Министерката за образование и наука Весна Јаневска на 9 август изјави дека оваа година учебници по сите предмети ќе има вклучувајќи ги Историја за петто, шесто и седмо одделение и Географија за седмо одделение, што повеќе години недостасуваа, но дека нема да има учебници за странски јазици.
Учебниците за странски јазици: англиски, германски, француски и италијански не биде одобрени заради нивниот неквалитет од страна на Бирото за развој на образованието. Јаневска рече дека следната година 2025/26 ќе има учебници за сите ученици.
„Најголем број од учебниците за јазик и култура на заедниците, Бирото не ги одобрил заради неквалитет на понудените учебници. На пример, во понудените учебници се повторува материјал што децата го учат во својот сопствен мајчин јазик, на пример дефиниција за именка, заменка, предлог, она што го учат во мајчиниот јазик. Кога се изучуваат јазиците на заедниците, треба да се фокусираме на комуникативниот јазик“, рече Јаневска.
Видете и ова: Новата учебна година со старите проблеми со учебницитеВеќе неколку години по ред учениците во основните школи немаат учебници за одредени предмети. Поранешните министри ветуваа решавање на проблемот, но учебници за сите предмети и натаму нема.
Минатата година беа повлечени и спорни учебници од употреба, поради грешки во нив. Основците цело прво полугодие од минатата година ги немаа сите печатени книги пред себе, а шестоодделенците заминаа на зимски распуст без да ги добијат учебниците по Историја и Општество, за кои беше неизвесно дали ќе ги добијат до крајот на учебната година, бидејќи за нив немаа рецензенти.
Во второто полугодие од минатата година преку платформата nastava.mk, учениците имаа пристап до дигитални учебници.
Јанвеска денеска рече дека се надева дека Бирото за развој на образование за следната година веќе ќе одобри квалитетни учебници.
Видете и ова: Немаат клупи, а не пак дигитални табли и учебнициТаа посочи дека на веб-страницата на Бирото за развој на образование ќе бидат објавени одобрените учебници за јазик и култура на заедниците и неколку материјали за учење кои учениците ќе можат во овој можат во овој период да го изготват.
Министерката рече дека седум години наназад учениците немаа учебници ниту по странски јазици, ниту учебниците за јазик и култура на заедниците.
„За квалиетен учебник треба време“, вели Јанева додавајќи дека следната 2025/26 година „секој ученик ќе има свој учебник.
Таа исто така рече дека за првпат печатат учебници за средно стручно образование за прва година и одобрените учебници за втора година средно стручно образование.