27 годишниот Сергеј Дудников во еден бар во Москва вели дека е убеден оти ќе заболи од лесна форма на ковид-19, ако веќе не ја имал.
„Бидејќи посетувам барови, тогаш самиот сум си виновен“, вели тој.
Низ целиот свет, се чини дека растечкиот „пандемски замор“ го влошува ширењето на коронавирусот од кој заболеа над 40 милиони луѓе.
Многу влади ги вратија ограничувањата што ги укинаа пред неколку месеци, а некои тврдат дека штетата врз националните економии може да ги надмине ризиците од поеластичниот пристап.
Видете и ова: Рекордна бројка на заболени од коронавирус во РусијаНо, додека многу европски земји повторно воведоа строги мерки, (полициски час во Париз и ограничени собирите во Британија), во Русија се се одвива нормално.
На национално ниво, властите забележаа повеќе од 16.000 нови случаи на 20 октомври, што е највисок број за еден ден од почетокот на пандемијата.
Уште еднаш, Москва е епицентар, со третина од пријавените случаи. Но, баровите и рестораните се преполни, како и многу театри и кина.
И експертите посочуваат на широко распространета недоверба во официјалното раководство.
„Русите имаат мала доверба во владата, а тоа ја намалува и нивната доверба во медицината“, вели социологот Ела Панејак за РСЕ.
Испитувањата за вакцина против ковид-19 продолжуваат
Анкетите покажуваат дека Русите се свесни за ризиците поврзани со вирусот, но Панејак вели дека многумина со помала веројатност ќе се потпрат врз советите од здравствените работници доколку се сомневаат дека овие препораки имаат скриен мотив.
И ако се разболат, многумина се скептични дека би добиле соодветна грижа.
„Овој недостаток на доверба во владата произведува ниво на невнимание. Тоа е криза на доверба“, вели таа.
На 25 март, кога претседателот Владимир Путин објави деветдневен платен одмор, стотици московјани летнаа на југ кон Сочи и другите туристички градови на руското црноморско крајбрежје за да го искористат изненадувачкиот одмор, и покрај ризиците од инфекција.
Во пошумените периферии на Москва, луѓето се собираа на скара и да уживаат во првиот топол викенд по неколку месеци.
Рускиот патријарх Кирил во карантин поради контакт со корона позитивен
Но, веднаш потоа градот воведе блокада построга од оние што веќе беа на други места.
Жителите можеа да го напуштат домот само за итна медицинска помош, да фрлаат ѓубре, да купат храна во најблиската аптека или да ги шетаат своите миленици на 100 метри од дома.
Против прекршителите на карантинот беа наметнати високи казни и воведена кривична одговорност за ширење „лажни вести“ за пандемијата.
Скептицизмот во официјалните податоци за инфекции и смрт веќе беше голем.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Сега, среде она што многумина го нарекуваат втор бран, Русија повторно го отвора воздушниот сообраќај со сè поголем број земји и ги отфрла гласините за нови ограничувања.
Во Москва, градоначалникот Сергеј Собјанин ја нарече „невозможна“ можноста за полициски час или за сериозни ограничувања на движењето.
Русија и Иран и нивните ограничувања за економско заздравување
„Планираните две вакцини за коронавирус што Русија веќе ги одобри за рана употреба ќе сигнализираат „решителна победа над пандемијата“, напиша Собјанин на својата веб-страница на 19 октомври, предвидувајќи дека на московјаните вакцините ќе им бидат понудени во декември или јануари.
Дотогаш, вели тој, потребен е „среден пат“ за да се одржи економијата, додека се прават напори за забавување на ширењето на коронавирусот.
Но, вакцините допрва треба да ги завршат последните фази на тестирање и постои сомневање во тоа дали властите ќе ја исполнат наведената цел за нивно пуштање во пошироката јавност.
Видете и ова: Градоначалникот на Москва апелира што повеќе вработени да работат од домаВо меѓувреме, здравствените власти предупредија дека 90 проценти од болничките кревети наменети за пациенти со коронавирус се зафатени. „Болниците работат под голем притисок. Можеби е сега уште посериозно“, вели Алексеј Ерлих, раководител на единицата за интензивна нега во московската болница.
Можеби сето ова има и политички причини.
Во мај, еден месец од блокирањето на Москва, независниот Левада Центар објави истражување кое покажува дека рејтингот на Путин се спушти на најниско ниво во последните 20 години.
Владата наскоро ги укина ограничувањата, дури и кога бројот на случаите продолжи да расте, пред гласањето за уставните измени со кои Путин си даде можност да добие уште 12 години како претседател по завршувањето на неговиот сегашен мандат во 2024 година.
Абас Галијамов, политички аналитичар од Москва, вели дека властите очајно избегнуваат воведување нова блокада за да не го влошат расположението кај јавноста.
Местење бројки? Помалку тестови, помалку случаи на ковид-19
Но, тие се наоѓаат пред двоен проблем: се плашат да ги разбеснат гласачите пред парламентарните избори следната година, а треба да спречат инфекцијата да излезе од контрола.
„Тие се плашат дека економијата ќе замре“, изјави Галијамов за РСЕ, додавајќи: „Ако ја затворат земјата, ќе бидат принудени да им помагаат на деловните субјекти и на нормалните граѓани, а немаат пари за тоа. Тоа гарантирано ќе го влоши рејтингот на владата“.
Сега се појавија некои нови ограничувања. Властите побараа од старите лица да останат дома и им наредија на компаниите да направат 30% од нивните вработени да работат од дома. Училишните одмори се продолжени, а учениците учат преку интернет.
Но, веселбите продолжуваат, и како што станува сè постудено надвор, луѓето се почесто ги одржуваат во затворен простор.
29 годишниот жител на Москва Игор Шипулин, нарачувајќи уште едно пиво вели:
„Луѓето треба да живеат како што ќе изберат. Ако дозволите негативност во вашиот живот, тогаш ќе ви биде и животот потежок“.