"Ако не си ја отвориш вратата сам, никој нема да ти рече: Повели!“
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Дваесетитригодишниот Озбек Ајваз кој е на магистерски студии на Факултетот за ликовна уметност, ги искористил карантинските денови во пандемијата за да го искаже својот револт низ уметност. Го направил делото „Осум“ со мотив „Тешкото“ оро, од старо железо. Уметникот кој вели дека секогаш ја има природата на ум, имаше што да им порача и на младите и на институциите.