Студенти, споделувајте проблеми и предлагајте решенија

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Бруцошите кои ги сретнавме во кампусот на УКИМ за време на првиот ден од новата академска година велат дека немаат инфо за тоа што е Универзитетско студентско собрание (УСС), како може да ги заштити нивните студентски права и какви проблеми може да им реши. За новоизбраниот претседател на УСС на УКИМ, Славчо Темелковски, топ приоритет е на студентите да им го доближи УСС за тие да стекнат доверба.