Се уште не е дефинирано кој ќе ја предводи делегацијата на Русија на состанокот на ОБСЕ, изјави денеска Министерот за надворешни работи, Бујар Османи кој потврди дека не се знае дали во земјава ќе пристигне шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. Ова прашање се отвори со оглед на затворениот воздушен простор на земјава и во соседните земји за високите претставници на руското МНР.
„Се процесираат апликациите и во наредните денови, очекувам некаде до среда-четврток, да имаме конечна одлука, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи на прашањето дали на претстојниот Министерски совет на ОБСЕ во Скопје ќе учествува и шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.
Видете и ова: Северна Македонија, но и Бугарија или Грција ќе треба да го отворат небото ако Лавров доаѓа во СкопјеНа 30 Министерски совет на ОБСЕ, кој ќе се одржува од 29 ноември до 1 декември во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, ќе учествуваат 76 делегации од земји членки и партнери на ОБСЕ и се очекуваат 1000 гости во делегациите.
Османи изјави дека е задоволен од динамиката на организирањето на состанокот, подготовките се при крај и дека остануваат да се завршат одредени детали во наредните денови.
„Секој ден има нови делегации што го потврдуваат присуството и задоволен сум од тоа што го имаме досега. Очекувам најголем број од министрите на ОБСЕ да бидат присутни во Скопје бидејќи и така ќе биде историски министерски совет“, додаде шефот на македонската дипломатија и претседавач на ОБСЕ.
На десет дена до министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, останува непотврден списокот на високи гости што ќе дојдат во главниот град на Северна Македонија (земја претседавач со Организацијата во 2023) и дали меѓу нив ќе бидат и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Видете и ова: Во Скопје ќе се одлучува идниот претседавач на ОБСЕПознато е дека изразил желба да присуствува на настанот, а според Османи затворениот воздушен простор за руски државни авиони што е резултат на санкциите што ЕУ и земјите од регионот (со исклучок на Србија) ги воведоа кон Русија поради воената агресија врз Украина, не е проблем за евентуалното доаѓањез.
Во меѓувреме неодговорено е и прашањето што ќе се случува со организацијата во иднина односно кој ќе биде претседавач со ОБСЕ во 2024.
А, дали Северна Македонија би прифатила таква улога уште една година, Владата во Скопје би одлучувала кога некои од останатите членки на Организацијата би покренале таква иницијатива. Инаку предлогот за уште една година претседавање со ОБСЕ прв го кажа шефот на дипломатијата Бујар Османи.