Во соопштението од кабинетот на францускиот претседател Николас Саркози се наведува дека тој и претседателот Барак Обама се согласиле за начинот на употреба на командните структури на НАТО во поддршка на коалицијата, но притоа не се наведуваат детали.
„Ќе ја продолжиме поддршката на напорите за заштита на либискиот народ, но нема да раководиме“, изјави Обама на прес-конференција во Сан Салвадор.
Претходно, НАТО се согласи да спроведе ембарго за оружје против Либија.
„НАТО сега реши да покрене операција за спроведување ембарго за оружје против Либија“, изјави генералниот секретар на Алијансата, Андерс Фог Расмусен.
Веднаш потоа, Белата куќа објави дека претседателот Обама ги убедил лидерите на Франција и на Британија од потребата и за поголемо вклучување на НАТО во кампањата против Либија.
Во меѓувреме, либиската телевизија емитуваше снимка на која Гадафи им се обраќа на помала група приврзаници во Триполи.
„Сите се со нас. Ќе имаме револуција против империјализмот. Не сум уплашен од авионите. Не се предаваме.“
Неколку часа пред ова, заменик шефот на либиската дипломатија Калед Каим оцени дека операцијата е надвор од мандатот на Обединетите нации.
„Сега гледаме дека сојузничките сили се дел од војната против легитимната влада. Тие и помагаат на една страна против друга, што е незаконски.“
Согласноста за НАТО улогата претставува победа за Белата куќа, која очајнички сака минимум учество во операцијата во Либија.
Пентагон веќе најави дека во наредните денови ќе ги предаде одговорностите на другите вклучени страни.
Според некои наводи, тоа би биле земјите од арапскиот свет.
Но, на ова се противи Турција, чиј премиер Реџеп Таип Ердоган изјави:
„Правиме напори да обезбедиме промената во Либија да биде со што помалку жртви. Сакаме Либија да ги реши својите внатрешни работи без странска интервенција.“
Во меѓувреме расте и нивото на критиките за воздушните напади.
Кина, Бразил и Русија веќе побараа прекин на огнот, а Пекинг дури предупреди од можна хуманитарна криза.
Овие три земји, заедно со Германија и Индија, се воздржаа од гласањето во Советот за безбедност на Обединетите нации.
„Последните настани покажаа дека борбените операции почнале и оти биле убиени цивили. Тоа не треба да се дозволи“, изјави рускиот министер за одбрана Анатолиј Сердјуков по средбата во Москва со американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс.
Тој, пак, оцени дека наводите за цивилните жртви се целосни лаги на режимот на Гадафи.

Ќе ја продолжиме поддршката на напорите за заштита на либискиот народ, но нема да раководиме.
Во меѓувреме, либиската телевизија емитуваше снимка на која Гадафи им се обраќа на помала група приврзаници во Триполи.
„Сите се со нас. Ќе имаме револуција против империјализмот. Не сум уплашен од авионите. Не се предаваме.“
Неколку часа пред ова, заменик шефот на либиската дипломатија Калед Каим оцени дека операцијата е надвор од мандатот на Обединетите нации.
„Сега гледаме дека сојузничките сили се дел од војната против легитимната влада. Тие и помагаат на една страна против друга, што е незаконски.“
Согласноста за НАТО улогата претставува победа за Белата куќа, која очајнички сака минимум учество во операцијата во Либија.
Пентагон веќе најави дека во наредните денови ќе ги предаде одговорностите на другите вклучени страни.
Според некои наводи, тоа би биле земјите од арапскиот свет.
Сите се со нас. Ќе имаме револуција против империјализмот. Не сум уплашен од авионите. Не се предаваме.