Се подлабока политичка криза

„Крајно време е за политичко помирување“ - тема на дебатата во организација на „Цивил“

Политичката култура и дијалог се во лоша состојба - заклучок од дебатата на тема „Крајно време е за политичко помирување“.
Политичката култура и дијалог во Македонија се во лоша состојба, земјата е во политичка криза која се повеќе се продлабочува. Тензиите и меѓусебните обвинувања меѓу политичките партии, вулгарните кампањи за дискредитација на политичките опоненти ја поддржуваат и хранат политичката поларизација на општетвото. Ова е дел од заклучоците на експертите кои се вклучени во проектот на невладината организација „Цивил“ за обновување на дијалогот во политичкиот живот. Еден од учениците во дебатата на тема „Крајно време е за политичко помирување“, поранешниот член во Советот за радиодифузија Фарук Момерагиќ ја опишува состојбата во земјава како „барокен комунизам“.

„Се наоѓаме во една постмодерна демократија, во еден барокен комунизам и партиски неоројализам. Ако ги разградиме сите тие ситуации ќе дојдеме до многу едноставен заклучок дека персоналната вредност е сведена на
Се наоѓаме во една постмодерна демократија, во еден барокен комунизам и партиски неоројализам, ако ги разградиме сите тие ситуации ќе дојдеме до многу едноставен заклучок дека персоналната вредност е сведена на минимум.
минимум. Во таквото функционирање сите институции, сите вредности се деградираат и се ставаат во функција на владејачките структури.“

Политичкиот аналитичар Сашо Орданоски смета дека, како резултат на популизмот, во Македонија политиката е инволвирана во речиси сите сфери на општетвото, нешто што во другите балкански земји се случувало во 90-тите години. Тој вели дека проблемот во политичката култура го гледа во тоа што партиите останале на страна од евроатлантските реформи и според насоката во која се движи земјава политичката криза ќе се продлабочува заедно со дефицитот од политичкиот дијалог.
Значи 20 години се занимаваме со реформи на се и сешто, но никој не ги чепка политичките партии, во меѓувреме политичкиот процес стана многу скап, денеска за лепење плакати неможете да најдете доброволци, и бидејќи е многу скап тоа значи дека партиите мораат да бидат корумпирани.


„Значи 20 години се занимаваме со реформи на се и сешто, но никој не ги чепка политичките партии. Во меѓувреме, политичкиот процес стана многу скап, денеска за лепење плакати не можете да најдете доброволци, и бидејќи е многу скап, тоа значи дека партиите мораат да бидат корумпирани, а општеството е тотално партизирано и се разбира дека потоа политичкиот дијалог се сведува на ниво на пропагандистички.“

Германскиот политички аналитичар и историчар за Балканот Хералд Шенкер смета дека политичката култура е само огледало од општетвото од кое доаѓа. Тој вели дека во Македонија се прави еден вид напад на „Паланката против центарот“, односно дека во земјава има недостаток на индивидуалност.

„Македонското општетво не е на ниво каде поединецот е во центарот. Премногу групи, фамилијата или клан... Групниот идентитет е во центарот, наместо иднивидуалните прави и одговорности.“

Се додека групниот идентитет и интересот на определени групи е во центарот на општетвото, напорите за промените во општетвото ќе наидат на отпор, објаснува Шенкер.