Недолго пред свадбата од бајките на британскиот принц Вилијам, неговиот вујко, принцот Ендрју, се соочува со притисок да отстапи од функцијата пратеник за трговија.
Британското кралско семејство би требало да го одржува имиџот на Кралството, но во последниве неколку дена, принцот Ендрју, војводата од Јорк, создаде бура од лош публицитет околу себе.
Неговото пријателство со американски милијардер осуден за педофилија, како и неговите врски со најдиктаторските режими во светот ја ставаат под знак прашалник неговата улога како пратеник за трговија.
Весникот „Дејли Мејл“ јави дека педесетгодишниот принц, трет во редот за престолот, развил „блиско пријателство“ со претседателот на Азербејџан Илхам Алијев за време на седум посети во само пет години. Во извештаите се наведува дека посетите биле приватни, со што се создаваат шпекулации дека принцот имал лични бизнис интереси во Азербејџан.
Во допис до Радио Слободна Европа, кралската палата ги демантира овие информации, наведувајки дека од принцот Ендрју, кој е специјален претставник за меѓународна трговија и инвестиции, британската Влада побарала „развивање на односите со економиите со кои Обединетото Кралство сака да води бизнис, вклучувајки го и Азербејџан“.
Контроверзи се создаваа и околу наводните бизнис врски на принцот Ендрју со синот на либискиот лидер Моамар Гадафи – Саиф. Том Портеус, директор на канцеларијата на меѓународната „Хјуман Рајтс Воч“ во Лондон, во изјава за Радио Слободна Европа вели дека не е фер што фокусот е ставен само на принцот Ендру
„Вистинската одговорност секако е кај Владата на Обединетото Кралство, бидејќи принцот Ендрју само си ја врши работата , бидејќи има налог да се шета по светот и да договара бизниси за Британија. Ако тој се здружувал со лидери на земји добро познати по корупцијата и злоупотребата на човековите права, тогаш британската влада би знаела за тоа и одамна требала да преземе нешто“, вели Портеус.
Врските на принцот со Казахстан, исто така беа во центарот на вниманието, посебно по 2007 година, кога Ендрју го продаде својот имот во земјата на зетот на казахстанскиот претседател Тимур Кулибаев.
Том Мејн од антикорупциската организација „Глобал Витнес“ во Лондон вели дека оваа приватна бизнис зделка го ставила принцот во многу незгодна позиција
„Казахстан има пропатено многу од корупцијата. Самиот претседател на земјата беше инволвиран во корупциски скандал во 1990 година, додека Тимур Кулибаев наводно е под истрага во Швајцарија под сомненија за перење пари. Ова се големи прашања во врска со господинот Кулибаев и неговата контрола врз бизнис секторот во Казахстан“, вели Мејн.
За сега, од канцеларијата на принцот Ендрју соопштуваат дека тој и понатаму е целосно посветен на улогата пратеник за трговија и е задоволен од владината подршка.

Принцот Ендру само си ја врши работата , бидејки има налог да се шета по светот и да договара бизниси за Британија.