Мулти-националната коалиција ги продолжува нападите врз цели во Либија за да ја спроведе одлуката за зона забранета за летови и да ги спречат силите на Моамер Гадафи да ги напаѓаат буновничките сили, кои бараат негова оставка. Соединетите Држави соопштија дека воздушната капмања дава резултат и го отфрлија примирјето прогласено од Гадафи, оценувајки дека неговите трупи веднаш го прекршиле. Американскиот вице-адмирал Вилијам Гортни дематира дека целта на сојузничките сили е Гадафи.
„Ние ги фокусираме нападите да бидат ефективни во значително намалување на способноста на воздушната одбрана на либискиот режим и да не можат да ги лансираат ракетите земја – воздух.“
Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс, кој е во посета на Русија, изјави дека примарната одговорност за оваа воздушна мисија ќе ја имаат Велика Британија, Франција и НАТО.
„Ние ќе продолжиме да ја подржуваме оваа коалиција, неи сме дел од неа, имаме воена улога, но не водечка.“
Арапската Лига критикува
Арапската лига изрази загриженост од оваа меѓународна акција во Либија. Шефот на Арапската лига, Амр Муса изјави дека не ги подржува воздушните напади врз Либија и побара цивилите да бидат заштитени. Западните сили демантираа дека биле бомбардирани цивилни цели. Зборувајки по состанокот на Арапаската Лига со претставници на Европската унија, Амр Муса изјави:
„Суверенитет не е инвазија или окупација со кои се влијае врз суверенитетот, туку дејствување за заштита на цивилите. За заштитата на цивилите не е потребна воена акција, туку акција за спроведување на зона забранета за летови. Тоа е она што ние го баравме од почетокот.“
Германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле денеска изјави дека критицизмот од Арапската Лига за акцијата на сојузничките сили, покажала оти Германија имала добри причини за својата воздржаност. Арапската лига, на почетокот на месецов понуди помош за спроведување на зона забранета за летови над Либија. Во меѓувреме, во главниот град на Либија, Триполи, се собираат подржувачи на Гадафи.
„Она што се случува нема влијание врз нас, бидејки сме доволно силни и горди на нашиот лидер“, изјави една подржувачка на Гадафи.