Личните документи кои се за внатрешна употреба, како на пример личните карти, ќе важат, изјави премиерот Димитар Ковачевски на 12 јануари.
Кога станува збор за пасошите, рече тој, не се вадат заради институциите туку за граѓаните да може да патуваат. Но, и за нив, најави повторно, ќе се разгледа опцијата да се пролонгира рокот за замена со новото уставно име.
Рокот од пет години за замена на личните документи на граѓаните со новото уставно име на државата истекува на 12 февруари согласно Преспанскиот договор со Грција што стапи на сила во 2019 година.
„Јас знам дека сите сакаат повеќе да критикуваат, меѓутоа треба да се каже и фала на оние вработени кои работат деноноќно, и на сликање на граѓаните, и на изработка на документите, и на издавање на документите, така што 1,2 милиони пасоши не е мала бројка. Верувам дека ќе се продолжи со такво темпо, а ние ќе ги испитаме сите можности со цел доколку биде потребно да се направи пролонгирање во делот на пасошите, бидејќи тие им служат за граѓаните да можат да патуваат надвор од земјата, рече Ковачевски“, рече Ковачевски.
Видете и ова: Можно ли е продолжување на рокот за промена на личните документи?Вчера, 11 јануари, опозициската ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Извршниот комитет на партијата донел одлука за поднесување на иницијатива до Уставниот суд која е поврзана со законите поврзани со промената на личните документи.
„Оваа состојба е голем срам за државата, за Спасовски и за Ковачевски кои се директно виновни за фактот што под примитивни услови и на ваков недостоинствен начин се обезбедуваат личните документи, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.
Премиерот Ковачевски, пак, посочи дека секоја иницијатива може да биде разгледана и без да даде дополнителни коментари за одлуката на ВМРО-ДПМНЕ рече дека Уставниот суд ќе си го каже своето мислење.
Видете и ова: Хаос за лични документи само во Скопје, налепници со „НМК“ уште немаИзминатиот период во Скопје можеше да се забележи големи метежи од граѓани кои со часови чекаат да се сликаат за нови лични документи, а истата слика деновиве може да се забележи и на пунктот на МВР за подигање на документите во зграда на МТВ.
За да се избегнат ваквите сцени, претседателот Стево Пендаровски на 9 јануари јавно изнесе предлог за пролонгирање на рокот при гостувањето на ТВ Сител. Тој предложи наместо февруари, рокот за замена да биде септември-октомври, а за истото претходно да се извести и побара согласност и од Грција.