Во Македонија во просек секоја година 150 жени заболуваат од рак на грло на матката, а 20 жени ја губат битката со оваа болест, информираат од Министерството за здравство.
Во светски рамки, пак, ракот на грлото на матката е четврт најчест канцер кај жените, со над 600 илјади нови случаи секоја година.
Специјалната претставничка на СЗО за Северна Македонија и шефица на Канцеларијата на СЗО во Скопје, д-р Ане Јохансен, вели дека примарната причина за карцином на грлото на матката е хуманиот папилома вирус (ХПВ).
Видете и ова: Болните од рак молат за лек - институциите ревидираат протоколиКако што потенцира, помеѓу факторите на ризик се вбројуваат и возраста од првата бременост, три или повеќе полнорочни бремености, пушење цигари, ослабен имунолошки систем, ХИВ инфекција или присуство на други сексуално преносливи инфекции.
Карцином на грло на матка најчесто се развива кај жените од 20 до 45 години.
Во рамки на месецот за подигање на свеста за карциномот на грлото на матката, главните пораки кои ги упатува претставничката на СЗО се задолжително информирање и едукација на жените за карциномот на грлото на матката, скрининг преглед и вакцинирање со две дози до ХПВ вакцината.