Во Прага судири на протестот против ковид мерките
Стотици демонстранти се судрија со полицијата во Прага во неделата на демонстрациите против повторното воведување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот. Полицијата употреби водени топови врз насилните демонстранти меѓу кои и околу 500 фудбалски навивачи познати како „ултраси“. Чешка, која има најголема стапка на инфекција со коронавирус во Европа. Растот на случаите, со скоро 100.000 од почетокот на октомври во земја со 10,7 милиони жители и 1.352 смртни случаи од КОВИД-19, ги принудува властите да прават планови за теренски болници и странска помош.