Забележувате ли дека Скопје е небезбеден град во кој владее сообраќаен хаос, каде има масовно прекршување на сообраќајните правила и од пешаци и од автомобили, автобуси, велосипеди, моторцикли. Како гледате на тоа?
Тоа е една од причините заради кои Градот Скопје и јас како негов градоначалник изготви и достави до Владата, и во минатиот и во овој состав, за среќа конечно постои политичка волја и е формирана Градот да добие сопствена општинска или комунална полиција. Во функционирањето на институцијата Град Скопје, за жал, ние немаме ингеренција да го контролираме сообраќајот, бидејќи тоа е работа на полицијата, на сообраќајната полиција. И едноставно незадоволството е насочена кон Градот и кон градоначалникот, за нешто за кое ние во моментот немаме никаква законска моќ да го регулираме сообраќајот, тоа е едно, тука е и недозволеното паркирање и прекршувањето на другите сообраќајни прописи. Среќа е што во последен период имаме зголемено присуство на сообраќајната полиција, повидливо е санкционирање на прекршителите и несовесните корисници на сообраќајот. Меѓутоа моето лично мислење е дека тоа дефинитивно мора да биде ингеренција на Град Скопје за комуналната полиција на Град Скопје биде таа која што го организира сообраќајното поведение и ќе го санкционира сообраќајното поведение на учесниците во сообраќајот.
Проектот „Скопје 2014“ го нарековте лудост, но плоштадот и натаму е градилиште, го отстранивте само споменикот на Ќосето и рингишпилот. Вие велевте дека ќе ги отстраните и галиите на Вардар, што Ве спречува да го направите тоа?
Прво, Градот Скопје е единствена институција која отстрани нешто од Скопје 2014. Второ две од трите галии во правни постапки ги доведовме до таму да може да бидат отстранети без да има буџетски последици по буџетот на Град Скопје. Можевме еднострано да ги раскинеме договорите кога дојдов за градоначалник и тоа да не кошташе по два милиони евра по брод, значи шест милиони евра само за да ги раскинете договорите. Јас го одбрав малку потешкиот начин, имајќи предвид дека мојата примарна професија е адвокатската и на правни празнини за две од трите галии веќе е во тек постапката на извршување, што значи издадени се налози за извршување, односно за отстранување. Тоа се галијата кај Мепсо и галијата кај Холидеј ин. Издадени се налозите, меѓутоа сега должниците, така се викаат, односно сопствените на галиите имаат право согласно законот за извршување да дадат приговори до претседателот на Судот, жалби до Апелација. Тоа е сега тој процес, од она што сега јас го знам, во прв степен се одбиени од страна на претседателот на Основен суд Скопје 2. Луѓето си го користат правото на жалба, моите очекувања се, бидејќи немаме прекршувања на постапката, дека и тие ќе бидат одбиени и веќе ќе влеземе де факто во физичко отстранување на галиите. Јас ги охрабрувам сите централни институции, меѓутоа и Општина Центар похрабро да влезат во овој процес на санирање на лудоста од Скопје 2014 со цел да вратиме колку-толку еден нормален лик на нашиот град, да не личи на циркус, како што личи.
Видете и ова: Скопје ја живее агресивната урбанистичка политика
Дел од вашите ветувања беше и гасификација на Скопје, односно дека ќе ги опфатите и деловите кои не се поврзани на централното греење. До каде е гасификацијата на главниот град?
Интензивно се затвора гасоводниот прстен, значи Скопје е веројатно еден од ретките градови што има затворена секундарна гасоводна линија и таа сега може да ја видите како бајпасира гасот кај Систина, кај Александар Палас во коритото на реката Вардар. Значи сите подготовки се прават. Ние како дел од енергетските политики, кои ги воспоставивме, и на чија имплементација се уште малку чекаме е и формирањето на Градски енергетски системи, јавно претпријатие кое претендира во својата активност да има затоплување на домовите, односно преземањето на топлификација, меѓутоа и гасификација. Во делот на топлификацијата ние сме во постапка кај Регулаторната комисија за добивање на лиценца. Во делот на гасификацијата ја чекаме стратешката одлука на државата дали гасификацијата ќе биде јавна комунална дејност или ќе биде дадена цела држава на концесија на јавно-приватно партнерство. Во овој момент Скопје е, условно кажано, жртва на остатокот од државата, затоа што ако се одлучиме да биде јавно приватно партнерство целата држава, тогаш веројатно Скопје е најатрактивниот дел и е делот кој може да привлече потенцијален приватен партнер, ако го нема Скопје веројатно многу тешко гасификацијата на останатиот дел, ако одиме со приватно партнерство, ако биде како јавна комунална дејност, тогаш ќе оди како секоја единица на локална самоуправа ќе има моќ. Можеби е малку неправично во моментов кон Скопје, меѓутоа од друга страна не сметам дека Скопје има право да го ускрати правото на остатокот на државата на така наречената терцијарна гасификација.
Пред неполни три години велевте дека Скопје е најзагадена европска престолнина и дека проблемот со загадувањето ќе го решавате од првиот ден, но и натаму има надминување на дозволениот број на загадени денови. Колку е потребно за да се реши проблемот со аерозагадувањето?
Видете и ова: Македонија би станала регионален енергетски центар и коридорТоа е една перманентна борба која се води на повеќе фронтови и на која не можете да и дадете индивидуално значење. Тоа е дефинитивно борба која ја водам од првиот ден и се уште не престанува. Тоа се сет на мерки во најразличните области од урбаното живеење што мора да ги преземете со цел да го намалите бројот на загадени денови во текот на годината. Со идеја дека среднорочно можете да ја доведете ситуацијата да немате такви денови. Она што мене ме храбри е дека заради некои работи што ги преземавме, а кои се од постратешки карактер и кои бараат малку повеќе време за имплементација, меѓутоа и 27 мерки кои се од интервентен карактер, а не постоеја во претходната градска администрација, не доведе во ситуација компаративно во минатата и во предминатата сезона да имаме намален број на загадени денови над дозволеното. При тоа, сакам да напоменам, дека на наше барање, а во соработка и со граѓанските асоцијации ние бевме иницијатори на смалување на лимитот на што е тоа што се смета за загаден ден. Значи ако го вратиме на старото, во изминатите две години не сме имале така интензивни загадени денови како што биле пред 2017 година. Тоа значи дека курсот што го има заземено Градот Скопје, политиките кои што ги води, а кои не се само градски и, за жал, во моментов не можат да бидат само градски, заради ингеренциите за кои зборувам, даваат резултат. Она што не сакам да се случува, и никогаш не сум кажал, ниту во време на кампањата, дека тоа е проблем кој може да го решите на копче. Тоа е дефинитивно најпогрешниот пристап кога е загадувањето во прашање.
Целото интервју со градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, можете да го погледнете во видео снимката на почетокот на овој текст.