Завршија Деновите на македонска музика

Драган Ѓаконовски Шпато

Достојна посвета на феноменот Драган Ѓаконовски Шпато, 40-тина дела на македонски композитори, најмногу праизведби, незабележан број на промоции на книги и носачи на звук.. беа дел од 34 Денови на македонска музика чиј потписник е Сојузот на композитори на Македонија.
Концерти на џез квинтетот ШУЛЦИГ од Германија, триото Е.А.Р ЈУНИТ од САД, гудачкиот квартет КРАЈЦЕР од Велика Британија, Московскиот ансамбл за современа музика, настапи на бројни регионални и македонски уметници, научна трибина Културната политика и македонската уметничка музика, промоција на книгата Шпато – музичка легенда од Ванчо Димитров и голем концерт на на Ревијскиот оркестар на МРТВ во чест на Драган
Навистина имавме исклучително богати денови на македонска музика. Кога зборувам за богати, пред се во исполнителна смисла бидејќи беа присутни ансамбли од повеќе земји од светот и делата кои беа изведени добија една исклучителна интерпретација.
Џаконовски по повод неговиот 80-ти роденден...се само дел од активностите што ги одбележаа штотуку завршените 34-ти Денови на македонска музика, манифестацијата што го промовира домашното музичко творештво, а зад која стои Сојузот на композиторите на Македонија.

,,Навистина имавме исклучително богати денови на македонска музика. Кога зборувам за богати, пред се во исполнителна смисла бидејќи беа присутни ансамбли од повеќе земји од светот и делата кои беа изведени добија една исклучителна интерпретација“, истакнува Марко Коловски, претседател на Сојузот на композитори на Македонија(СОКОМ).

Марко Коловски, претседател на Сојузот на композитори на Македонија

„Од друга страна, задоволството за отварањето на овој концерт посветен на Шпато за кој досега малку направивме конкретно, иако сме имале неподелени мислења, уште повеќе што тој концерт беше реализиран со оркестрот на МРТВ. Тоа беше уште една симболика бидејќи тој реално веќе не постои, но Сојузот на композиторите на Македонија сакаше да ја ’поттурне‘ Македонската радио телевизија и да ја созрее свеста во јавноста за враќање на ансамблите на МРТВ“, дополнува Коловски.
Од друга страна, задоволството за отварањето на овој концерт посветен на Шпато за кој досега малку направивме конкретно, иако сме имале неподелени мислења, уште повеќе што тој концерт беше реализиран со оркестрот на МРТВ.


Ова издание на Денови на македонска музика, за жал, некои ќе го помнат и по несаканиот инцидент што им се случи на композиторите Александар и Илија Пејовски, кои откако поради мало доцнење не беа пуштени од службите на влезот во МОБ револтирани решија да не присуствуваат на премиерните изведби на своите дела.

Од друга страна, успехот на годинешното издание на фестивалот сега веќе станува обврска повеќе за организаторот во однос на наредните изданија на манифестацијата за што Коловски знае да каже:

„Време е кога треба да се размисли дали Деновите на македонската музика треба да имаат една попрофесионална логистика со оглед на нивното значење и за македонската култура и воопшто нивната позиционираност во македонската култура.“