Партиска војна преку онлајн медиуми

Според експертите, напливот на нови онлајн медиуми е дел од партиските подготовки за изборите.
Во земјава постојат многу интернет медиуми кои се доста влијателни, а зад нив не стои ниту еден човек, односно не фигурира со име и со презиме, вели експертот за нови медиуми Зоран Ричлиев. Според него, непосоењето на
Доколку политичка партија има 15 до 20 илјади евра да инвестира во еден ваков виртуелен медиум, а ги имаме кај нас навистина многу, тогаш доаѓаме до тоа една партија да наметнува свои ставови како јавни ставови. Медиумите се сопственост на публиката, а не на партиите.
регулацција за ваквиот вид на медиуми и тоа што за отварање на нив не се потребни многу пари, може да се искористи од партиите .

„И доколку политичка партија има 15 до 20 илјади евра да инвестира во еден ваков виртуелен медиум, а ги имаме кај нас навистина многу, тогаш доаѓаме до тоа една партија да наметнува свои ставови како јавни ставови. Медиумите се сопственост на публиката, а не на партиите.“

Затоа, повеќе од потребно е да постои регулација, но и тоа е меч со две острици, вели Ричлиев.

„Тешко е да се направи регулација, затоа што тој не мора да го регистрира медиумот во нашата држава, а на Интернет се е достапно. Може да го регистрира медиумот во некоја трета држава каде што нема таква регулатива. Значи, сето ова се сведува на препораки. Но, доколку кај нас постои листа на медиуми кои имаат лиценца, тоа е листа која може да и се даде на публиката, дека има печат дека е медиум.“

Илустрација

Филип Стојановски, кој е програмски координатор во Фондацијата „Метаморфозис“, пак, вели дека не може да се очекува да има регулација на онлајн медиумите, кога е спорна и регулацијата на останатите класични медиуми. Тој вели дека интернет медиумите треба да се третираат како сите други медиуми, да постои јасен импресум, да е наведен патот на парите и
Кај нас сега има појава, како дел од перманентната подготовка за избори на нови медиуми, кои лиферуваат вести кои понекогаш го наведуваат човек да мисли на еден начин, и тоа е проблематично.
сопственоста.

„Кај нас сега има појава, како дел од перманентната подготовка за избори на нови медиуми, кои лиферуваат вести кои понекогаш го наведуваат човек да мисли на еден начин, и тоа е проблематично.“

Експертите очекуваат појава на уште нови медиуми во текот на предизборието. Велат дека партиите ќе го искористат тоа што не постојат јасни закони, да си отворат онлајн медиуми, за кои ќе тврдат дека се неутрални, а преку кои ќе ги застапуваат своите ставови.