Господине Петковски годишниот извештај за несреќи покажува дека во минатата година се случиле 152 несреќи при работа од кои 25 биле фатални. За какви несреќи најчесто станува збор?
Ние сме евидентирале 25 смртни случаи на работното место со тоа што ако ги споредиме овие податоци тие драстично се разликуваат од оние кои официјалните државните институции ги имаат. Тоа само по себе е индикатор дека всушност ние немаме унифицирани податоци кои ни ја отсликуваат ситуацијата на пазарот на трудот, поточно во делот на безбедноста и здравјето при работа. Овие 25 смртни случаи се најчесто во делот на градежништвото, преработувачката индустрија, земјоделството. Поточно во неформалниот сектор каде што имаме случаи на поединци, самовработени семејства кои работата исклучиво во земјоделството. Во изниматите 10 години ова се индустриите и местата каде највеќе ни гинат работниците.
Зошто конкретно во овие сектори. Ги почитуваат ли работодавците мерките за заштита на работниците или самите сектори ја носат опасноста од несреќи?
Би сакал да појаснам дека ова се најчесто индустрии кои се во рурални средини каде што најчесто она што би требало да значи следење од страна државата, односно инспекцијата и контролите каде што треба да се зачестени, тука се наоѓаме во ситуација кога луѓето се оставени сами на себе. Тие премногу се дисперзирани на работни места кои не се формални. Не е тоа фабрика па кога може да ги најдете на едно работно место, туку е поле кое е отворено. Така што механизмот кој би требало да претставува превенција, поточно подигнување на свеста, инспекцискиот надзор и организација на самата работа останува на нивната свест, образование и едукација. Ова го зборувам за земјоделието кое е убиец број еден во Македонија. Она што е типично за градежништвото е дека најчесто се случуваат несреќите на работа во ситуации каде што самиот работодавач е притиснат од инвеститорот во неразумен рок да завршува градби, односно на некои работи кои се обврзал не може да ги испорача. Самите знаете дека тоа е врзан процес со доставување на градежни материјали со организација на работна сила, а со миграцијата во западноевропските земји, оние работници кои остануваат веројатно се помалку квалификувани и постари. Така што доаѓаме до една констатација дека пикот на несреќите се случува кога се земјоделските и градежни активности, а опаѓа во зимските месеци кога работата во овие индустрии се намалува.
Видете и ова: Работничките протести скромни, барањата гласниСе истражуваат ли околностите под кои се случуваат овие несреќи, бидејќи имаме случаи кога некои семејства покренуваат тужби по несреќите при работа?
Да бидиме искрени ние како граѓани плаќаме за тоа, преку даноците, но државата дефинитивно потрфла бидејќи нема знаеење и интерес и кој тоа да го направи во име на државата. Тоа е она што постојано го алудираме и нели на почетокот кога зборував за унифицирани податоци. Ние не учиме од ситуациите. Не ги учиме лекциите. Ова е нешто што постојано го зборувам, но некако е соба на глуви. Доаѓаме во ситуација дека сите се свесни дека податоците кои ги имаме и официјално ги комуницираме се многу подобри дури и од некои нордиски земји. Ние комуницираме дека на годишно ниво според официјални податоци имаме нула смртни случаи. Сега доаѓаме во ситуација кога со нашите 25 смртни случаи кои ги бележиме преку следењето на социјални медиуми и комуникација со социјални партнери со многу поблиски со оние кои ги има Државниот инспекторат за труд кои се 19. Од друга страна ако ја видите целата онаа слика која ние ја претставуваме од осамостојувањето на Македонија во континуитет ние потфрламе во рапортирање кон СЗО во однос на бројките. Ние затоа како граѓанска организација започнавме да водиме засебен извештај за да ја подигнеме свесноста генерално кај државата за овој апсурд. Од друга страна оние кои ги донесуваат одлуките, кои ги плаќаме да немаат никаков сенс, да немаат одговорност, па самото министерство треба да се црвенее и да престане да глуми дека ја носи во позитивна насока целата работа кога огромен број на луѓе умираат на работните места. Во овие 25 во извештајот ние не ги набројавме триесетина здравствени работници кои починаа како последица на ковид-19. Ако ги додадеме и тие ние имаме ситуација која не враќа во минатиот век во 1984 година кога имавме 55 смртни случаи. Ние во Македонија треба да бидеме свесни дека четриесетина луѓе во просек во изминатиот период ни умираат на работните места. Тоа е исто како еден неделно да ни гиние на работното место. Не сме толку богати, ниту со луѓе, ниту со ресурси да може да дозволиме да сме толку глупави.
Минатата година како и оваа целиот свет се бори со пандемијата на коронавирусот. Дали на работниците им е обезбедена соодветна заштита со цел спречување на ширење на вирусот на работното место?
Видете и ова: Долга работна недела, ниска продуктивност и мали платиНие од почетокот велевме послушајте го Законот за безбедност и здравје при работа и ажурирајте ја проценката на ризик. Ни зборуваа, па не знаеме како. Изработивме методологија на проценка на ризик Ни велеа не треба. Изработивме посебен ковид калукулатор, нешто што го нема и ќе можеме директно да се пофалиме дека сме го направиле со помош на колегите од Британија. Никој не реагира по однос на тоа. Го понудивме тој ковид калкултаор да биде основа за правење на приторитетни листи за кој да се вакцинира во земјава за да не се прават вакви мешаници, каде што преку ковид калкулаторот ќе можеше да се направи јасна динстикција кои се приоритетните групи и луѓе кои треба да се вакцинираат. Самиот ковид калкулатор е на некој начин иновативно решение кое ги зима претходните коморбитети на вработениот. Кога сето тоа го нудевме и на министерството и на Владата едноставно не добивме повратна инфрмација. Ние побаравме за секој вработен кој ќе се зарази на работното место да биде признато дека е повреден на работното место затоа што самиот Закон за пензиско и инвалидско осигурување му го овозможува, бидејќи членот 39 став 3 вели и во случај на виша сила. Ако пандемијата не е виша сила тогаш не знам што е. Значи треба да се пријави како повреда на работа заради тоа што работникот ќе може да си оствари 100 посто надоместок на работа, ако е на боледување ќе земе 70 отсто. Не го правевме сединствено амо заради надоместокот, туку за поголема потреба на македонскиот работник. Тоа е ако пресметаме дека тогаш се заразил и настанала несреќата на работа, ние после одредено време ќе можеме ако се развие друго заболување кое таргетира други органи на пример ако некој работи како инсталатер на радио опрема и потребни му се белите дробови, а самиот ковид директно ги напаѓа белите дробови тогаш возможно е да му го намали капацитетот. Тој човек повеќе не може да работи на тоа работно место. На тој човек треба и тоа го предвидува заштитата при работа, да му се процени неговата преостаната работна способност и да се следи всушност дали понатаму ќе има комликации.
И сидникатите постојано апелираат ковид 19 да се смета за професионално заболување. Значи се согласувате со нив?
Тие се согласуваат со нас, бидејќи направивме година дена од нашето барање. Синдикатите ја разбираат потребата. Сфаќаат зошто го правиме тоа ги викавме на работилници и разговаравме. Самите ја покренувавме оваа иницијатива на крајот и синдикатите да ја поддржат. Ние кога зборувавме за ова го немавме предвид социјалниот дел, не го имавме делот на компензации и бенефити што претставува дел од трудовото право. Целта пред се беше заштитата при работа и сакавме да ставиме контрола на самото ширење на инфекцијата на работното место. Како го препорачуваме тоа, преку имплементација на заштитната пирамида. Тоа значи елиминирај, имплементирај организациони мерки и на крај победи она што кај нас е свето тројство, а тоа е давај маски, држи дистанца и дезифинцирај. Тоа е последната мерка, но кога сме во ситуација кога премногу зависиме од политичарите кои премногу не ја познаваат проблематиката доаѓаме и после година дена кога испративме до министерството дека ковид 19 да биде признаено како професионално заболување да и ден денеска не ни одговорат. Заради тоа минатиот месец поднесовме иницијатива до Уставниот суд за истото ова буквално да биде признаено за сите вработени како несреќа на работно место.