Власта изразува оптимизам во позитивна одлука на судот во Хаг. Останатите партии повикуваат на приземност решение за името без разлика на одлуката.
Со денешниот настап на грчкиот тим пред Меѓународниот суд на правдата, ќе финишира вториот и последен круг од устната расправа по тужбата на Македонија против Грција за прекршувањето на Времената спогодба потпишана меѓу двете земји во 1995 година. Поголемиот дел од партиите се внимателни и резервирани во изразувањето на очекувањата од процесот во Хаг, додека, пак, министерот за надворешни работи Антонио Милошоски вчера изрази оптимизам. Тој очекува Судот да потврди дека имало прекршување на билатералната Времена спогодба.
Потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи, која е и претседател на собраниската комисија за надворешна политика, вели дека само судскиот процес не е решение и дека паралелно на расправата во Хаг ќе треба да се работи на изнаоѓање на решение за спорот со името.
„Треба да бидеме реалисти, треба да се има предвид балансот што евентуално би сакале да го направат судиите и самата институција таму, и како и да е и која и да е пресудата, не не ослободува од одговорноста и обврската да најдеме решение со меѓународна помош во однос на спорот за името.“
Таа додава дека оптимизмот на Милошоски е најверојатно резултат насамата атмосфера во Хаг, иако и без судската одлука се знае дека Македонија е на праведната страна, но како што вели, тоа не е доволно за да се деблокираат евроатланските процеси.
Владо Бучковски од СДСМ вели дека иако правните аргументи се на македонска страна, убеден е дека политиката ќе го стори своето и ќе се направи атмосфера во која нема да има ни победнци ни поразени, и затоа вели дека е тенденциозно да се тврди дека ќе го добиеме спорот.
„Па, јас не знам на што се должи неговиот оптимизам имајќи предвид како изгледаше, да речеме, Вук Јеремиќ во пресрет на одлуката на Хашкиот суд Србија против Косово. Вчера ми заличи и Милошоски токму на Вук Јеремиќ.“
Потпаролот на Нова демократија Аријанит Хоџа вели дека Владата на се гледа позитивно, иако работите не се такви:
„Македонија не треба премногу да очекува од пресудата било таа и да е позитивна, бидејќи и самиот суд укажа на тоа дека тие можат само од правен аспект да кажуваат кој е во право, но тоа во никој случај нема да делува, односно нема да биде никаков мотив било за НАТО, било за ЕУ за да преземат некаква друга одлука од таа што ја имаме сега.“
По денешното излагање, Судот ќе ги разгледува изложените аргументи на двете страни, а конечна пресуда може да се очекува наесен.
Процесот во Хаг е тема и во нашата рубрика Хајд Парк.
Каква одлука очекувате од судскиот процес во Хашкиот суд на правдата по тужбата на Македонија против Грција? Пoгледнете го видеото и коментирајте овде.
Како и да е и која и да е пресудата не не ослободува од одговорноста и обврската да најдеме решение со меѓународна помош во однос на спорот за името.
Потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи, која е и претседател на собраниската комисија за надворешна политика, вели дека само судскиот процес не е решение и дека паралелно на расправата во Хаг ќе треба да се работи на изнаоѓање на решение за спорот со името.
„Треба да бидеме реалисти, треба да се има предвид балансот што евентуално би сакале да го направат судиите и самата институција таму, и како и да е и која и да е пресудата, не не ослободува од одговорноста и обврската да најдеме решение со меѓународна помош во однос на спорот за името.“
Таа додава дека оптимизмот на Милошоски е најверојатно резултат на
Па, јас не знам на што се должи неговиот оптимизам имајќи предвид како изгледаше, да речеме, Вук Јеремиќ во пресрет на одлуката на Хашкиот суд Србија против Косово. Вчера ми заличи и Милошоски токму на Вук
Јеремиќ.
Владо Бучковски од СДСМ вели дека иако правните аргументи се на македонска страна, убеден е дека политиката ќе го стори своето и ќе се направи атмосфера во која нема да има ни победнци ни поразени, и затоа вели дека е тенденциозно да се тврди дека ќе го добиеме спорот.
„Па, јас не знам на што се должи неговиот оптимизам имајќи предвид како изгледаше, да речеме, Вук Јеремиќ во пресрет на одлуката на Хашкиот суд Србија против Косово. Вчера ми заличи и Милошоски токму на Вук Јеремиќ.“
Потпаролот на Нова демократија Аријанит Хоџа вели дека Владата на се гледа позитивно, иако работите не се такви:
„Македонија не треба премногу да очекува од пресудата било таа и да е позитивна, бидејќи и самиот суд укажа на тоа дека тие можат само од правен аспект да кажуваат кој е во право, но тоа во никој случај нема да делува, односно нема да биде никаков мотив било за НАТО, било за ЕУ за да преземат некаква друга одлука од таа што ја имаме сега.“
По денешното излагање, Судот ќе ги разгледува изложените аргументи на двете страни, а конечна пресуда може да се очекува наесен.
Процесот во Хаг е тема и во нашата рубрика Хајд Парк.
Каква одлука очекувате од судскиот процес во Хашкиот суд на правдата по тужбата на Македонија против Грција? Пoгледнете го видеото и коментирајте овде.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5