ставија на располагање десетина авиони.

НАТО ќе ги преземе механизмите и ќе координира преку контролниот центар во Неапол. Но политичката координација не може да биде единствена одговорност на НАТО, бидејќи во коалицијата имаме земји кои не се членки на
Алијансата.